Значи, немам појма оти мене повеќе ми се допаѓала FIFA отколу PES? Оти ти имаш различно мислење? Јас мислам дека FIFA отсекогаш била подобра. Подобар гејмплеј, графика, флуидност на играта, па и помалите работи како реалните лица на играчите, добри коментатори и сл.
Епа баш гејмплејот и флуидноста на играта беа клучните работи што PES 6 ги имаше, а FIFA не. Заеби графика, лиценци и коментатори кога фифата не беше вредна за играње.
Не мислев само на Америка, туку сите понапредни западни држави. Ако мислиш дека на никој не му е гајле за пиратеријата, нека ти текни за Megaupload, за затворањето на ВТJunkie годинава или за рациите на Piratebay серверите во Шведска пред неколку дена.
Овој муабет не е за оваа тема, али само ќе ти кажам дека основачот на MegaUpload и тие на Piratebay ги затворија заради сосема други причини.
Немаш слушнато за AlterIW и за Tekno Gods? На Alter IW ја играв Black Ops со месеци, ама MW3 само неколку дена оти сајтот беше затворен. И тоа е пример дека властите во Америка се трудат да ја спречат пиратеријата.
Знаев дека ќе се вадиш со ова, али еве и за тоа ќе ти објаснам малце.
AlterIW и Tekno Gods се
модови направени од луѓе кои немаат
никаква врска со официјалните компании. Ти ќе можеш да ги играш тие игри се додека овие луѓе имаат желба да ти го овозможат тоа. Зошто? Затоа што они мораат да напишат неколку десетици илјади код на своја рака, само за да ти овозможат ти да играш онлајн на
нивни сервери (во никој случај на официјални). Но еве што е заебаниот дел. При секој официјален апдејт на игрите, они мораат да го прават истото (пак да пишуваат код и да го мењаат). А за тоа не добиваат НИШТО. Живеат од донации и ако еден ден им текне дека ова не е доволно вредно за правење - ќе го баталат и со тоа и ти ќе не можеш повеќе да играш.
Прочита што имаш тој другиот напишано? Дека ЕА згрешиле со новата заштита, дека не требаше да додаваат ништо ново и така ќе го доминирале пазарот.
Сакав да кажам дека глупо е да не додаваат нови заштити и ич да не им е гајле шо ние ја крадиме играта.
Не сфаќам што сакаш да кажеш со првата реченица али конкретно за втората:
Нормално дека не им е сеедно што им ја "крадеме" играта, ама па од друга страна постојат компании што воопшто не ни ставаат заштита на игрите, а пак им се купувани (CDProjekt - Witcher 2), и секако, тука се и Valve чии игри се најкупувани со доста мал процент на пиратерија не затоа што луѓето не можат да ја симнат од интернет, туку затоа што знаат дека секоја игра на Valve вреди за парите, особено што игрите на Valve се 2-3 пати поевтини од просекот. Башка што издаваат и free2play игри како Team Fortress 2 & Dota 2.
Едноставно, многу луѓе ги мразат ЕА како компанија (во конкуренција се со Activision за најомразена компанија) и нема шанси да дадат пари за нивна игра.
Добро бе луѓе, шо ви е вас?
Не се согласвам со вашето мислење и автоматски тропам глупости.
Повеќе ми се допаѓа FIFA, што е проблемот? Имам играно и PES и FIFA. Мене повеќе ми се допандала едната, тебе другата.
Шо сега, војни треба на водиме оти имаме различни вкусови?
Ова е општо прифатено од сите гејмери што не се фанбојс на некоја од тие 2 игри (ти не спаѓаш овде). PES 6 беше најдобра фудбалска игра, а потоа со секое понатамошно издание почна да пропаѓа, а FIFA 11 беше револуција во фифите и многу се доближи до квалитетот на PES 6, за веќе во 12ката да ја надмине (а сеа со 13ка само ќе ја зголеми разликата).