Јас преферирам ПЕС но секоја година ја пробувам и ФИФА. Ова година некако најмногу ми фати око, само што имам неколку проблеми т.е. нејасни работи кои се надевам дека некој ќе ми ги разјасни
Прво, како се мести тактита, стратегија, формација? Влегувам во тим менаџмент и освен (пр.) 4-2-2 др. ништо не може да се намести? Неможе на пример јас да одредам позиција на секој играч поединечно? (како на ПЕС) Не ми е јасно ова дали е секогаш така или само на демото, пошто на јутуб видов како покрај формацииите на типот му имаше една опција за подесување на ова што го зборам, а кај мене ја нема.
Второ, дали изборот за првиот тим и трансферите се апдејтуваат цело време, секој ден? Видов дека дури и на демово одма се апдејтуваа играчите, што пријатно ме изненади. Иначе играм на xbox и сум цело време поврзан на live.
Трето (за играчите на конзоли) дали се плаќа играње он-лјан како на Fifa Street? На стрит ми бара код каков што купувам за играње онлјан на иксбоксот, што претпоставувам го има на оригиналната игра, дали и на ФИФА 12 бараше вака? И дали знаете дали на фифа 13 ќе бара или ќе може слободно да се игра онлајн?