Филмот има пропусти....и мене на многу места ми е беше нелогичен, па и досаден....од приказната уште кога дознав за филмов не очекував многу затоа што еден подолг период не се снимаа вакви филмови заради сериозното исцрпување на приказните од овој тип - јас би го нарекол некаков „мистичен хорор СФ“....последниве 10-15 години оваа категорија скоро да не постоеше, а доминантни беа филмови со катаклизматични приказни, потпомогнати од CG графиката, кои за мене (не викам дека не се интересни), ама се на едно ниво пониско во однос на приказните, посебно заради тоа што премногу откриваат - скоро да нема мистерија, не ти оставаат ништо да фантазираш, туку се' ти е сервирано....
Погоре гледам го споредувате со Alien филмовите или тие на Џон Карпентер, што е добро, само што разликата е 20 и повеќе години и сега од како многу што во СФ жанрот е видено, мистиката се' потешко поминува, посебно заради тоа што веќе може да се напраи на компјутер се' и чудно ти е зошто тоа истото не го прикажале....тоа се случи овде - отидоа не знам колку пати во тоа пештерата, па и мене веќе ми пукна филмот - истово ова во филмовите од 80-тите се праеше од што не можеа многу да праат некои скаламуции со тоа чудовиштата, т.е истите ги гледавме по 2 и пол секунди и тоа беше доживљај што се прераскажуваше после по 5 години, а сега не е баш така....
Мене ми е кеиф што се вратија со еден филм од ваков тип и покрај пропусти во приказна и слично повеќе ги уживам него некакви трансформери, спајдермени, х-мени и други ископани срања од стрипови.....