Турски / Индиски / Шпански и останати „Ш“ серии - тема само за хејтери!

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување
Еее златни шпански серии ги бараме сега..
турските до душа не се до толку тупи мозок освен онаа Зет домазет е таа веќе :tapp:
А за индиските шта да причам, па во историјата на сите можни филмски остварувања не се видело толку срање колку што го има во една индиска..
особено ова малечкото невестуле е жива напаст,
тоа сцени, глума... од такт да те извај... остај тоа што на секој збор ја даваат таа хорор музика ти се чини се случува апокалипса а уствари невестичето го истурило оризот :facepalm:
:pos:
Него мене најмногу ме чуди од кај ги знаеш серииве и од кај знаеш што се дешава во нив? :D
 
И да не ги гледаш од домашните ке научиш што се случува зошто секогаш тонот е до крај,секогаш коментираат што како се случило за не дај боже ако пропуштиле некоја ситница.
Кутрото невестиче,колку тажен живот има...шмрц шмрц :place:
 
(y)
 
Еее златни шпански серии ги бараме сега..
турските до душа не се до толку тупи мозок освен онаа Зет домазет е таа веќе :tapp:
А за индиските шта да причам, па во историјата на сите можни филмски остварувања не се видело толку срање колку што го има во една индиска..
особено ова малечкото невестуле е жива напаст,
тоа сцени, глума... од такт да те извај... остај тоа што на секој збор ја даваат таа хорор музика ти се чини се случува апокалипса а уствари невестичето го истурило оризот :facepalm:
шо малечка невеста, до сега таа е постара од мене...
 
чек чек чек уште трае малата невеста? не заврши?
Знам дека епска стана серијата али не очекував до волку..
Ова како децата бегалци ќе биде.Сите пензионери а некои и починати ама битно вечно како деца ќе бидат заведени :D
 
ИГОР ЏАМБАЗОВ ЌЕ ИМ СЕ СПРОТИВСТАВИ НА ТУРСКИТЕ СЕРИИ

20120914-igor-dzambazov1.jpg

Игор Џамбазов со свое шоу на Македонската радио телевизија. Шоуто ќе се вика ЏИШ (Џамбазов Игор шоу), а актерот и водител на шала вели дека тоа значи дека „Леси се враќа дома“.

Во интервју за минатонеделниот број на Република, Џамбазов ги открива деталите за шоуто.

- ЏИШ не е класично шоу со гости. ЏИШ всушност, не е ни шоу со гости. ЏИШ е телевизиско шоу слично на „Седуммина млади“, најгледаното ТВ шоу. Има малку од „Седуммина млади“, малку од „Бени Хил“, малку од „Мистер Бин“...Однапред смислени точки кои се монтираат со метрика, динамика, не траат многу, не го заморуваат гледачот и ќе бидат духовити. Ќе има музички точки, скечови, римејк на познати филмски сцени. Познати личности од Македонија ќе глумат со мене. Најважниот, односно најсериозниот дел од ЏИШ е антологијата на македонската поезија, вели Џамбазов.

За Република тој открива дека во шоуто ќе се појавуваат ликовите Александар Антички, Кирил Македонски и Дејан Европски.

ЏИШ ќе се спротивстави на турските серии. Иако го советувале неговото шоу да не се емитува во терминот со турски и индиски серии, Џамбазов одлучил да го направи токму тоа.
 
Ќе се изгуби меѓу нив, т.е. ќе ја загуби трката. Демек, ќе се премисли бабата и наместо 201 епизода од Величенствениот, ќе го гледа Кирил Македонски? Не сум некој голем фан на Џамбазов, а и концептов му е некако чуден: Седморица млади+Бени Хил+ Мистер Бин? Па и поезија ќе имало. Да видиме.
Мислам дека Игор си го одживеа своето како телевизиска појава. Долг период, повеќе години, од тв серии како дете и помлад, до наградни игри подоцна постојано е присутен. Се пројави и преку пишување. Сега е тука затоа што, реално, бројот на телевизиски фаци кои навистина си ја вршат добро работата, е мал, па некој мора да направи нешто.
 
Здраво јас сум Господин Зејнел Шешељ Шукер и сакам да ви предложам серијата да ми ја гледате што ја снимавме ние братучедите во Шутка (Независна Република Македонија) и Турција (Ќустендил и Измир).

Јас и братучед ми играме брајќа близнаци за да ја освоиме љубовта на принцезата Џемиље али нажалост господин педер султан Господин Ѓулѓузел изиграва мајмун и му ја обеќава на еден принц од Индија.

А ние се сакаме, сваќаш.

Ако сакате јавете ми се да ви ја продадам ефтина е, а пошто овие ќе го зимале Бред Пит да му игра у серијата ние ќе ги заебеме и планираме да му се јавиме на Џони Деп (озбилно).

Не се заебавам, јавете се на 079 879 259 и купете ја серијата да не ви ја купи некоја друга телевизија па после да ви биде криво.

поззз
 
Овие индијциве и овие нашиве роми имаат слични карактеристики, нивните јазици во голем дел имаат странски зборови (во индискиот англиски зборови, во ромскиот македонски зборови).
Многу смешно звучат кога зборат индиски и ќе слушнеш некој збор англиски, паѓаш од смеење:D
 
Датум: 08.11.2012, 11:43
Ивановски: Време е за македонски серии
4BD00300AE087A4F9BAA18F746136196.jpg

Секоја чест на турските телевизии и продукции, но доста би беше 500 години под турско ропство, време е наместо турските ТВ серии на телевизиите да се стимулираат македонски серии, изјави министерот за информатичко општество, Иво Ивановски во Битола.
- Наскоро ќе започнеме со јавна дебата за новиот Закон за медиуми кој предвидува нови регулативи. Со нив на жал на понежниот пол, дел од тие емисии кои што се сега кога да уклучиш канал, било тоа да е Изет, Езерл, Илјада и една ноќ или Величенствниот, Кога лисјата паѓаат, Имотот на дамата или ред други ќе бидат намалени. Ќе се бара 30 проценти од емитувањето во клучните часови од 8 на утро до 20 часот на вечер да биде македонско производство. 40 проценти во 2014 година, дури 50 проценти во 2015 година. Со тоа ќе се стимулира македонската продукција - изјави Ивановски.
(Ж.З.)

Имало Господ...во случајов министер(y)(y)(y)
 
Иако не можеме да се пофалиме со квантитет на мак серии ова е за поздравување. Дали Латас ќе прави елаборати на ударните вести за оваа одлука... нормално ако се имплементира како треба?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom