Турски / Индиски / Шпански и останати „Ш“ серии - тема само за хејтери!

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување
Неам ништо против серииве, ама какво влијание остава на малите деца чудо едно. Братучетка ми е 8 години и веќе знае за секоја серија детално да раскаже што се случувало во минатите епизоди. Јас на тие години седнував на компјутер на пеинт нешто да рашкртам, а таа гледам си пушта епизоди за убаво да види што ќе се случува во нејзините серии, да не случајно не е во тек со другарките. Гледам и карактеристики од ликовите некој ретардирани зимаат, како одела некоја и они така да одат, како се расправала и таа да се расправа, уште малку како сере и таа да сере. Ама ајде да се надеваме дека фаза е, ќе помине... :confused:
 
Јас сум едина особа што не гледала ниту една турска или индиска серија откако почнаа да дават. Едноставно одбивни ми се, не гледам ништо интересно, ниту ликови, ниту приказна. Не знам зошто толкава популарност стекнаа. Самата синхронизација кога ќе ја чујам ме нервира, а пак несинхронизирани исто не се трпат. Перење на мозок, соживување со некакви ситрагични приказни, а пак да не спомнувам колку на депресија мават.
Шпански (латиноамерички) сум гледала и ми се во некако подобро сеќавање. Можеби по шаблон беа правени ама имаше нешто интересно во нив, штознам. Башка локациите, ранчеви, Мексико сити ми беа некако пријатни за гледање :). А и јазик научив бе, од а до ш :). Сега не би ги гледала, ептен се исцрпени.
 
Од сите турски серии, само Долина на волците ја гледав, и тоа додека се бореа со орг.криминал. Кога упаднаа у исламистички и анти-христијански и анти-еврејски пропаганди, ја баталив целосно.
А не ми беше јасно како го гледаа оној Суљејман Величанствени!? Па во негово време колку христијани се исклани или потурчени бре? И ние сега да го гледаме? Па тоа ти е исто како евреите да гледаат филмови за Хитлер.
 
Да се укинат сите
Ганди-Саваш серии.
Парите што ги даваат за овие СРАЊА, можат да се финансираат за македонска емисија со македонски глумци.Вистински македонски глумци се понижуаат себе си со сихронизирање.
 
Јас сум едина особа што не гледала ниту една турска или индиска серија откако почнаа да дават. Едноставно одбивни ми се, не гледам ништо интересно, ниту ликови, ниту приказна. Не знам зошто толкава популарност стекнаа. Самата синхронизација кога ќе ја чујам ме нервира, а пак несинхронизирани исто не се трпат. Перење на мозок, соживување со некакви ситрагични приказни, а пак да не спомнувам колку на депресија мават.
Шпански (латиноамерички) сум гледала и ми се во некако подобро сеќавање. Можеби по шаблон беа правени ама имаше нешто интересно во нив, штознам. Башка локациите, ранчеви, Мексико сити ми беа некако пријатни за гледање :). А и јазик научив бе, од а до ш :). Сега не би ги гледала, ептен се исцрпени.

верувај, не си единствена
 
Како завршуваат индиските серии?Живи били па видели.
 
Во една далечна земја, каде што манифестациите на слободно размислување се строго забранети, деновиве се случи еден умоболен настан, кој можеби е поттикнат од добронамерноста на власта и водењето сметка за духовната благосостојба (кога веќе нема никаква друга) на народот. Или само и пречи конкуренцијата.
Северна Кореја јавно погубила 80 луѓе поради гледање сапунски серии

Кај нас вакво решение би резултирало со геноцид од несогледливи размери
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom