Прва утакмица што син ми (6год.) целосно со мене ја изгледа. Па богами и имаше што да гледа. Како само се радуваше - душичка. Ќе биде ганерче од него, веќе тррет дрес мењаме. Сакам годинава заедно да ја прославиме првата титула после долго време, а после тато да го седне и да му објасни дека дресовите од Цеск и РвП не вредат 5пари, треба тој на Полди да го чува.
Ганери не пишуев деноиве јер неќев одма со мрчење да почне сезонава али денес:
ЧЕСТИТО ПОБЕДА!!!
И јас со син ми го изгледавме неговиот прв натпревар (иако има 2и пол месеци) ама цел натпревар не трепна. Плус на првиот гол почна да пушта да прета со рачињата од радост
. А и јас конечно да изгледам дирекно еден натпревар цел.
Инаку за играта денес
Маноне - мислам дека подобра замена од фабијански само да вежба за високи и нафрлени топки и да не паничи. Инаку добри рефлекси има и цврсто ми изгледа.
Џенкинсон - добар е момакот ќе го биде и не му замерајте за пасот затоа што и Казорла и Артета имаа по еден лош пас каде имаше полу контра на ливерпул само што овде по навика се вика само по некој што згрешил од почеток и како да нема право на шанса за повторно.
Вермален - ептен капитенси и не ми дозволи да претнат. Приметив во прво имаше на почетокот неколку излети напред и ливерпул имаа некаква контрола но во второ не се помери од последна линија во одбраната. И мислам дека за тоа назадолжен е новиот помошник Боулд, не само за него туку сите дефанзивно ги среди.
Мертезакер - Мислам дека само изгледа дека паничи мислам дека тоа му е тактика за да ги заебе противниците
колку да изгледа дека заебе сепак ќе заврши со негов триунф. И лани кога играше он со Кошиелни беа доста добри како тандем. Сепак со разноличноста во стилот на игра се надополнуваат и затоа мислам дека Пер секогаш игра добро со било кого иако изгледа многу несмасно.
Гибс - одлично дефанзивно само да научи центаршутеви да прача пониско.
Артета - Нема што да се кажува многу играч кој не се приметува на терен а сепак ако го нема лошо биде. Друго нема потреба да се кажува
Казорла - Сега ми е многу криво што не успеал Венгер да го донесе кога планирал да биде заменик на цеск. И повеќе му замерувам што не го направил овој трансфер порано отколку за некои други извикани имиња што не ги донесол. Да дојдеше лани многу подруга песна ќе беше, али тоа е друг моабет што би било кога би било, како и да е одлично зачувува топка не само што асистира. Неколку изнесувања ги имаше он и Артета и првпат видов да нема паника при изнесувањето кога има притисок врз нас.
Диаби - Нека е здрав и жив и нека не се опушта премногу со некои негови дриблинзи затоа што ќе го повредат.
Окс - Доста неприметлив но сепак имаше неколку добри изнесувања и доста помагаше дефанзивно иако не се снаоѓа нешто најдобро во таа улога но сепак и не му е таа главна улога.
Подолски - Добро е што постигна гол и се виде дека има осет за гол што тоа не се учи тоа е осет (дарба) која е вродена.
Журу - Верувам дека има многу да даде за тимот. Само имаше некои коментари од типот дека не излегол од 16 метри. Едноставно се чудам како тоа за Шамак им сметаше тоа што се враќаше сега не чинело што овој чекал. Али небитно Жиру е тип на играч на кој му треба човек до него или позади. Сепак има време ќе се докаже.
Замените. Ремзи изигра многу добро иако играше и како крило. Сантос ок а кошиелни не ни имаше потреба да се докаже а и немаше прилика, а и подобро да нема прилики
.
Тоа е тоа, одлична победа, сепак има уште многу до крај само што почна сезоната така да само нека продолжат момците со дисциплинирана игра и резултатите сами ќе си дојдат