Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Кога последен пат сме имале три последователни „clean sheets“?
Ваква дисциплинирана одбрана не сум видел уште од времето на „the Invincibles“. Мислам дека сезонава имаме многу добар баланс во тимот, од гледна точка напад - одбрана. Напаѓачката тројка денеска конечно ги „изброја“ првите голчиња. Јас сум многу задоволен од Жиру, без разлика што сеуште нема постигнато гол, во првите три натпревари Жиру игра „танкер“ (кој играл WOW знае :D), се тепа, се отвара, скока, комбинира со соиграчите со што ја држи цела противничка одбрана зафатена. Не ми е гајле што не дава голови, и цела сезона ниту еден да не даде се додека оние околу него плескаат голчиња ич око нема да ми трепне, макар што мислам дека нема уште долго да чекаме на неговиот првенец. Има око за гол, и среќата ќе му се насмевне во некое од следните 3 кола после онаа посраната интернационална пауза.
Ме загрижува Маноне, иако имаше неколку одлични интервенции, на моменти апла се гледаше колку е нерешителен, голманот или излегува да пресече или стои на гол линијата, Вито наш тргни, застани, тргни, застани, врати се. Исто Пер и Џенкинсон некако нервозни беа на почетокот на мечот, после се смирија и Пер посебно имаше одличен натпревар. Кога никој нема да го спомне Гибс, значи дека и тој имал одличен настап :P. За остатокот од тимот нема што да се зборува, изигравме натпревар на кој му фалеше само уште еден гол за да може да се смести во категоријата „идеален“, без падови на концентрацијата (нешто несвојствено за нас), одлична координација во дефанзива и во офанзива, одлично движење на топката по целиот терен. Таков авторитативен фудбал играше нашиот стар добар Арсенал од почетокот на векот.
 
Само замислете колку ќе добиеме на квалитет со враќањето на Џек и Томас. Опција плус во средината.
 
Само замислете колку ќе добиеме на квалитет со враќањето на Џек и Томас. Опција плус во средината.

Таман они ќе се вратат, некој друг ќе легне. Така бивало отсекогаш.;)
 
Таман они ќе се вратат, некој друг ќе легне. Така бивало отсекогаш.;)
За се има прв пат!
Башка види ги имаме Арша/Ремзи/КАРЛ и уште некои кои и да летнат не ќе се осеќаат како дупка!
 
Таман они ќе се вратат, некој друг ќе легне. Така бивало отсекогаш.;)

Нема врска. Муабетот ми е, имаме и сега компетитивен состав, а тек коа би дошле сите. Ехее. Ама има кај да играат сите.
 
За се има прв пат!
Башка види ги имаме Арша/Ремзи/КАРЛ и уште некои кои и да летнат не ќе се осеќаат како дупка!

Кај е бе Арша ? Оти го нема ни на клупа, ни на повредени ? Исто и Шамак.
 
Еј,ви се молам не ми го трујте Фан Клубов со пичкава.
 
Еј,ви се молам не ми го трујте Фан Клубов со пичкава.
Неповрзано со твојов пост, но после денешнава утакмица цитатот во твојот потпис стана 10 пати посмешен. :pos:
 
Последни вести РВП промаши пенал :)
А последниве ги слушаш?
У п.м. ама што да се прави, КЛАСА играчиште е... 4 погодока за сега... од кааакви гомненици ги извади црвените денес не се свесни ни фановите нивни!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom