Па ако правење карактери до бескрај ти е дефиниција за интересна игра, мене не ми е. Плус задоволен сум со монкот како функционира, зошто би менувал?
Не ја хејтам играта, давам валидни критики. Ако погледнеш назад неколку страни и ги најдеш моите стари постови ќе видиш дека сум задоволен од играта во целина. Значи има ОК приказна, графиката проаѓа, гејмплејот е топ. Левелирањето ми беше интересно и дур правев прогрес во Inferno беше напнато но забавно. Но тука приказната завршува со тој карактер и оставен си со слаби опции за end-game - PvP (уште не е пуштено) или левелирање на нови карактери.
И погледни ги сите промени што доаѓаат во 1.0.4, балансирања и упростувања. Место да додаваат нови affix-и и да внесат "challenge", они тргаат Invulnerable Minions. А за ајтемизацијата во играва да не почнувам, ОК сум со тоа добрите ајтеми да паѓаат редко, но количината на ѓубре што паѓа е иритирачка. Правам Cyadea/Azmodan ранови и ми дава 51 ilvl ајтеми? Или пак си се израдувал на ilvl 63 ајтем го отвараш и ти дава gold and health pick up radius, random resistance, extra health from globes и 30 dexterity, и после иди продај го
. Се гледа дека ајтемизацијата на играва им е ретардирана, апла е правена за да им се купуваат ајтеми на RMAH.
Сакам играва да успее, ама тешко веројатно дека некој од наредните пачови ќе успее да ја промени играта во позитивна насока. Останува да видиме.