Изгледа ЦНН е повеќе стручна во економија од светската банка и меѓународниот монетарен фонд
И не знам од кога треба една телевизија како ЦНН да ми е репер за веродостојност, кога знам како известуваше за време на војната 2001 г. ????????????
А да, мило ми е што
веднаш зад Македонија,
како “најлоша“ економија ЦНН ја рангирале ЈАПОНИЈА:
http://money.cnn.com/gallery/news/economy/2012/08/07/worlds-worst-economies/4.html
Најчудно ми е тоа што веста ја пренесуваат македонските опозициони медиуми, а веста се однесува дека
најлошо нешто во Македонската економија е невработеноста, која за воља на вистината,
се појави токму за владеењето на опозицијата 1993-1997 и 2001-2006 г.. Во 1992 г. имавме 18% невработеност, за да рипне на 37% во 1997, а сега да се смали на
големи 32%. Ама заборава опозицијава дека народов е паметен и дека мисли со своја глава.
И не знам како не се најде во оваа категорија на ЦНН презадолжената Грција, која има 2 пати поголем долг од Јапонија во однос на ГДПто и никако не може да го сервисира долгот и живее од милостиња на некој трет?
Штом вака се мрчи за Македонија преку економијата, значи дека
власта е македонска и не потпаѓа под туѓи влијанија.