IgorChete
27
- Член од
- 4 февруари 2009
- Мислења
- 7.733
- Поени од реакции
- 7.549
Венгер сакаше лани да го купи Казорла, како замена за Сеск, но во последен момент се избација Малага и понудиле многу повеќе од нас. (тогаш трошеа како луди)Ова што Венгер го направи летово е многу интересно кога се гледа ситуацијата на РВП. Сакаше амбиција од тренерот, овие три засилувања се солидна амбиција, а изгледа не сме завршиле уште. Чисто се сомневам дека затоа што РВП барал засилувања, Венгер се одлучил да купува, човекот веројатно не сакаше да се најдеме во ситуација како лани, и некој да го уценува. Па во случај да си оди РВП, имаме солидни замени. Во случај да си отиде, никој нема да му верува дека си отишол заради тоа што немало амбиција во Арсенал, и мислам дека ќе биде јасно дека иде за пари, што реално ќе има лош впечаток за него. Сеуште мислам дека ни треба замена за десен бек, Џенкинсон не ми е уверлив воопшто. Сања е ѕвер, но што ако го нема? Ќе видиме, има неполн месец да се земе некој играч. А Барса почна да ми станува антипатична со тие коментари од нивни играчи и глумат невини демек не си тоа нивни ставови.
Така да трансферов нема врска со ван Перси ситуацијата.
Сигурен сум дека Венгер ќе го игра Казорла по средината, офанзивен плејмејкер, како што играше Сеск, на крилата сме и повеќе од покриени.Казорла. Страшен играч. Незнам дали може веднаш да го замени Волкот уште од првата сезона (си велам ќе му треба време да се прилагоди) ама ќе се вклопи, ако не следнава сезона од другата сигурно ќе има по 10тина гола и 12-13 асистенции