Фан Клуб: Арсенал

Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Ова што Венгер го направи летово е многу интересно кога се гледа ситуацијата на РВП. Сакаше амбиција од тренерот, овие три засилувања се солидна амбиција, а изгледа не сме завршиле уште. Чисто се сомневам дека затоа што РВП барал засилувања, Венгер се одлучил да купува, човекот веројатно не сакаше да се најдеме во ситуација како лани, и некој да го уценува. Па во случај да си оди РВП, имаме солидни замени. Во случај да си отиде, никој нема да му верува дека си отишол заради тоа што немало амбиција во Арсенал, и мислам дека ќе биде јасно дека иде за пари, што реално ќе има лош впечаток за него. Сеуште мислам дека ни треба замена за десен бек, Џенкинсон не ми е уверлив воопшто. Сања е ѕвер, но што ако го нема? Ќе видиме, има неполн месец да се земе некој играч. А Барса почна да ми станува антипатична со тие коментари од нивни играчи и глумат невини демек не си тоа нивни ставови.
Венгер сакаше лани да го купи Казорла, како замена за Сеск, но во последен момент се избација Малага и понудиле многу повеќе од нас. (тогаш трошеа како луди)
Така да трансферов нема врска со ван Перси ситуацијата.
Казорла. Страшен играч. Незнам дали може веднаш да го замени Волкот уште од првата сезона (си велам ќе му треба време да се прилагоди) ама ќе се вклопи, ако не следнава сезона од другата сигурно ќе има по 10тина гола и 12-13 асистенции :)
Сигурен сум дека Венгер ќе го игра Казорла по средината, офанзивен плејмејкер, како што играше Сеск, на крилата сме и повеќе од покриени.
 
Jack Nolan

Сите сме луѓе, но ретко кој е човек!
Член од
31 јули 2011
Мислења
1.587
Поени од реакции
1.506
Сигурен сум дека Венгер ќе го игра Казорла по средината, офанзивен плејмејкер, како што играше Сеск, на крилата сме и повеќе од покриени.
Невервам дека би играл добро на таа позиција. Тој сепак е крилен играч. Или во формација 4-3-3 Казорла мидфелдер Волкот пред него. Но невервам дека Венгер би се одлучил на таква формација :D
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Афобе со хет-трик на дебито за Болтон!
Ќе го биде детево, ќе го биде!
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.544
Поени од реакции
5.772
Иначе, ептен се засилија шпекулациите за Ван Перси. Наводно, Манчестер Јунајтед го договорил трансферот. Се очекува негова официјализација деновиве. Силни и влијателни новински куќи веќе го потврдуваат тоа, и дека Ван Перси е на чекор до тимот на Сер Алекс.

Ако ова го направи Ван Перси, мислам дека ќе нема друг збор/израз или како сакате наречете го, освен ПИ*КА !! А и Венгер, би требало да размисли дали да им го продади на конкурентите. Но, знам дека тоа не е до него, колку до управата.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Јас мислам дека сепак нема да отиде во Јунајтед, Венгер ќе си ги погази сите свои принципи ако до дозволи тоа, нека што Ван Перси ќе биде поголем предавник и од Адебајор, Насри и Кешли заедно, но и самиот Венгер ќе има многу мака да докаже дека сеуште е способен да го води клубот во вистински правец.

Мислам кој можеше да замисли пред 5-6 години играч на Арсенал да отиде во Јунајтед, особено пак најдобриот играч и капитен?!

Нема тука никакви засилени шпекулации, тоа Фергусон корисит прилика да направи притисок, стариот лисец е валкан играч, тоа бар е познато.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.736
Поени од реакции
43.859
Иначе, ептен се засилија шпекулациите за Ван Перси. Наводно, Манчестер Јунајтед го договорил трансферот. Се очекува негова официјализација деновиве. Силни и влијателни новински куќи веќе го потврдуваат тоа, и дека Ван Перси е на чекор до тимот на Сер Алекс.

Ако ова го направи Ван Перси, мислам дека ќе нема друг збор/израз или како сакате наречете го, освен ПИ*КА !! А и Венгер, би требало да размисли дали да им го продади на конкурентите. Но, знам дека тоа не е до него, колку до управата.
Фергусон вчера изјави демек нема никаков одговор од Арсенал на понудата од Јунајтед за РВП.. За беља, Манчини се откажа, Јуве ќе го земе Љоренте, па уште ние останавме.. Јасно е дека Венгер ако веќе го продава ќе чека до крај понуди од други екипи, само за да не го пушти во ривалот, но ако веќе нема друг избор, а Ван Перси во никој случај не потпишува нов договор со Арсенал.....сакал не сакал, ќе мора да го даде на Манчестер..

На крај краева, ние нели ви го дадовме Силвестре? :D
 
Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841

Прочитај го текстов и ќе ти стане појано до каде е ситуацијата - http://www.mirror.co.uk/sport/football/news/robin-van-persie-transfer-to-manchester-1240602?utm_source=twitterfeed&utm_medium=twitter
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.320
Поени од реакции
2.846
Фергусон вчера изјави демек нема никаков одговор од Арсенал на понудата од Јунајтед за РВП.. За беља, Манчини се откажа, Јуве ќе го земе Љоренте, па уште ние останавме.. Јасно е дека Венгер ако веќе го продава ќе чека до крај понуди од други екипи, само за да не го пушти во ривалот, но ако веќе нема друг избор, а Ван Перси во никој случај не потпишува нов договор со Арсенал.....сакал не сакал, ќе мора да го даде на Манчестер..

На крај краева, ние нели ви го дадовме Силвестре? :D
Има и трета опција да не го даде никаде да си го доработи договорот и наредна да си оди за беспари.
 
Член од
28 ноември 2009
Мислења
4.870
Поени од реакции
7.103
Pique-would-welcome-Song

Сега и овој ,колку само ме нервират изјавите на овие кучиња ,ништо не правиме работа ако го земат Сонг бадијала новите засилувања .....

Или да искешират добра сума па да го донесат М`Вила од Рен ,хмм . .
 
Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.364
Поени од реакции
12.786
Pique-would-welcome-Song

Сега и овој ,колку само ме нервират изјавите на овие кучиња ,ништо не правиме работа ако го земат Сонг бадијала новите засилувања .....

Или да искешират добра сума па да го донесат М`Вила од Рен ,хмм . .
Ако го донесеме Мвила,нема да ми пречи заминувањето на Сонг,ама воа копилињава колку ме нервираат чудо некое,добро оти никој друг клуб не се понаша како нив и нели воа може да се пријави кај УЕФА како "taping up" или нешто слично.Уште малце и на Меси бабаму да дојде со некоја ваква изјава
 
Член од
15 декември 2009
Мислења
383
Поени од реакции
46
Rabotava so RvP ne e ni natamu ni navamu, saka da si ide, nesaka da si ide, isto kako Rooney koga pravese lani, ali stariot go sredi, a Wenger kalkulira. Neka mu dade plata nad 200k ili ke prifati ili gitla, ima i 3ta opcija, da bara 50-60 mil za nego, nikoj da ne dade i da go ostai cela godina na klupa da dreme za kazna i dogodina nek si ide gratis. Se utepa od dremenje doma i so povredi i nikoj od Arsenal ne rece ke go stavime na transfer samo se povreduva, tuku mu produzuvaa dogovori, a on pederski saka da izigra.
 
stick figure

#MiaSanArsenal
Член од
2 мај 2010
Мислења
4.811
Поени од реакции
3.705
Абе овие од барса и за цеск така плачеа па на крај отиде, ако може да ни го земат и Сонг еба му мамата
 
Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
Cesc Fabregas when asked about Alex Song: “I'd rather not talk about possible transfers out of
respect to Arsenal, a club that I love.”

А за твојот трансфер не престана последните две години да плачеш додека не замина.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom