Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Е вака веќе праиме муабет!:)
Сега каков шут јас би му дал на Волчко да бев менаџер не сте свесни. Ептен не ми правеа мерак крила како Жервињо и Волкот. Али сега со Подолски и Казорла имаме крила кои знаат да застанат со топката, да упатат технички добар шут и даваат можност да се промени динамиката и темпото по нападите од крило( на подобро).
И да, здрав и во форма Росицки јас сеуште би го играл стартна постава;)
 
Фала богу веќе, секое утринско кафе ми почнува со Арсенал.ком али денеска кафето ми беше поубаво. Ај со среќа нека ни е, па уште Сахин да дојде и тогаш да атакуваме на титулата со млад и амбициозен тим, кој сеуште нема дадено повеќе од 20 милини за трансфер, тоа е таа политика што ме тера да си го сакам АРСЕНАЛ:
 
Е вака веќе праиме муабет!:)
Сега каков шут јас би му дал на Волчко да бев менаџер не сте свесни. Ептен не ми правеа мерак крила како Жервињо и Волкот. Али сега со Подолски и Казорла имаме крила кои знаат да застанат со топката, да упатат технички добар шут и даваат можност да се промени динамиката и темпото по нападите од крило( на подобро).
И да, здрав и во форма Росицки јас сеуште би го играл стартна постава;)
Сеуште има некоја надеж некој дека Волчко ќе лета од екипа за Санти да игра на негово место?
Одма во прва реченица кажува Венгерчо...игра и СРЕДИНА.
Росицки - Аут. Вилшер - Аут
Не дај боже 1 уште мала повреда на било кој... и кој ќе игра?
Поради тоа е тука Санти а воедно и Сахин ако дојде. Што би сакал.
--- надополнето: 7 август 2012 во 12:53 ---
527117_409437935770482_93509862_n.jpg

Уште и Сахин да се додаде а цифрата да не се промени... мх мх ^^
 
убаво што идат нови и добри играчи туку што уште во клубов прават шамак бентнер и аршавин?o_O
 
Еми фала богу се истепавме од чекање . . (y) мислам дека треба сеа да се земе Сахин и уште некој играч од одбраната ?
 
После Бускетс, еве го и Иниеста за Сонг..

http://www.espn.co.uk/football/sport/story/164072.html
Ај шо ги зедовме новите појачања, ама ме плаши сеа кој ќе го напушти клубот, еден тон непотребни играчи имаме, се надевам тие дека ќе одат аут. Се поќе има шпекулации за Сонг, мислев дека никогаш немаше да го речам ова ама се надевам дека нема да не изневери сега баш кога тргна работата со трансфери.
 
Позната ни е нивната игра, јасно е на што целат, само Сонг не ми изгледа за таков. Ама и да сака да си иде нека искешираат добра сума па нека си иде. Барем Сонг не е незаменлив како некои што сме мислеле дека се незаменливи..
 
1 ден пред да си отиде Насри постиравте фотографии од тренинг на Арсенал на кои беше насмеан од уво до уво,па утрето си отиде. :)
 
Ова што Венгер го направи летово е многу интересно кога се гледа ситуацијата на РВП. Сакаше амбиција од тренерот, овие три засилувања се солидна амбиција, а изгледа не сме завршиле уште. Чисто се сомневам дека затоа што РВП барал засилувања, Венгер се одлучил да купува, човекот веројатно не сакаше да се најдеме во ситуација како лани, и некој да го уценува. Па во случај да си оди РВП, имаме солидни замени. Во случај да си отиде, никој нема да му верува дека си отишол заради тоа што немало амбиција во Арсенал, и мислам дека ќе биде јасно дека иде за пари, што реално ќе има лош впечаток за него. Сеуште мислам дека ни треба замена за десен бек, Џенкинсон не ми е уверлив воопшто. Сања е ѕвер, но што ако го нема? Ќе видиме, има неполн месец да се земе некој играч. А Барса почна да ми станува антипатична со тие коментари од нивни играчи и глумат невини демек не си тоа нивни ставови.
 
Казорла. Страшен играч. Незнам дали може веднаш да го замени Волкот уште од првата сезона (си велам ќе му треба време да се прилагоди) ама ќе се вклопи, ако не следнава сезона од другата сигурно ќе има по 10тина гола и 12-13 асистенции :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom