Баш ме интересира на база на кои параметри дојдоа до оваа пресметка.
Јас мислам дека потрошувачката на струја за топлење вода е далеку преценета од страна на агитаторите на сончевите колектори. 2400 киловати годишно само за топлење вода? Тоа се 6,5 киловати на ден. Бојлер од 80 литри со греач од 3 киловати ја грее водата за помалку од 1 час. Не би рекол дека сите домаќинства секој ден трошат по два бојлера. Машина за перење алишта сигурно се пушта еднаш до најмногу двапати неделно, a таа за целиот циклус, не само за загревање на водата, троши 1-2 киловати, така да таа минимално би имала корист од веќе стоплена вода (со напомена дека машините очекуваат ладна а не топла вода, и тоа може да предизвика и одредени проблеми во работата)
Така да реална заштеда може да имаат само големи куќи каде живеат неколку домаќинства и заеднички да инвестираат со соларен систем. За мали домаќинства не важи таа математика, затоа што потрошувачката на струја за топла вода е далеку помала. Денеска многу повеќе струја трошат разноразни електронски уреди како телевизори, компјутери, полначи, рутери, рисивери и што ти не, не дека се тие самите по себе големи потрошувачи, туку дека најголемиот дел од ни работат 24/7 (речиси како владата
)