Која серија повеќе ја сакате и зошто? (Fear the Walking Dead vs. The Walking Dead: World Beyond)

Вашиот фаворит?


  • Вкупно гласачи
    8

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Скраја далеку.
Глупо е кога водиш инает, особено со самиот себеси. После 3 епизоди, твоето мислење на оваа тема е релевантно ко вчерашната сарма од баба ми. Ти викам фер е да погледаш бар 2 сезони па да истапиш со став дека BB била преценета и слично. И не ја спуштив на ниво на шпанска серија, по петти пат, образложив зошто според моите критериуми е послаба од ривалската серија.

Остани поздравен и ти.
Види сега, со ефтини трикови и вадење на зборови од контекст не знам што сакаш да постигниш, ама заминавме ептен оф топик така да модераторите ќе имаат тешкотии да ги пребројат гласовите (уживај, ќе победите). Поентата на муабетот ми беше: Изгледав Декстер 3 епизоди, ме навлече и продолжив да гледам. Изгледав Брејкинг Бед 3 епизоди, никаков впечаток не ми остави. Ни лош, ни добар. Ми даде импресија на серија без која можам да живеам, и која би ја гледал за побрзо да ми мине времето. Но, но, исто така пишав дека е можно да грешам и понатаму серијата да се развила во masterpiece како што вие ја правите. Кога ќе видиш, со никого не водам инает јас, само си дадов глас базирано на тоа што едната серија ми дала мотив да продолжам да ја гледам, а другата не. Нејсе.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.349
"Дуелот што го баравте"
Кој го барал дуелов? Вака кога видов кои серии се во дуелов одма знаев дека ББ ќе победи.
Од Декстер имам гледано само 1 сезона и ептен ми е преценета серијата.
ББ.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Breaking Bad.

BB изгледав 3 сезони за 1 недела и не трепнав додека Декстер сум изгледал 1 сезона и некако...не. Субјективно и така се гледа тука, се брои вкусот а фактите која е боља серија не може да постојат, зашто не е мерливо која серија е боље според гледачите, кои секој за себе си определува според вкус.
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Јас рангирањето го правам спрема тоа колку ќе ме прими ликот и приказната. Декстер е опис на она идиотското во мене кое го вклучувам кога морам, се соживуваш со ликот едноставно, ги најдуваш точките, ти се допаѓа приказната, не е толку мejнстрим и то е то. Ликовите скоро сите горе долу се доволно развиени, има добри пресвртчиња неочекувани, и сето тоа максимално ги заситува моите апетити за добра серија. Breaking ми ја пукнаа фалење, па кога ја видов дали дека премногу очекував, нз, не ме прими, едноставно после неколку епизоди онака, заклучив, добра серија, али не е за мене, вкус во прашање веројатно.........
Па така после Авантурите на Шерлок Холмс која ми е омилена серија воопшто, која датира од 84та година, а само одредени луѓе ја ѕирнале кај нас благодарение на наша тв, Декстер ми е на второ место.
Љубов е во прашање :)
Јас предлагам да го банираме хипстеров
 
D

dystopian

Гостин
I used to be a beat cop a long time ago. And I’d get called out on domestic disputes all the time. Hundreds, probably, over the years. But there was this one guy — this one piece of shit — that I will never forget. Gordy. He looked like Bo Svenson. You remember him? Walking Tall? You don’t remember? No. Anyway. Big boy — 270, 280. But his wife … or whatever she was, his lady … was real small. Like a bird. Wrists like branches. Anyway, my partner and I got called out there every weekend, and one of us would pull her aside and say ‘come on, tonight’s the night we press charges.’ And this wasn’t one of those deep-down he-loves-me set-ups — we get a lot of those — but not this. This girl was scared. She wasn’t going to cross him, no way, no how. Nothing we could do but pass her off to the EMT’s, put him in a car and drive him downtown, throw him in the drunk tank. He sleeps it off, next morning out he goes. Back home.

But one night, my partner’s out sick, and it’s just me. And the call comes in and it’s the usual crap. Broke her nose in the shower kind of thing. So I cuff him, put him in the car and away we go. Only that night, we’re driving into town, and this sideways asshole is in my back seat humming ‘Danny Boy.’ And it just rubbed me wrong. So instead of left, I go right, out into nowhere. And I kneel him down, and I put my revolver in his mouth, and I told him, ‘This is it. This is how it ends.’ And he’s crying, going to the bathroom all over himself, swearing to God he’s going to leave her alone. Screaming … as much as you can with a gun in your mouth. And I told him to be quiet. I needed to think about what I was going to do here. And of course he got quiet. Goes still. And real quiet. Like a dog waiting for dinner scraps. And we just stood there for a while, me acting like I’m thinking things over, and Prince Charming kneeling in the dirt with shit in his pants.

And after a few minutes I took the gun out of his mouth, and I say, ‘So help me if you touch her again I will such-and-such and such-and-such and blah blah blah blah blah.

'So, just a warning?'

Of course. Just trying to do the right thing. But two weeks later he killed her. Of course. Caved her head in with the base of a Waring blender. We got there, there was so much blood you could taste the metal.

The moral of the story is: I chose a half measure, when I should have gone all the way. I’ll never make that mistake again.

Е не, ќе се заебаваме...
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Јас предлагам да го банираме хипстеров
Слободно детенце ( така по стилот ми наличи на напишаното). Максимумот од тебе го извлече веројатно па ја заслужи титулата детенце, инаку детуле би употребил како термин да си напишеше реално спрема капацитетите. but first, обиди се да го одбанираш прво мозокот.
Во иднина побарај дефиниција за хипстер исчистена од било какви предрасуди, дефиниција за хардкор, дефиниција за мејнстрим и врати се со кристално чиста слика за нештата да дебатираме. Размисли онака што претставува човек со ставови за нештата зациментирани во него и лично за него. Патем освен тролинг и грдење на темата, не видов ништо од тебе, пишман сум шо ти посветив еден коментар цел, но од друга страна да правиме добри дела, веројатно би просветлиле некого, за доброто на сите, би научиле повеќе, би оделе напред..........да ги тргниме заблудите (правно кажано, погрешна претстава за фактите) па потоа предрасудите, стереотипите, само така се станува вистински курназ,желбата на секој аматерски трол, жеден за голтка внимание.
 
C

Crazy Diamond

Гостин
Мојот глас оди за Breaking Bad, затоа што е единствена серија која толку ми го привлекла вниманието. Изгледав 3 сезони за неполна недела.
Dexter. Ја имам почнато првата сезона, но некако не ми е по мој вкус и нема да продолжам да ја гледам.
Мојот глас дефинитивно оди за ББ.
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Слободно детенце ( така по стилот ми наличи на напишаното). Максимумот од тебе го извлече веројатно па ја заслужи титулата детенце, инаку детуле би употребил како термин да си напишеше реално спрема капацитетите. but first, обиди се да го одбанираш прво мозокот.
Во иднина побарај дефиниција за хипстер исчистена од било какви предрасуди, дефиниција за хардкор, дефиниција за мејнстрим и врати се со кристално чиста слика за нештата да дебатираме. Размисли онака што претставува човек со ставови за нештата зациментирани во него и лично за него. Патем освен тролинг и грдење на темата, не видов ништо од тебе, пишман сум шо ти посветив еден коментар цел, но од друга страна да правиме добри дела, веројатно би просветлиле некого, за доброто на сите, би научиле повеќе, би оделе напред..........да ги тргниме заблудите (правно кажано, погрешна претстава за фактите) па потоа предрасудите, стереотипите, само така се станува вистински курназ,желбата на секој аматерски трол, жеден за голтка внимание.
Друже подобро да си немаш работа со мене оти многу сум паметен - ледам серии како Curb Your Enthusiasm, Party Down, Six Feet Under, Monty Python, Louie, it's always sunny... што најверојатно не се за тебе
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Друже подобро да си немаш работа со мене оти многу сум паметен - ледам серии како Curb Your Enthusiasm, Party Down, Six Feet Under, Monty Python, Louie, it's always sunny... што најверојатно не се за тебе
Вау паметот по серии се мери од денеска :) Ново просветлување, но ко за некое чудо пет шестини (освен првата) сум ги гледал и јас. А дали ако слушам пост рок и класика сум уште попаметен оти ете таа е музика за која треба ,,памет" или дали aко омилени режисери ми се Hitchcock, Herzog, Lynch, Andrey Tarkovskiy сум ултра (самопрогласен) ..........муабетот ми беше не носи како од пушка заклучоци грешни пред да запознајш некој, оти така е најлесно, обично рецка не мавам на вакви работи но прееска досадно ми беше па затоа реплицирав, како и сега. Јас си пишав фино лепо без никого да опфатам и ооп од нигде никаде се најде некој да лепни етикетче оти не бил истомисленик со мене и да, Шерлок од 84та е за мене најдобра, и да ја изгледав пред да почат да ја даваат по телевизииве кај нас, вкус е тоа, филм ти прави и то е то. Ајт поздрав. Се надевам се разбравме.
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Вау паметот по серии се мери од денеска :) Ново просветлување, но ко за некое чудо една петтина (освен првата) сум ги гледал и јас. А дали ако слушам пост рок и класика сум уште попаметен оти ете таа е музика за која треба ,,памет" или дали aко омилени режисери ми се Hitchcock, Herzog, Lynch, Andrey Tarkovskiy сум ултра (самопрогласен) ..........муабетот ми беше не носи како од пушка заклучоци грешни пред да запознајш некој, оти така е најлесно, обично рецка не мавам на вакви работи но прееска досадно ми беше па затоа реплицирав, како и сега. Јас си пишав фино лепо без никого да опфатам и ооп од нигде никаде се најде некој да лепни етикетче оти не бил истомисленик со мене и да, Шерлок од 84та е за мене најдобра, и да ја изгледав пред да почат да ја даваат по телевизииве кај нас, вкус е тоа, филм ти прави и то е то. Ајт поздрав. Се надевам се разбравме.
да
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Не го чепкајте turvior, човекот е мастер за музика и филмови. :)
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.028
Поени од реакции
1.147
Dexter , ми се допаѓа кога некои криминалци го добиваат своето кога веќе и побегнале на правдата , но затоа секогаш е тука специјалниот Декстер Морган да постигне правдата . :)
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Жустра дебата.

Прво, нешто за Dexter. Кога почнав да ја гледам бев фасциниран и ептен заразен. Најдобрата работа - приказната, нешто нетипично за серија, начин да се погледне од другата страна на правдата. Втората најдобра работа - ликот на Декстер. Комплексен човек кој живее двоен живот со цел да ја земе правдата во своите раце. Како никогаш до тогаш на нам гледачите ни се даваше ексклузивна можност да погледнеме во умот на еден сериски убиец, да се соживееме со него и на крај да ги оправдаме неговите злосторства. Крајно оригинално за серија, и покрај тоа што се базира на книга. Трета најдобра работа - Мајкл Ц. Хол, феноменален актер кој како да е роден за улогата на Декстер (и како да е роден за улогата на Дејвид во SFU, ама тоа е веќе друга тема). Иако за мене првата сезона е ненадминлива, ваквата фасцинација траеше некаде до крајот на четврта сезона т.е. до феноменалниот клифхенгер. Од петта серијата започна да се распаѓа. Наместо да ја искористат новата огорченост и скршеност на Декстер, сценаристите воведоа нов love interest без никаква цел. Споредните ликови се претворија во едно-димензионални карикатури, случаите станаа неинвентивни, Дебра не може да види што и' се случува пред нос, Декстер стана премногу несмасен. Секој успех на главниот лик започна да се базира на коинциденции и на глупавоста на сите околу него. Шеста сезона уште полоша, и покрај тоа што имаше голема шанса да растури поради религиозните елементи. Како капак на се', тука е новиот љубовен заплет кој тотално ја нарушува шест-сезонската врска помеѓу двата засегнати лика. Не очекувам многу од седма сезона, особено поради фактот што нема да биде последна, и сигурен сум дека сценаристите ќе се обидат да ги развлечат работите до максимум. Најголемата маана на серијата е што се' уште ситуацијата на Декстер е непроменета и нема којзнае каква еволуција во карактерот на оној Декстер од прва и оној од последна сезона. Тоа е - Декстер убива, Декстер си поминува неказнето.

Од тотално друга страна, Breaking Bad станува се' подобра со секоја нова сезона. Кога ќе ми текне каков беше Волтер во прва сезона и каков е сега, како да станува збор за друга личност. Измислениот Хајзенберг се' повеќе го зазема местото на очајниот наставник по хемија. Сето ова изведено крајно педантно и неисфорсирано од страна на сценаристите. Да, Волтер полека, но сигурно се преобразува во анти-херој, но целиот овој процес е логична последица на сите подеми и падови кои му се случија до сега. За разлика од анти-херојот Декстер, кому подемите и падовите не му променија ништо, ниту стана подобра личност, ниту полоша. Тука е и хемијата помеѓу Волтер и Џеси, комплексна и совршено изградена. За ваков однос помеѓу два лика Dexter може само да сонува. Другите споредни ликови се прекрасно разработени, крајно мулти-димензионални, без оглед на нивната споредност. За глумата, дијалозите, атмосферата, кадрите, нема потреба да зборувам. Ништо не штрчи, се' се совршено склопува за на крај да се добие една од петте најдобри серии кои сум ги гледал.

My point is, гласам за Walter and co. од проста причина што серијата не само што го оддржува истиот квалитет поставен во прва сезона, туку и станува се' подобра. Поради тоа едвај ја чекам секоја наредна недела. За мене Breaking Bad е се' уште феноменална серија, а Dexter беше феноменална серија. Сигурно ќе продолжам да ја гледам, ама кај мене не буди никаква еуфорија. За разлика од неа, за BB кај мене има еуфорија каква до сега имало само за Lost и GoT.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.483
Види сега, со ефтини трикови и вадење на зборови од контекст не знам што сакаш да постигниш, ама заминавме ептен оф топик така да модераторите ќе имаат тешкотии да ги пребројат гласовите (уживај, ќе победите). Поентата на муабетот ми беше: Изгледав Декстер 3 епизоди, ме навлече и продолжив да гледам. Изгледав Брејкинг Бед 3 епизоди, никаков впечаток не ми остави. Ни лош, ни добар. Ми даде импресија на серија без која можам да живеам, и која би ја гледал за побрзо да ми мине времето. Но, но, исто така пишав дека е можно да грешам и понатаму серијата да се развила во masterpiece како што вие ја правите. Кога ќе видиш, со никого не водам инает јас, само си дадов глас базирано на тоа што едната серија ми дала мотив да продолжам да ја гледам, а другата не. Нејсе.
Breaking Bad е далеку по спора серија која полека се гради, за да навлезеш во неа треба повеќе време, на Декстер од 1 ден знае ко е главниот лик, во Breaking Bad тек после 10 на епизоди + т.е. цела сезона а можеби и 2, исто како со Six Feet Under, Breaking Bad е серија која бара подолго време за прилагодување и согледување на ликовите, ти треба време да се поврзеш, ама кога ќе се поврзеш ти влага во глава и несакаш да помислиш дека нешто друго може да дојде ни блиску, јас како голем фан на Декстер, BB ја ставам на едно 3 класи повисоко ниво, во Dexter имаш 3 добри глумци, и тоа е тоа, ваму бре имаш цела екипа на врвни актери (изградени ликови) кои ни во еден момент не потфрлаат, почнувајќи од Волт, кој доби катаљарда еми, па Џеси, па Хенк, па Туко (еј каков лик!!!!!) па скини Пит, па син му на Волтер, па Скајлер, па Гас, па Мајк, па Сол....мислам кој од кој се, незнам како направиле таков склоп ама ова е нешто неверојатно, режијата го вади најдоброто од нив, додека во Декстер, сите останати освем Декстер и Сестра му се аматери во споредба со нив, ок тука не смее да се заборави ѕверот - легендата Џон Литгоу, ама другите искрено се просек, само види го Квин??? :pos: мислам кој глумец е типов? врска нема...го убациле колку да се рече дека Дебра ќе има некој у серијата со кој ќе ги дели емоциите, да се смени текот на нејзината улога во серијата, да убацат згодна фаца за да навлечат женски фанови......па во BB Џеси нема девојка скоро цели 5 сезони а пак има статус на БОГ, мислам никогаш неговиот социјален статус во серијата не е уфрлен во преден план на тој начин затоа што сценаристите имаат идеи, и немора да користат исфосирани клишеа па да играат на тактика креирање на врски за сексистичкиот дел од просечните гледачи да биде задоволен со тоа што ќе создадат нестабилна врска во серијата и да го исхајапаат тој статус......смешки живи и брука за квалитетна серија како што е Декстер.

Сценаристите на Декстер не најдоа начин како барем во една епизода никогаш никој неможе да го види на декстер како грабнува некого сред бел ден на јавно место, да толкав пропсут имаат во приказната, значи идеш и сред бел ден напаѓаш некој или му влаѓаш во куќа и никој никогаш не те гледа, orly? од друга страна ја имаш BB која во секоја сезона има огромни шанси да се откријат главните ликови секогаш полицјата им е зад пети, и некој заебува го гледаат -фаќаат или прави грешка.....затоа што тоа и се случува во реалноста, колку и да си добар секогаш некој ќе те најде или ќе те види на дело...... криминалот секогаш има крај, без разлика од која аспект се зборува за истиот.

Така да Декстер нема што да бара во овој дуел...неможе ни да се приближи, бидејќи те знам како голем фан на филмската уметност ти препорачувам да и дадеш време, и да согледаш што значи маестрална серија со неверојатно добро доловена жичка на реалност, за мене тоа било и од секогаш ќе биде врвот од филмската продукција, скоро неверојатно, но сепак во допир со реалноста.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom