Види сега, со ефтини трикови и вадење на зборови од контекст не знам што сакаш да постигниш, ама заминавме ептен оф топик така да модераторите ќе имаат тешкотии да ги пребројат гласовите (уживај, ќе победите). Поентата на муабетот ми беше: Изгледав Декстер 3 епизоди, ме навлече и продолжив да гледам. Изгледав Брејкинг Бед 3 епизоди, никаков впечаток не ми остави. Ни лош, ни добар. Ми даде импресија на серија без која можам да живеам, и која би ја гледал за побрзо да ми мине времето. Но, но, исто така пишав дека е можно да грешам и понатаму серијата да се развила во masterpiece како што вие ја правите. Кога ќе видиш, со никого не водам инает јас, само си дадов глас базирано на тоа што едната серија ми дала мотив да продолжам да ја гледам, а другата не. Нејсе.
Breaking Bad е далеку по спора серија која полека се гради, за да навлезеш во неа треба повеќе време, на Декстер од 1 ден знае ко е главниот лик, во Breaking Bad тек после 10 на епизоди + т.е. цела сезона а можеби и 2, исто како со Six Feet Under, Breaking Bad е серија која бара подолго време за прилагодување и согледување на ликовите, ти треба време да се поврзеш, ама кога ќе се поврзеш ти влага во глава и несакаш да помислиш дека нешто друго може да дојде ни блиску, јас како голем фан на Декстер, BB ја ставам на едно 3 класи повисоко ниво, во Dexter имаш 3 добри глумци, и тоа е тоа, ваму бре имаш цела екипа на врвни актери
(изградени ликови) кои ни во еден момент не потфрлаат, почнувајќи од Волт, кој доби катаљарда еми, па Џеси, па Хенк, па Туко (еј каков лик!!!!!) па скини Пит, па син му на Волтер, па Скајлер, па Гас, па Мајк, па Сол....мислам кој од кој се, незнам како направиле таков склоп ама ова е нешто неверојатно, режијата го вади најдоброто од нив, додека во Декстер, сите останати освем Декстер и Сестра му се аматери во споредба со нив, ок тука не смее да се заборави ѕверот - легендата Џон Литгоу, ама другите искрено се просек, само види го Квин???
мислам кој глумец е типов? врска нема...го убациле колку да се рече дека Дебра ќе има некој у серијата со кој ќе ги дели емоциите, да се смени текот на нејзината улога во серијата, да убацат згодна фаца за да навлечат женски фанови......па во BB Џеси нема девојка скоро цели 5 сезони а пак има статус на БОГ, мислам никогаш неговиот социјален статус во серијата не е уфрлен во преден план на тој начин затоа што сценаристите имаат идеи, и немора да користат исфосирани клишеа па да играат на тактика креирање на врски за сексистичкиот дел од просечните гледачи да биде задоволен со тоа што ќе создадат нестабилна врска во серијата и да го исхајапаат тој статус......смешки живи и брука за квалитетна серија како што е Декстер.
Сценаристите на Декстер не најдоа начин како барем во една епизода никогаш никој неможе да го види на декстер како грабнува некого сред бел ден на јавно место, да толкав пропсут имаат во приказната, значи идеш и сред бел ден напаѓаш некој или му влаѓаш во куќа и никој никогаш не те гледа, orly? од друга страна ја имаш BB која во секоја сезона има огромни шанси да се откријат главните ликови секогаш полицјата им е зад пети, и некој заебува го гледаат -фаќаат или прави грешка.....затоа што тоа и се случува во реалноста, колку и да си добар секогаш некој ќе те најде или ќе те види на дело...... криминалот секогаш има крај, без разлика од која аспект се зборува за истиот.
Така да Декстер нема што да бара во овој дуел...неможе ни да се приближи, бидејќи те знам како голем фан на филмската уметност ти препорачувам да и дадеш време, и да согледаш што значи маестрална серија со неверојатно добро доловена жичка на реалност, за мене тоа било и од секогаш ќе биде врвот од филмската продукција, скоро неверојатно, но сепак во допир со реалноста.