Ај да се искажам и јас. Се изначитав глупости, натегања, држ-недај, ти реков-ми рече итн. Последните 5-6 страни не ги прочитав оти како турска серија се предвидливи за шо се работи.
Ливерпул! Ќе си кажам за клубот најреално шо можам, па ако сакат на бесилка нека ме клат. Можиме да се натегаме доживотно, ама реалноста е следна.
Ливерпул, од 2004 почна, па се до 2009 кога заврши, го играше еден од најубавите фудбали во светот. Во тој период паднаја многу големи имиња, Милан, Јувентус, Јунајтед, Челзи, Реал, Барселона итн. сите беа поразени, како резултатски, така и играчки.
Прво го продадоја Алонсо, па Маскерано и на крај Торес. Се растуре страшниот костур на тимот Алонсо-Маскерано-Џерард-Торес. И на крај, чоекот шо го градеше тимот кој играше преубав фудбал, беше шутнат од Америте, како куче. Од тој ден наваму, Ливерпул е просечен тим, сакате сложете се, сакате не. Кога дојде Хоџсон, летав во облаци "Аууу шо напрае овај со Фулам, сега со Ливерпул ќе кини". Едно другарче фан на Јунајтед, ми викаше " Не се будали, со овај тренер и овие играчи едвај Лига Европа ќе играте". На крајот вистина испадна, а го праев будала.
Да гледаме реално, порано ко ќе идеа гостите на Енфилд, едноставно му се сечеа нозете, ретко кој тим ќе победеше, се случваше ама многу ретко. Денес, на Енфилд идат како на тренинг да одат, опуштено, ито реално тимој кој неможат ни на мало прсте да му се фатат на Ливерпул. Ама идат на Енфилд, и не само шо си земат 3 бода лесно, туку и не надигруват, си играт мајтап.
Та е сурова реалност за Ливерпул.
Јас со овај тим и менаџер убеден сум, барем за првите 2 сезони дека Ливерпул нема да биди во топ 4. Жално е ова шо му се случва на Ливерпул, и ме боли многу поќе од сите навивачи на Ливерпул, заедно. Ниту еден квалитетен играч несака да потпиши за Ливерпул, па мора да се задоволваме со таленти како Борини, Aлен и други.
Тим не се гради само со таленти. Ниту најјаките академии немат составено доволно силен тим за посериозни титули само од нивните таленит. Од една академија можат да успеат 2-3 талети, кој треба да се вклопат со супер квалитетните играчи, а не сите таленти на едно место, сите како муви без глај, и неможат еден пас да сврзат. Да не зборам за глупите трансфери шо се напраја. И запамтете, добар тренер, усвари супер тренер во слаб тим без ѕвезди, кој стигнал до 9 место, незначи дека ако појди во појак тим дека ќе се бори за титула. Едноставно толку му е силата, да се бори за 9 место. Ако сакаш и Барселона дај му ја, џабе ќе биди.
Ливерпул има историја, која никој неможи да ја оспори, но боли шо нема сегашност и иднина, барем засега. Се плашам шо ќе биди за година-две кога и Џерард ќе си замини.
Ливерпулци не се натегајте за џабе, почекајте нека почни сезоната, после да не бојкотирате пак.
Сити, Јунајтед, Челзи и Арсенал(никогаш не ги отпишвајте последните) ќе се борат за титула. Мислам ќе биди тесно до пред крајот, кога две екипи ќе попуштат и ќе заостанат неколку недостижни бода.
Сити, лански шампион, квалитетни играчи, нема сомнение дека ќе се борат за титула.
Јунајтед, секогаш на врвот, нема за шо да збораме.
Челзи, се прероди со Ди Матео, плус неколку добри засилувања, мора да се во врвот.
Арсенал, не толку квалитетни играчи, ама магионичар за менаџер. Симнувам капа на Венгер, ме фасцинира.
Од 5-10 место се можи да се случи, Тотенхем, Евертон, Њукасл, мешаница, тука го вбројвам и Ливерпул, можи нешто подолу 7-8 место.
Да бидиме реални, а за расправање за инает, кога сакате.
Колку побрзо се врати Ливерпул кај шо му е местото, толку побрзо ќе бидам пресреќен. До тогаш, само нерви, нерви и нерви.