Изгледа во Литванците имало најмногу левичари
На страна цела заебанција...жална е ваква изјава, не сакав да јадам бурек за Лазовски.Точно е дека не го искористи целито потенцијал, а од друга страна ‘влезе во огнот‘...ама после оваа изјава не знам стана помал од точка...Шундо е две точки за него.
Наградното прашање е дали Клеиза е левичар. Според некои статистики што ги читав наводно него најдобро му легнал тој кош.
Изјавите се патетични. Од прва до последна. И на федерацијата и на новинарите. За новинарите ни македонски не сакам ни да зборувам оти или глупаци шо незнаат два збора да врзат или се газолижачи и пишат шо ќе им се нареди, добро има по некој исклучок али тешко дека се замара со спорт. Капак на се па најдовме овде да се расправаме за некој аматерско новинарски сајт како безпардон .
Да се вратам на федерацијата и на кошаркарите. За разлика од ракоментата репрезентација за која мислам дека беше премногу непотребно напумпана атмосферата, мислам дека кошаркарите заслужија секаква пофалба за она во Литванија. Арно ама да не гледаме само назад и да се тропаме по градите туку треба да се преземи одговорност за грешките. Кошот можеби бил крив ама нот инаф за мене.
Секоја чест на Гечевски за она во Литванија. Колку само завои имаше на него за да можи да игра, ама она во Венецуела беше мизерија. Очигледно дека и годините и повредите го имаат суредено.
Мекејлеб. Па незнам шо повеќе бараме од него бе. Едно зилион поени имаше сам освоено. Па капак на се паметниов ни селектор му ја имаше тупнато и работата на Илиевски него. Оти во Литванија Владо организираше а Бо праеше пробиви а сега и Бо почна да организира игра а Владо дремеше на шут за 3ка (Литванската позиција.) - БО е единствениот по кој не смеј да се збора лошо по излетов.
Антиќ - ноу комент. Разбирам да си лидер на тим ама онаква себичност бе нема ни Роналдо. Па се чува да не напрај последна лична и дреми покрај него да прелетваат доминиканци. Поарно напрајја и та последната и пушти го Чековски место тебе. Па пола барем немаше да влезат. Зборам за околу 10 поени кои им ги поклонивме на доминиканците.
Војдан - Ну зајц погоди. Шо прај бе овај на терен, се плаши да шутира, украдена топка речиси и да не видов од него(статистика ениуан?), подвижен блок нешто на шутерите на противниците..
Аха и најдоброто за крај. Лазовски (ако виси на форумов нека ме побара по пп. ќе му поклонам либела за изјавата). Разбирам крив кош дека не смеј да се толерира, нешто официјална жалба до ФИБА или ОИК кој и да организираше имаат пратено? Или ова за мачкање очи е. А и дргуга работа, ако толку нечинеше кошот кај беа луѓето под кош ѓубрето да го собираат. ПА тројно подобри статистики имаа и Ангола и Доминиканска во скокој под кош. За потсетување. Мислам дека бевме 2ри на европското во овај параметар.
И последно, гледам никој не се зафати за делот дека играле против непознати репрезентации. ПА шо праеја Лазовски и компанија една година бе, нешто снимки, скаутинг или планета гледаја.