Кошаркарска репрезентација на Македонија

Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Циркус сме и ние тука и Игор и сите што прават еуфорија, што се трескаат од земја,следниот пат пред Европско треба кошаркариве тотално да се изолираат од сите тролаџии на интернет просторот, можеби само така правилно ќе исплива нивната ангажираност што ја прават. После се тоа што го изјадоа за Перо Антиќ пред турнир и целата глупава еуфорија што ја создаваат, и на крајот некој си Станко таму во лице уште да плука по некого, без притоа на професионално ниво да објават една анализа, тие бркаат поени од текстови кои ги читаат и ги пишуваат мали деца.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Еве што Игор во групата има напишано како кратки изјави од пресот:

Рано е да се каже дали ќе има промени во репрезентацијата - Антиќ.

Тимот кој победува не се менува, остануваме заедно - Димевски

Не сакам ништо да коментирам, разочаран сум од односот и вакви глупави прашања - Мекејлеб

Кратко и јасно од денешниот прес.

Апсолурно е во право Бо - мое мислење (ова последното е негово мислење)

Значи он таму бил, а штом и Бо изреагирал на прашањата, значи прашањата не биле на место...
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Разбирам на прес конференцијата да бараа замена на некој од играчите како Гечевски и Чековски со помлади играчи како Николовски за да се оформува идната репрезентација и одоколу да бараат смена на тренерот али вака отворена да им плукаат во лице навистина не е фер.

Што не плукаа на ваков начин против ракометарите или фудбалерите.Па на Шундо на прес конференција еден збор не му кажаа.Фудбалериве да изиграат со фарски острови нерешено е успех али затоа кошаркарите што не се квалифицирале на Олимпијада,кое ако се гледа споредбено е како да идеш на светско во фудбал одеднаш е огромен неуспех за репрезентацијата која после поразот од црна гора беше исфрлена од панатамошно натпреварување од скоро секој.

Не треба да се заборава и дека ние играме аматерска кошарка дома а играчи кои играле во јаки странски клубови се бројат на една рака.Се што ни е потребно е евентуално четврт финале на следното европско за да обезбедиме учество на Светското за 2 години и со тоа да имаме континуитет и да се изврши потребната смена на генерации за да можат новите да соберат на искуство но и да се промовираат а и со тоа продадат во странство.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
И на работа и навечер на пиво и овде на форумов сите се чудеа за една работа - зошто не играше Кире. Е па прашаа ли новинариве „зошто не играше Кире„ или како и обично се глупираа (и кој беше одговорот)?
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.913
Поени од реакции
16.176
И на работа и навечер на пиво и овде на форумов сите се чудеа за една работа - зошто не играше Кире. Е па прашаа ли новинариве „зошто не играше Кире„ или како и обично се глупираа (и кој беше одговорот)?
Толку се стручни за да го прашат тоа, се фатиле слеп за стап за тоа оти не сме се пласирале на ОИ(како најголем неуспех за државата, и ред други глупости..), оти нели сите зборат за тоа, па и тие.
Убав текст има на офф нет, само треба некој да го сфати.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Толку се стручни за да го прашат тоа, се фатиле слеп за стап за тоа оти не сме се пласирале на ОИ(како најголем неуспех за државата, и ред други глупости..), оти нели сите зборат за тоа, па и тие.
Убав текст има на офф нет, само треба некој да го сфати.
Што ќе читам бе брат се ми е јасно. Сите беа на пресот и никој ништо паметно не кажа. Сега откога видоа дека и тие се избрукаа, секој во својот медиум „се чуди„ кој тоа ги навредил кошаркарите.
Ми личат како некој кога ќе го испушти во автобус, па после сите се гледаат еден со друг и као вртат со очи.
Па вие бевте таму да ве ебам, НЕКОЈ ОД ВАС Е.
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Значи катастрофа од новинари имаме. Па треба да се фатат и еден по еден да се стрелаат. Мило ми е што и понатаму ќе останат сите играчи (мене најсомнителен ми е Владо да не му текни да си замини), останува и Тоше како што кажа Димевски ама во која форма тој сам ќе кажи (дали како играч, или како некој тренер, консултант или сл)....
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Вакви новинари не заслужуваат шанса да поставуваат прашања, требаше дечките фино лепо да бојкотираат прес. Спортски новинар кај нас е некој што ништо не знае. Работа на спортски новинар не е да пишува колумни за тоа кој е добар кој лош, туку да направи анализа на играта, играчите, тренерот, каде се потфрли каде бевме добри. Тие креираа вештачка еуфорија а преку нивните глупави колумни народот формира мислење. Затоа се делат на вакви и такви, про и контра и после плукаат по некого.
Поглупо прашање од срам ли ви е што изгубивте немам слушнато, треба да му биде срам на тој што го поставува.
 

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Жал ми е за кошаркарите што мораа да се замараат со такви глупаци. Имбецили. Ете тоа се нашите новинари.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Вакви новинари не заслужуваат шанса да поставуваат прашања, требаше дечките фино лепо да бојкотираат прес. Спортски новинар кај нас е некој што ништо не знае. Работа на спортски новинар не е да пишува колумни за тоа кој е добар кој лош, туку да направи анализа на играта, играчите, тренерот, каде се потфрли каде бевме добри. Тие креираа вештачка еуфорија а преку нивните глупави колумни народот формира мислење. Затоа се делат на вакви и такви, про и контра и после плукаат по некого.
Поглупо прашање од срам ли ви е што изгубивте немам слушнато, треба да му биде срам на тој што го поставува.
Новинарите се олицетворение и на народот и на народот кратко му е познавањето, побитна му е еуфоријата повеќе од пола тие што пратат, прават непотребен притисок и секако малотници кои ги пишуваат статиите на интернет спортскиве страни. Има неколку издражни новинари од дневните весници кои имаат искуство и се во години луѓето и секоја им чест, ама децава од интернет простор се напаст, тие што ги пишуваат статиите, почнувајќи од тоа за предавникот Перо Антиќ, па сега му се придружи и Бо, бидејќи верувале или не типот играл под нивото.
И уште една работа најдобро би било да се изолираат за следниот настап, најдобро е МКФ да го има ова во предвив кога ќе се организираат турнирите, да не чујат нашиве бездушници и предавници кои нарекуваат предавници, дека играчите воопшто започнале подготовки.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
како и у секоја работа, така и овде македончето само си се уништува... што менталитет ќе беше ова бе... :tapp:
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Ама и односов на Антиќ, демек само тој што е кошаркар се разбира од кошарка :tapp:, ако беше малце попаметен убаво ќе им го спуштеше а вака уличарско карање, дури мене ми беше срам да го гледам видеото.
А Лазовски, што очекувате ние да сме Америка:facepalm: иди бе дрво отепај се, за да ги тепаш Доминикана треба да си Америка... :гомце:
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.485
Поени од реакции
1.854
Димевски: Репрезентацијата останува во ист состав

Текст: Макфакс
Кошарка | 11 јули 2012


Нема да има промени во кошаркарската репрезентација на Македонија и доколку има промени тие ќе бидат само на подобро, рече на прес конференцијата во среда претседателот на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), Даниел Димевски.

Со ова тој стави крај на шпекулациите дека по неуспешниот обид репрезентацијата да избори пласман на Олимписките игри, поголем број од репрезентативците ќе се простат од националниот тим.
„Оваа репрезентација ќе трае, таа не го поминала својот зенит, таа е сè уште во зенитот. Клучните играчи што беа и во Литванија и во Венецуела ќе бидат и во Словенија, нема промена. Тоше ќе продолжи со репрезентацијата, а тој ќе одлучи во која форма. Ќе го задржиме и понатаму тимот што победувал и сè уште победува, иако тоа е некогаш на терен, некогаш надвор од него, меѓутоа ова е победнички тим. Таа хармонија што ја има денеска е уште посилна. Ова нема да се растури, ние сме тим што тргнавме од нула да се качуваме нагоре и немаме намера да застанеме тука. Доколку има промени може да има само промени на подобро“, рече првиот човек на Мак баскетот.
Капитенот на репрезентацијата Перо Антиќ одговарајќи на новинарско прашање „дали Владо Илиевски по поразот од Доминиканска република, во соблекувалната на соиграчите им рекол дека ќе се збогува со националниот тим“, рече дека не може да каже што се случува во соблекувалната.
„И да го кажал тој во соблекувалната и да не го кажал, ние нема да го кажеме тоа тука. Ние имаме наши работи кои остануваат меѓу нас и се договараме за тие работи. Имаше и шпекулации дека многу повеќе луѓе ќе се пензионираат. Изгледа некои луѓе знаат повеќе од нас што се случува во соблекувалната. Нека продолжат да шпекулираат“, заврши Антиќ.
--- надополнето: 11 јули 2012 во 23:03 ---
Гечевски останува и во иднина да игра за репка според Лазовскиo_O , ништо чудно и Чековски:facepalm:. Е ако ова е стварно точно тогаш и во Словенија до година нека не не чуди ако доживееме дебакл.
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Убо му рече Антиќ според мене. И овај новинарот па, ич култура, остај го нека дозбора па кажвај си за тебе после. Или страв му е да не слушни нешто шо нејќи да го слушни па ајде да брчи нешто. Јас нигде не слушнав Антиќ да го наречи глупав, само му рече дека поставуваат глупави прашања. Ама овај со мувата на капата, шо да прај.

А можи некој да кажи шо беше прашањето? Ако е она зошто не се искористил максимално Бо, тогаш стварно е глупо прашање.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom