Дај бе не зафркавајте,демек морало репката да игра во Скопје зошто имало најдобри услови.....
Пеки Скопје има подобри услови....,ама не е секаде така..
Да одиме во соседството,немора подалеку...
Српската ракометна репрезентација кај ги игра најважните мечеви знаете?
Во салата Чаир во Ниш....
Зошто?
Зошто има
НАЈДОБРА АТМОСФЕРА!
Демек Ниш има подобра инфраструктура од една метропола како Белград?
НЕ...
Туку знаат дека најдобра ракометна атмосфера има баш во Ниш,најголема посета и затоа таму играат....а не во арената која е 5 пати поголема од чаир....
Нема
ИНТЕРЕС ЗА РАКОМЕТ во Белград...
А богами нема ниту во Скопје....
Така да нема врска....
Да се вратиме на нашите услови...
Точно е дека салата во Битола е во лоша состојба...(за ова е крива државата шо со прст не мрдна,под нејзина капа беше до пред 1 месец)...
Ама дека го поминува критериумите на ЕХФ ги поминува,не е ова ЕП,СП па да бараат во јајцето влакно...
Какви услови треба,демек аеродром,па шо демек играчите на Австрија се некои мегазвезди па не можат да слетаат во Охрид и да дојдат за само 1 саат возење со автобус до Битола...не заебавајте....
За хотели има неколку доста добри,еден од екстра класа Епинал...
Значи не е се до условите,има Битола капацитет да угости една ракометна репрезентација која е тука само за еден меч,не е ова турнир па да треба да се сместат многу репрезентации...
И доаѓам до најважното...атмосферата....
Да не се лажиме,атмосферата и подршката шо би ја имала Македонија во Битола,и таа во Борис Трајковски или било која друга сала во Македонија е неколку класи повисока и само неупатен човек ќе го негира ова.......
Само врвот на РФМ(апашите)никогаш нема да дозволат репрезентацијата да се врати таму кај шо почна,во салата во која досега немаме ниеден пораз,имаме само две реми средби и многу победи над силни селекции,посебно двете и засега единствени победи над Унгарија на домашен терен...