Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
Многу слабо од нашите добро прво полувреме а второто многу падови во играта и чиста среќа шо тепавме со 5 разлика и многу тешко ќе ни биде во австрија и ако судиите судат за нив како вчера за нас ќе загубиме со повеќе од 5 (n)Мора за австрија да земат и трет голман оти диви ништо-малку не фате инаку не видов шо била кавгата на борко

ps.Сепак најголем впечаток ми оставе навивањето ако може така да се рече СРАМОТА е и ГРЕОТА од метропола со 500000 и неколку навивачки групи да не му се даде подршка како што треба на репрезентацијата !
На михајло и начевци се да му ебам оти не ја носат репрезентацијата во Битола да игра:mad:
Има ли во Битола асална сала за да дојде репрезентацијата да игра... И сигурно атмосферата не била така лоша како што изгледаше на телевизија.
--- надополнето: 10 јуни 2012 во 10:05 ---
Ех Борко да не беше во Србија немаше да се пласираме понатаму,појде во Германија и клубот го крена од дното на 9-10 место.Борко не спасуваше во многу ситуации
Борко не беше единственото засилување на таа екипа, колку што знам купиле уште бар 3-4 многу квалитетни играчи. Подобро просечен голман, откако голман како Борко на кој одбива да слуша, кога му се брани, брани, кога се нервира или не излегува, или излегува како сега. Јас не би го земал во тимот за наредниот меч.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.356
Поени од реакции
8.459
Има ли во Битола асална сала за да дојде репрезентацијата да игра... И сигурно атмосферата не била така лоша како што изгледаше на телевизија.
--- надополнето: 10 јуни 2012 во 10:05 ---

.
Салата таа е што сите ја знаеме до душа течи од кровот ама сега нема дождови и е пекол така да нема да има проблем да се игра кај нас инаку кога може во истата да играат Адемар и други екипи може и австријците и секоај друга екипа и репрезентација ако се сака ;)Крај краева ако не чини салата нека ја направат бе на шо личи ова секаде во светот репрезентацијата игра во сите градови од државата а не само во главниот град да не зборам за фудбалската репрезентација која никогаш во 20 годшината историја на државата нема играно натпревар во Битола а за младите категории У-21 или У-19 последен натпревар е пред десет години или повеќе

За атмосверата добро бе брат не сме ниту слепи ниту глуви ама само за тебе супер беше атмосверата закон австиријците не знаеа кај тераат посебно голманот нивни беше уплашен вкрај исто како некни кога играа жените(репрезентацијата) со турција во кале атмосвера на ниво 20 турци ја надвикаа цела сала :facepalm:

ps.се да му еб@м на начевци и михајло !
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Лоша беше атмосферата во салата и требаше циркузантон од Австрија да почне да се глупира или пак да ја пуштат Едно име имаме за да почне публиката да се буди. Од време на време некои дечки пробуваа да ја разгорат атмосферата, али тешко им одеше. Мене најмногу ме изнервира тоа од Вип што ги делеа тие за тропање и луѓето ги користеа ко да немаат раце или уста, али нема везе...
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Во Виена ќе има голем притисок..(не мислам навивачки)...ќе направат се за да не елиминираат грдите Австријци....
Познато е дека не не есапат многу како народ,ќе ни извршат невиден притисок....
Познати се Австријците дека имаат ДЕБЕЛИ ВРСКИ во ЕХФ...(случајот Прокоп).....
Направија јако лоби,и ќе направат се за да не извадат од ритам...
Уште од сега гарантирам дека ќе не исечат судиите....:mad:
Ќе ни треба многу подобра игра пред се во напад,на позициона игра....
Без да се гледа разликата....и другите педерски работи шо ќе ги пробаат Австријците...
Да не се потпаѓа на евтини и сељачки финти како шо ги напрај тој папагалот Бауер......
Е бе Борко,Борко два грама мозок да се немало....одма се навлече на провокација како мува на :гомце::facepalm:
Овде играш за Македонија не за некој клуб,па да си играш курот со нервите на сите...така во Гумерсбах,ама таму нема играње и плачење...,ќе добиеш билет во еден правец со првиот автобус назад за Скопје за таков испад...не е Германија Вардар или Металург па да го трпат твоето мангупско(сељачко)однесување....
Ако не ти се брани сиктер,подобро со Митревски отколку со некој нарцис како тебе...
Мора да останиме присебни,квалитетот е на наша страна,само треба мудро да играме....
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Премногу грешки во второ полувреме, Миркуловски не научи и не научи да не прави пробивање, борбен бил жими овај, па се си има граници бе, влага кај шо треба и кај шо не треба, и после ми лежи пола саат на терен. Го поштувам крајно игра со срце ама дај мислам неможе да играш исто кога си на почеток и кога си во најдоброто што се вика во кариерата. Кире не погоди 2 пенала, многу чисти позиции од крило и пивот промашивме и тоа.
Одбраната освен последниот гол( абе фати го тресни го и поминаа 10 сек) има 10-ка. Доколку беше 6 разлика и 20 постигнати гола на Австријците, ќе беше срамота да се жалиме, па макар и не осакатиле таму судиите, ама вака секој ефтин погодок може да биде клучен, знаејќи како играме на гости.
Инаку атмосферата баш на овој натпревар беше добра, за разлика од оние театри шо ги гледавме на Металург прошлава сезона. Имаше бунење на секое свирче, свирежи на противникот па не знам ради таа атмосфера можеби 10 топки наивно изгубија во напад Австријците. Јбг не искористивме, а шо вика Кире можеби и подорбо е вака, по спремни ќе влезат и нема опуштање.
 
P

PewDiePie

Гостин
Лоша атмосфера во салата,многу позери почнаа да идат на натпревари.
Можеби треба да му текне на некого да се изгради една сала од 20.000 во Битола/Охрид и таму да ги играме репрезентативните настапи.
 
B

BBlisto

Гостин
Лоша атмосфера во салата,многу позери почнаа да идат на натпревари.
Можеби треба да му текне на некого да се изгради една сала од 20.000 во Битола/Охрид и таму да ги играме репрезентативните настапи.

Охрид??? Од кога па ракомет или било кој спорт во Охрид? Во Битола треба една убава сала, ама 20000 е премногу за било кој град во Македонија...
А атмосферата дека беше лоша, беше...Полупразна сала, НИКАКВО навивање, ама да сме искрени, ако сакаат поддршка од трибини, треба да ја заслужат...Не може јас на секоја утакмица да идам и да викам и да навивам, а они да се понашаат така...Па на што личи тоа? Се налутил и одбива да игра...И да губат по 10 разлика од послаби репрезентации нема да ми е толку криво, ако знам дека играат со срце и желба за Македонија...Ама вака...Искрено, многу сум разочарана од нашиве "ѕвезди", и не знам дали пак уште еднаш ќе дадам 200 денари за да ги гледам...
 
Член од
19 август 2010
Мислења
4.006
Поени од реакции
9.776
Tapa nevidena.. kratko i jasno. So ovoj Shundo i suetnive lajna nisto vise ne ocekuvam. Ona vcera da se gleda bese pravo mucenje. U sala uzasna atmosvera, nekako negativno mnogu bese. Niso ne praime so vakvo funkcioniranje na reprezentacija.
 
А

Анноун

Гостин
премногу селебрити фаци ни се појавија во репрезентацијата , на чело со ристо борковски (драмаквин) . Очигледно е човеков е во тежок филм влезен од кој излез нема . Уауау у германија брани . Битно синоќа скапа у Венеција у буњаковец , у 8 отидов накај центар - таму седеше , у 1 вечерта се враќам , он уште таму:facepalm:
 
Член од
26 јули 2008
Мислења
214
Поени од реакции
19
У сала беше сауна!!! 70 посто позери. Ни знаат против кого играме, ни за каде, изгубени у свемир... само чукаат со тие пафталките, потпевнуваат „Излези момче“ од време на време и нормално позираат по трибина за нова профил слика :eek: По не знам кој пат се потврди дека ни е потребна една национална навивачка група... Играта беше ок ама нормално во прво полувреме. После се опуштија, си редеа грешки и казната ги стигна, а можевме многу порелаксирано да патуваме за Австрија. Овие 5 + не значат ама баш ништо, многу лесно може да се прокоцкаат. И тоа австриското голманче ... бот невиден! :tapp:
п.с Дресовиве ни се „екстра“ квалитет.(n) Кире два пати менуваше дрес, двата му ги скинаа.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Борко машала...отиде во Германија и тука главна ѕвезда ќе се прави.Има среќа што Шундо е на клупа инаку она вчера ќе му беше последен настап за репрезентација,а ако ни е селектор некој како Вујовиќ ќе јадеше шамари пред 4.000 души.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
По не знам кој пат се потврди дека ни е потребна една национална навивачка група... .
одавна зборам дека треба да се има организирано навивање за репрезентација во било кој спорт. И така ќе се има посебно место на трибина, па кој сака да навива ќе иде во таа група а вака не може раштркано во сала 200 - 300 души да покренат песна и да направат атмосфера која многу значи за добра атмосфера и за добар резултат.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.356
Поени од реакции
8.459
одавна зборам дека треба да се има организирано навивање за репрезентација во било кој спорт. И така ќе се има посебно место на трибина, па кој сака да навива ќе иде во таа група а вака не може раштркано во сала 200 - 300 души да покренат песна и да направат атмосфера која многу значи за добра атмосфера и за добар резултат.
А не е по арно наместо да се прави некоја нова навивачка група за реперезентациите да се презнае дека скопје не е ракометен град и никогаш не сте имале ниту ќе имате ракометни навивачи освен во инцидентни ситуации/резултати(кометал ,металург или сега 4 на европско) па вие до пред две години кале не го полневте за репрезентацијата се е вештачка творба и со сила направено до страна на РФМ михајло и начевци се разбира голема вина има и владата што не прави или ги реконстирира салатите во Велес во Битола итн..
Значи да се разбереме група која ќе ја бодри репрезентацијата во ракомет ја има и постои Чкембари и не треба да се прави нова Н.Г. или измислува топла вода(некоја фаланга ..) само треба тие копилината од ск да ги донесат играчите во Битола !

ps.Со други зборови да се изнамочам на метрополата со СС или ПС или какви не беа скопјани и со 5-6 Н.Г. кога не може репрезентацијата да добие подршка на бараж меч значи да повторам бараж меч а не некој натпревар во група со некој слаб противник туку меч кој решава кој ќе игра на светско првенство Да му ебам се живо на начевци и михајло !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom