Once Upon a Time

  • Креатор на темата Креатор на темата Anon
  • Време на започнување Време на започнување

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.787
Поени од реакции
27.909
Локација
Скопје

T8AJr.jpg

Нова ТВ серија која се емитува нa ABC(Lost, Desperate Housewives, Scrubs итн) и чија премиера беше годинава на 23 Октомври. Интересна(или барем за мене) комбинација на реалност и бајкa. Ја имаме Џенифер Морисон во улогата на Ема(28) која работи како кауционер. Паралелно ја имаме бајката за Снежана и 7-те Џуџиња и лошата вештерка. Вештеркава ќе фрли некоја црна магија во шумата што ќе ги зароби сите и времето ќе запре. Еден пророк ќе им каже дека единствена надеж за нив е детето кое го носи Снежана. И дека тек за 28 години ќе се појави за да ја имаат финалната битка. Во меѓувреме на Снежана и Принцот им се раѓа ќерката и ја ставаат во ормар кој ќе ја телепортира во реалноста.​

Искрено, многу ми се допадна првата епизода и сигурно ќе продолжам да ја гледам. Највеќе ради актерската екипа:​

FRDDk.jpg

Малиот е интересен, снежана е преслатката Џинифер Гудвин од He's Just Not That Into You, пророкот е Robert Carlyle(Trainspotting, Stargate) и се разбира Џенифер од Хаус <3. Ми се допаѓа севкупната атмосфера во серијата... има убави ефекти и фотографија.​
 
Првите две епизоди се прилично добри.. ова го пишувам како човек што не сака вакви fantasy ствари (книги, филмови, игри..) :)
 
Ги изгледав првите четири и ми се допадна. Мада малку too much fairy tale for me, но сепак ме заинтересира.
 
Зашто бе пауза? Зашто? :mad:
Иначе ја изгледав за 2 дена, ептен ми фати око... ме врати во детството. :)
Ми се свиѓа постојаното движење реалност-бајка, актерите се одлични, али како ја погодиле Снежана... мх, мх, се заљубив. :love:

Еве го промово, морав да го изгледам
со оглед на тоа како ја завршија последната eпизода... зашто? :(
 
Ивица и Марица... ако на некој не му текна :)
 
Чекам да се соберат барем 11 епизоди да ги режам и да ги изгледам :D
 
И на оваа серија се навлеков.
Хм, интересно дејствие, да здивнеме малце од другите серии со една ваква. :)

Ама сега пауза па 13 епизода, кој ќе чека :)
 
ок е онака за тепање време кога е досадно, интересна но на моменти и многу дебилна (дијалози најчесто), ама се трпи некако
 
Јас ја преќинав некаде 4-5 епизода бидејќи ми стана досадна, дијалозите ми беа понекогаш дебилни, и изгледаше како на мистериите да им нема крај. Открија некои работи, или пак уште се вртат во маѓепсан круг?
 
Јас ја преќинав некаде 4-5 епизода бидејќи ми стана досадна, дијалозите ми беа понекогаш дебилни, и изгледаше како на мистериите да им нема крај. Открија некои работи, или пак уште се вртат во маѓепсан круг?
Според мене цело време се врти во круг, се откриваат нови работи, али никако никој да се сети што се случило за да тргне напред.
Има и дебилни моменти, навистина, но за тепање време е добра.
Штом си ја прекинал, ич не ни почнувај, ќе испадне да ја гледаш ради реда.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom