Game of Thrones

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.111
Поени од реакции
9.051
The Man што убива за Ајра е до сега најинтересен лик.Посебно зошто цело време збори за себе во трето лице.
Jaqen H'ghar се вика, типот не е од Westeros и затоа чудно збори. Одличен лик е, се сложувам.

За епизодава не знам што друго да кажам освен што беше одлична и уживав од почеток до крај. Фајнали имаше доста акција (Sandor Clegane badass extraordinary). Имаше премногу промени, но ниедна не ми пречеше и сите добро се вклопуваат. Ако ништо друго влева доза на неизвесност како ќе се одвиваат работите понатаму. На крај бев wtf?! o_O

Qhorin Halfhand - одлична глума и дијалог, хајлајт ми беше овој пат.
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Леле ми иде да го скинам тој Теон, одвратно копиле.

А Џон Сноу ме курчи, што е морален до безвест и најдосаден лик од сите. Критичарите сигурно ќе кажат дека публиката го сака дека е поштен али реалноста вика дека публиката мрази такви ликови зашто се досадни.

Сезонава почнува со акциите. По 5 епизоди со политика, е од сега почнува војната. Едвај чека да дојде 9тата епизода (според креаторите најголемата битка прикажана на телевизија) Ќе биде интересно!
 
Член од
22 август 2011
Мислења
326
Поени од реакции
346
Па добро е што има и еден таков лик, покрај сите други ликови кои се способни за се, без никакво принципи Џон, барем за мене, е право освежување.:)
Епизодава беше страшно добра, не трепнав додека ја гледав, освен на крвавите сцени кои ги имаше во изобилство.

Ама станува се пожестоко.
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.744
Поени од реакции
49.354
Од епизодава може да заклучам дека изгледот може да лаже

и дека Џон Сноу е педер што не беше тешко да се претпостави...
 
ErT

Console Dude
Член од
17 ноември 2007
Мислења
2.208
Поени од реакции
265
Најдобра епизода во втора сезона досега. :cuc:
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Шо мрчита па вие за Сноу. Покрај сите искривоколчени карактери, матни игри и сплетки, мора да има карактер што ќе дава баланс. Супер си е ликот.

Туку како ќе ми беше мило Теон да си го кркне на спиење. Не знам кого повеќе мразам, него или Џофри. И да се сложувам дека убиецот што и должи три убиства на Ајра е генијален лик. Го има едвај една минута во серијата, а го краде вниманието, што значи дека го бива човекот.

П.С. Патем фејворит сцена од серијава ми беше кога Тирион го рашамара Џофри. Мх, мх мераци:icon_mrgr:
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
кој ли ги украде змаевите? и кај се изгуби советникот на Калиси ич не го дадоа
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.652
кој ли ги украде змаевите? и кај се изгуби советникот на Калиси ич не го дадоа
Ја типувам на тој грдиот, што личи на Пјерлуиџи Колина.
 
Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.111
Поени од реакции
9.051
и дека Џон Сноу е педер што не беше тешко да се претпостави...
Сети се за каков карактер се работи и чив син е, па потоа наврати се на заклетвата што тој и Sam ја дадоа кога стапија во Night's Watch. Ygritte го знае тоа и намерно го провоцира за да ја види неговата посветеност и лојалност. Го тестира за да види дали е можно да го придобие кон каузата на Mance Rayder, или пак во целиот тој "комфорт" да искористи невнимание и да избега.

Ликови кои не ги поднесувам во серијава се Ros (ја нема во книгите) и Shae (исто толку досаден лик колку и во серијава). За мене лично Jon Snow е супер лик, имаше неколку не толку интересни сцени но биче боље, целата приказна околу него и северот е одлична. Like father, like son :)
 
I

Iblis

Гостин

Still gay. Црвенокосата го масираше со газето, а он побара да да прекине? More like Jon Rainbow :D
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.744
Поени од реакции
49.354

Сети се за каков карактер се работи и чив син е, па потоа наврати се на заклетвата што тој и Sam ја дадоа кога стапија во Night's Watch. Ygritte го знае тоа и намерно го провоцира за да ја види неговата посветеност и лојалност. Го тестира за да види дали е можно да го придобие кон каузата на Mance Rayder, или пак во целиот тој "комфорт" да искористи невнимание и да избега.
знам бе баце, знам. Чисто онака кажувам, ја да бев на негово место ќе го јадеше сосе снег и мраз таЈа. :icon_lol:
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Џон Гејсноу... к'ко не му беше срам ја не знам..? :)

И помошничката на Калиси ја убија, изреволтиран сум. Не и остана никој, ова Дотраките ги потепаа до еден... Теон е џубре невидено, многу добра сцена со обезглавувањето и дијалогот пред неа, чито да покаже дека е неспособен ни за ноење одлуки ни за извршување на истите.

Секоја епизода во која Џофри јаде ќотек е јака, посебно Тирион кога го шамара. :)
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Како се вика актеров што убива за Ајра? Морам да го најдам по нетов, го имам гледано во некој филм, јанѕа ме јаде што не можам да најдам кој е.:mad:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom