Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Аман, гледајќи ги каталозиве, повторно иста приказна, скапи ми се гледаат ама изгледа пак ќе се оставам. Ме интересира дали некоја ја има сретнато преведено на македонски Magister ludi т.е. Игра со стаклени перли од Херман Хесе?

Мислам дека Табернакул ја има преведено.
 
Јас бев вчера до Матица, каталогот уште не бил испечатен. За денес не знам.
 
Аман, гледајќи ги каталозиве, повторно иста приказна, скапи ми се гледаат ама изгледа пак ќе се оставам. Ме интересира дали некоја ја има сретнато преведено на македонски Magister ludi т.е. Игра со стаклени перли од Херман Хесе?

Табернакул ја има преведено потврдувам сигурно, ја имам во домашната библиотека.
 
Искрено оваа година не намеравам да се замарам со саемиве освен да најдам 2-3 наслови.
Едната e I, Robot од Исак Асимов, другата Негирање од Кит Аблоу - со години више ја барам како колексионерско парче.

Леле, „Негирање„ е една од најлошите книг што сум ги прочитала. Ич д а не жалиш.
 
Ја имам читано ама поодамна. Некако тоаш ме имаше седнато на теме, шо знам. ама коа сеа го читам Орвел некако ми е клише.
 
Знае ли некој дали постои некаде, некоја информација за тоа кои автори ќе бидат по штандовите на овој саем за книга, и кој ден?
Поточно ме интересира за Венко Андоновски, многу би сакала да ја имам Вештица со негова посвета :)
 
Предложете неколку книги за подарок за роденден, да не биде само многу скапа.
 
Ако ти е за Шуклев... менаџер за една минута... 200 денари :D
Абе немој со вакви муабети, ако прочита женска ти готов си... да не биде многу скапа :D
Сеа не знам што сакаш точно... ја би ти ја препорачал Еквинокс од Мајкл Вајт на штандот од АЕА издавачи, мислам дека беше 150 денари. Нешто како Кодот на Да Винчи е.
Друго, ја фалат Калуѓерот што го продаде своето Ферари, ја не сум ја читал, ама таа 200 денари.
Оваа книга ја немам прочитано, ама го имам гледано филмот и ептен беше добар. Неприметни злосторства (The Oxford Murderers) на sakamknigi.mk пишуваат дека ја имало во некоја издавачка куќа Лагуна, јас таква не видов...
Кажи од која област сакаш книга...
 
Беше објавено само дека Винка Саздова (сопственичката на „Три“, која ја прогласија за најчитан македонски автор за оваа година) ќе биде секој ден на нејзиот штанд.
Инаку Венко Андоновски секоја година потпишува книги и има средба со негови читатели. Оваа година сигурно ќе биде на штандот на „Табернакул“ ама не знам точно кој ден и кој термин.
 
Ако ти е за Шуклев... менаџер за една минута... 200 денари :D
Абе немој со вакви муабети, ако прочита женска ти готов си... да не биде многу скапа :D
Сеа не знам што сакаш точно... ја би ти ја препорачал Еквинокс од Мајкл Вајт на штандот од АЕА издавачи, мислам дека беше 150 денари. Нешто како Кодот на Да Винчи е.
Друго, ја фалат Калуѓерот што го продаде своето Ферари, ја не сум ја читал, ама таа 200 денари.
Оваа книга ја немам прочитано, ама го имам гледано филмот и ептен беше добар. Неприметни злосторства (The Oxford Murderers) на sakamknigi.mk пишуваат дека ја имало во некоја издавачка куќа Лагуна, јас таква не видов...
Кажи од која област сакаш книга...
Абе мислев да не биде 500 денари, не давам толку за книга :D Освен за Менаџмент :pipi:
Го имам гледано The Oxford Murderers, али не знам колку е за женско. Таа со Калуѓерот звучи интересно...
 
“Калуѓерот што го продаде своето ферари“ е самопомош книга скриена во приказна.
 
Никогаш не можете да згрешите со Касни порасни изглеа :)
 
Што нудат Матица годинава, освен тој хрватскиот роман Луна?! Нема никакви новости, ниту на нивниот глупав сајт, ниту пак на Фејсбук фан пејџот. Јас во четврток ќе одам ама сепак сакав од дома да си направам каков-таков список :)
 
Предложете неколку книги за подарок за роденден, да не биде само многу скапа.
Последното нешто од кое бев ептен задоволен е Осаменоста на простите броеви од Паоло Џордано. Ја има во Матица, мислам дека беше 300 ден. Калуѓерот не ми се допадна од причина што не сакам книги за самопомош, иако како што рече statusQuO оваа се обидела да се прикрие. А за мене книга за која никогаш не можете да згрешите е Малиот Принц. Ја има во Матица за 100-че.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom