Челзи покажа како се игра со Барса. Барса имаше повеќе шанси што е очигледно, и треба да се има и среќа против нив, што исто така е очигледно. Секогаш 2-3 пати Меси и Санчез ќе успеат да побегнат, кога нивните волшебници во средниот ред секогаш наоѓаат дупка во одбрната. Ако тоа успее да се одбрани, голема е шансата за успех.
Мислев дека Челзи е сосема друг од 2009 години, затоа што се променија неколку тренери и играчи, али им остана она најважното, имаат муда - а тоа на Барса никогаш не и одговарало.
Од игра да им се постигне гол многу тешко, али кога ќе згрешат во додавањето, јуриш кон гол. Одлични потези имаа Лампард, Дрогба и Рамирес, нема размислување - само кон голот.
Челзи играше многу дисциплинирано, се покриваше.. Штета што Калу не погоди за 2:0, ќе беше многу поубаво пред реваншот.
На реваншот се е можно, aко не прими Челзи брз гол, може да се случат многу работи.. Барса максимално ќе се отвори и тогаш може да следи ладен туш, некоја контра слична на онаа на Милан.
Сите играчи на Челзи изгинаа за клубот. Жал ми е што можеби Мата одигра слабо, али има време да се поправи во реваншот.. Чех, Бане, Кејхил, Рамирес, Микел, Лампард, Дрогба и сите останати.. Така се игра дечки. Може Барса да има и 1000 пасеви, али тие докажаа дека можат да го издржат и тоа.
И секако сега во реваншот го очекувам "платениот убиец", т.е враќање на Овербо од пензија..