Аман бе, си запнал за Горан... ни Горан, ни Бранче не заслужуваат да играат во репрезентација. Патем, Кире мислам дека му е нешто кум на Горан, ама ете не го зема во репрезентација
Вака, можеме со денови да се караме што, како и кој, каде и зошто треба да игра. Прво за Раде Стојановиќ... не сум го гледал во последно време, не знам дали е тоа што беше или не. Во последните три години ако изигра десет мечеви по Источниве земји и во Вардар. Ете го игра сеа во Европа, ќе видиме што и како ќе биде, ако се покаже добро не гледам причина зашто да не се повика за баражот за СП, ама не носете заклучоци по статистики, згора на тоа го немате гледано со години. За Кире Лазаров и неговите „избрзани шутеви“... Кажав и после мечот со Унгарија, многу погрешно се изразуваат нашиве коментатори, какви избрзани шутеви кога има чист простор пред него, речиси и да немаше сериозни блокови. И точно е дека имаме и други играчи што преземаат иницијатива, ама со исклучок на Миркуловски денес ги немаше. Мојсо... изигра три одлични полувремиња, но тоа е, многу е лимитиран со неговата висина, и не е дебел, телевизорот го прави таков
. Миркуловски е фантастичен, единствен играч кој знае да го искористи просторот што се создава поради тоа што противничките одбрани се сконцентрирани на Лазаров. Пикерите феноменални, се надевам дека утре конечно ќе добие шанса Никола Марковски, да видиме за што го бива и него, иако лично мислам дека е многу спор и неподвижен, барем последниот пат кога го гледав, ама како што кажав и за Раде, не сум го гледал долго време. Стоилов добро се држеше, иако одбраните беа исто така сконцентрирани на него. Да се префрлам на крилата... Алушовски мислам дека треба да се повлече конечно од репрезентација, можеби би му дал уште една шанса со баражот, ама доста беше. И вака е подобар од сите крила што ги имаме, ама време е да се даде шанса на помладите. Манасков, па кај беше бре дете вака да играш на ЕП. Го гледав и со Романија во Скопје, а еве и на овие квалификации, детево полека добива во самодоверба, многу е брз, има одличен одраз, не правеше глупости во контрите како на ЕП, значи добитна комбинација... Златко Мојсоски, значи не ми се верува како може професионалец, човек кој сигурно заработува над 2.000 евра месечно од ракометот, ако не и повеќе, да прави престапи на секој натпревар. Да не се навреди некој од Пелистер, ама сигурен сум дека ни таму не би бил стартер. Гоце Георгиевски, детево има изгубено самодоверба, се сеќавам дека пред две-три години, на некои од квалификациите, кога доби шанса на два-три меча по ред, ако не и повеќе немаше промашување. Ојлески, не сум го гледал многу, но ете сакам да добие шанса барем на пријателска, да видиме што знае и умее и тој. Сега малце за неподготвениот, Милан Левов... каков е*ан Мајнов, ова е резервистот за Кире, му помогна на Вардар да се пласира во ЛШ кога имаше 20-21 година, мислам дека беше и најзаслужен... брзо го земаа од Металург и не му дадоа вистинска шанса. Дечкото може да игра и десен бек и десно крило, а со неговата брзина може да се употребува и на средина. Проблемот е што нема некоја висина, но ете ни квалитетна резерва за најмалце две позиции. Стварно е во многу лоша форма, но тука е маестро Червар, според многумина на форумот е врвен стручњак (и ја се согласувам, но не е непогрешлив како што го прикажуваат некои од вас) и мислам дека тој е највиновен за ова што се случува со ракометарот. Околу нашите голмани, нема што тука да се дискутира, стварно станува збор за најдоброто што го имаме во моментот, со тоа што Борко мора да поработи малце на себе. Митровски е исто така добар голман, веројатно за две-три години тој ќе биде главниот меѓу стативите. А Дивиот ми е фаворит, не е толку талентиран голман како Станиќ или Борко, но извлекува и дава максимум од него, секогаш најзапален и крајно мотивиран. Околу резервите... Филип Лазаров, напаѓачки е подобар од сите резервни бекови кои беа повикани во ререзентацијата (еве го исклучувам Раде, ама пак ќе напоменам, повеќето немаме претстава како игра во моментов), Ацо Јоноски, Велко Маркоски и Митков, сите ги имаат сличните предиспозиции на Филип ама пак напаѓачки се послаби од него. Бранислав Ангеловски, прво не е ЛЕВ БЕК туку „принудно“ игра на таа позиција исто како што играат и Мојсо и Миркуловски, ама за разлика од нив двајца, нема ни шут, ни знаење, повисок е и од двајцата, ама не е тоа, тоа... Ацо Јоноски и Велко се одлични дефанзивци, Митков убедливо најлош ракометар на квалификациите и во напад и во одбрана. Велко мораше да работи и на нападот повеќе но проблемот кај него е што нема прецизен шут. Шундо, човекот е за -50 оценка
Не ми е криво за неговото незнаење, криво ми е што не повика доста квалитетни играчи, за да бидат батенцата во тимот. И така Златко и Никола Марковски не изиграа некоја улога, овој вториов не ни влезе во игра. Филип, ни тој не го искористи којзнае колку, Златко изгледа беше на некој допинг што даде четири голови против Унгарија, ама пред тоа направи престап во момент кога можеше да се израмни резултатот. Друго што ме нервира кај Шундо, абе идиот, немој да кажуваш дека си го викнал најдоброто кога имаше бар уште тројца-четворица играчи кои требаше да бидат во тимот
Селекторот мора да се менува, ама како што кажав, проблемот е далеку подлабок и треба целосно да се смени пристапот во репрезентацијата. Инаку утре би сакал во напад да ги видам Манасков---Ф. Лазаров----Столе----Миркуловски---Лазаров---Златко... Ф. Лазаров и Миркуловски би се менувале со Мојсо (а може по некој напат да изиграат и Велко и Јоноски), а Столе со Н. Маркоски. Да беа во тимот ќе беше добро и Левов (да, да, пред Лазаров, нема потреба да се форсира на ваков меч) и Георгиевски да се во стартната постава, со тоа што Левов би го играл и на бек и на крило, а Ојлески да се менува со Манасков, Митревски би го ставил на место на Борко. Ама не сум ниту стручњак, ниту мислам дека којзнае колку добро го напишав постот. Сепак треба со репрезентацијата да водат луѓе кои се разбираат многу повеќе во ракомет, затоа што на Олимијада не се оди со едно десно крило.
Со Пецаковски што се дешава моментално? Едно време покажуваше квалитети, ама повредите го утепаа..добар шут има, а е лев бек.
Води неспортски живот, ќе беше одличен за лев бек, мислам дека нема спас за него (како ракометар се разбира), или мали се шансите да се врати на прав пат (пак како ракометар)