Абе а овој Мајнов зашто не игра ? Знам играше едно време..
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Не тропај глупости молим те!!
--- надополнето: 8 април 2012 во 02:38 ---
Го вметнувам затоа што човекот рече дека сака да прати спортови кај што играчиве имаат отприлика сличен квалитет.....Еве фудбал сите се дудуци -слично нели и тенис...
Аман бе, си запнал за Горан... ни Горан, ни Бранче не заслужуваат да играат во репрезентација. Патем, Кире мислам дека му е нешто кум на Горан, ама ете не го зема во репрезентација

. Миркуловски е фантастичен, единствен играч кој знае да го искористи просторот што се создава поради тоа што противничките одбрани се сконцентрирани на Лазаров. Пикерите феноменални, се надевам дека утре конечно ќе добие шанса Никола Марковски, да видиме за што го бива и него, иако лично мислам дека е многу спор и неподвижен, барем последниот пат кога го гледав, ама како што кажав и за Раде, не сум го гледал долго време. Стоилов добро се држеше, иако одбраните беа исто така сконцентрирани на него. Да се префрлам на крилата... Алушовски мислам дека треба да се повлече конечно од репрезентација, можеби би му дал уште една шанса со баражот, ама доста беше. И вака е подобар од сите крила што ги имаме, ама време е да се даде шанса на помладите. Манасков, па кај беше бре дете вака да играш на ЕП. Го гледав и со Романија во Скопје, а еве и на овие квалификации, детево полека добива во самодоверба, многу е брз, има одличен одраз, не правеше глупости во контрите како на ЕП, значи добитна комбинација... Златко Мојсоски, значи не ми се верува како може професионалец, човек кој сигурно заработува над 2.000 евра месечно од ракометот, ако не и повеќе, да прави престапи на секој натпревар. Да не се навреди некој од Пелистер, ама сигурен сум дека ни таму не би бил стартер. Гоце Георгиевски, детево има изгубено самодоверба, се сеќавам дека пред две-три години, на некои од квалификациите, кога доби шанса на два-три меча по ред, ако не и повеќе немаше промашување. Ојлески, не сум го гледал многу, но ете сакам да добие шанса барем на пријателска, да видиме што знае и умее и тој. Сега малце за неподготвениот, Милан Левов... каков е*ан Мајнов, ова е резервистот за Кире, му помогна на Вардар да се пласира во ЛШ кога имаше 20-21 година, мислам дека беше и најзаслужен... брзо го земаа од Металург и не му дадоа вистинска шанса. Дечкото може да игра и десен бек и десно крило, а со неговата брзина може да се употребува и на средина. Проблемот е што нема некоја висина, но ете ни квалитетна резерва за најмалце две позиции. Стварно е во многу лоша форма, но тука е маестро Червар, според многумина на форумот е врвен стручњак (и ја се согласувам, но не е непогрешлив како што го прикажуваат некои од вас) и мислам дека тој е највиновен за ова што се случува со ракометарот. Околу нашите голмани, нема што тука да се дискутира, стварно станува збор за најдоброто што го имаме во моментот, со тоа што Борко мора да поработи малце на себе. Митровски е исто така добар голман, веројатно за две-три години тој ќе биде главниот меѓу стативите. А Дивиот ми е фаворит, не е толку талентиран голман како Станиќ или Борко, но извлекува и дава максимум од него, секогаш најзапален и крајно мотивиран. Околу резервите... Филип Лазаров, напаѓачки е подобар од сите резервни бекови кои беа повикани во ререзентацијата (еве го исклучувам Раде, ама пак ќе напоменам, повеќето немаме претстава како игра во моментов), Ацо Јоноски, Велко Маркоски и Митков, сите ги имаат сличните предиспозиции на Филип ама пак напаѓачки се послаби од него. Бранислав Ангеловски, прво не е ЛЕВ БЕК туку „принудно“ игра на таа позиција исто како што играат и Мојсо и Миркуловски, ама за разлика од нив двајца, нема ни шут, ни знаење, повисок е и од двајцата, ама не е тоа, тоа... Ацо Јоноски и Велко се одлични дефанзивци, Митков убедливо најлош ракометар на квалификациите и во напад и во одбрана. Велко мораше да работи и на нападот повеќе но проблемот кај него е што нема прецизен шут. Шундо, човекот е за -50 оценка
Не ми е криво за неговото незнаење, криво ми е што не повика доста квалитетни играчи, за да бидат батенцата во тимот. И така Златко и Никола Марковски не изиграа некоја улога, овој вториов не ни влезе во игра. Филип, ни тој не го искористи којзнае колку, Златко изгледа беше на некој допинг што даде четири голови против Унгарија, ама пред тоа направи престап во момент кога можеше да се израмни резултатот. Друго што ме нервира кај Шундо, абе идиот, немој да кажуваш дека си го викнал најдоброто кога имаше бар уште тројца-четворица играчи кои требаше да бидат во тимот
Селекторот мора да се менува, ама како што кажав, проблемот е далеку подлабок и треба целосно да се смени пристапот во репрезентацијата. Инаку утре би сакал во напад да ги видам Манасков---Ф. Лазаров----Столе----Миркуловски---Лазаров---Златко... Ф. Лазаров и Миркуловски би се менувале со Мојсо (а може по некој напат да изиграат и Велко и Јоноски), а Столе со Н. Маркоски. Да беа во тимот ќе беше добро и Левов (да, да, пред Лазаров, нема потреба да се форсира на ваков меч) и Георгиевски да се во стартната постава, со тоа што Левов би го играл и на бек и на крило, а Ојлески да се менува со Манасков, Митревски би го ставил на место на Борко. Ама не сум ниту стручњак, ниту мислам дека којзнае колку добро го напишав постот. Сепак треба со репрезентацијата да водат луѓе кои се разбираат многу повеќе во ракомет, затоа што на Олимијада не се оди со едно десно крило.Води неспортски живот, ќе беше одличен за лев бек, мислам дека нема спас за него (како ракометар се разбира), или мали се шансите да се врати на прав пат (пак како ракометар)Со Пецаковски што се дешава моментално? Едно време покажуваше квалитети, ама повредите го утепаа..добар шут има, а е лев бек.


....
Што да ти кажам бе другар коа многу лошо гледаш на работите....Значи што е проблемот со тебе што не си најдобар хемичар или математичар у Македонија???? Кој е крив? Твојата самобендисаност? Менаџментот на твоите родители?? Не бе брат..... Немаш талент....Така и фудбалерите и ракометарите и кошаркарите...И не Хари - и Алекс Фергусон да застане да ја води репрезентацијата џабе- Нема квалитет...Од авион се гледа дека нашите најдобри играчи се со просечен квалитет и како очекуваш врвни резултати....Разбирам да сме како србите па да бараме виновник за лошите резултати ама кај нас стварно изостанува фонд на врвни играчи... А за тоа што немаме таленти има повеќе фактори како што се немањето добар систем на образование каде за прв пат ке се препознаваат истите, немањето на силни спортски клубови и школи и пред се немањето пари...Епа друже и во фудбалот не се сите исти по квалитет. Репрезентацијата ни ја држат четворица, т.е. одскокнуваат од останатите, а тоа се Пандев (НАПОЛИ) Попов (ДИНАМО К.) Новески (МАИНЦ-капитен) Трчковски (АПОЕЛ). Значи знам за Пандев и Попов дека имаат брака. Дали тие бараат нивните брака да играат за репрезентацијата??? Брат му на Попов играше пред да стане член на Оксер и беше по своја заслуга викнат и неколку утакмици кога играше за Оксер.Бидејки грееше клупа во ОКСЕР не беше стандарден во репрезентацијата, а Филип кој грее клупа во ВАРДАР игра, ама нема веза ако е квалитетен нека игра(АМА НЕ Е). Сашко Пандев играше и во Динамо Загреб, но не доби шанса да игра за репрезентацијата бидејки не заслужи. Ниту Пандев реагираше на тоа ниту се пожали туку продолжи да игра. И на крај Попов се степа со Седлоски ако не се секаваш, па не побара да го избркат од репрезентација туку за доброто на тимот и се смирија....Но во фудбалот друг е проблемот. Проблемот таму е во Хари и компанија но тоа е веке друга тема....
Другава тема е затворена па да прашам тука да ми дадете линк до видео за она кога Петерсен го турнал Диви ? ако има ..
Лазаров: Со Бразил ке играме за Фалангата
http://www.mkd.mk/24635/sport/lazarov-so-brazil-ke-igrame-za-falangata/

Лазаров: Со Бразил ке играме за Фалангата
http://www.mkd.mk/24635/sport/lazarov-so-brazil-ke-igrame-za-falangata/