Бразил-Македонија (8.4.2012 14:15 ч), Скандинавиум арена, Гетеборг

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Абе а овој Мајнов зашто не игра ? Знам играше едно време..
 

Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.196
Поени од реакции
959
Не тропај глупости молим те!!
--- надополнето: 8 април 2012 во 02:38 ---

Го вметнувам затоа што човекот рече дека сака да прати спортови кај што играчиве имаат отприлика сличен квалитет.....Еве фудбал сите се дудуци -слично нели и тенис...
Епа друже и во фудбалот не се сите исти по квалитет. Репрезентацијата ни ја држат четворица, т.е. одскокнуваат од останатите, а тоа се Пандев (НАПОЛИ) Попов (ДИНАМО К.) Новески (МАИНЦ-капитен) Трчковски (АПОЕЛ). Значи знам за Пандев и Попов дека имаат брака. Дали тие бараат нивните брака да играат за репрезентацијата??? Брат му на Попов играше пред да стане член на Оксер и беше по своја заслуга викнат и неколку утакмици кога играше за Оксер.Бидејки грееше клупа во ОКСЕР не беше стандарден во репрезентацијата, а Филип кој грее клупа во ВАРДАР игра, ама нема веза ако е квалитетен нека игра(АМА НЕ Е). Сашко Пандев играше и во Динамо Загреб, но не доби шанса да игра за репрезентацијата бидејки не заслужи. Ниту Пандев реагираше на тоа ниту се пожали туку продолжи да игра. И на крај Попов се степа со Седлоски ако не се секаваш, па не побара да го избркат од репрезентација туку за доброто на тимот и се смирија....Но во фудбалот друг е проблемот. Проблемот таму е во Хари и компанија но тоа е веке друга тема....
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Со Пецаковски што се дешава моментално? Едно време покажуваше квалитети, ама повредите го утепаа..добар шут има, а е лев бек.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.001
Поени од реакции
5.635
Аман бе, си запнал за Горан... ни Горан, ни Бранче не заслужуваат да играат во репрезентација. Патем, Кире мислам дека му е нешто кум на Горан, ама ете не го зема во репрезентација :pos:

Вака, можеме со денови да се караме што, како и кој, каде и зошто треба да игра. Прво за Раде Стојановиќ... не сум го гледал во последно време, не знам дали е тоа што беше или не. Во последните три години ако изигра десет мечеви по Источниве земји и во Вардар. Ете го игра сеа во Европа, ќе видиме што и како ќе биде, ако се покаже добро не гледам причина зашто да не се повика за баражот за СП, ама не носете заклучоци по статистики, згора на тоа го немате гледано со години. За Кире Лазаров и неговите „избрзани шутеви“... Кажав и после мечот со Унгарија, многу погрешно се изразуваат нашиве коментатори, какви избрзани шутеви кога има чист простор пред него, речиси и да немаше сериозни блокови. И точно е дека имаме и други играчи што преземаат иницијатива, ама со исклучок на Миркуловски денес ги немаше. Мојсо... изигра три одлични полувремиња, но тоа е, многу е лимитиран со неговата висина, и не е дебел, телевизорот го прави таков :pos:. Миркуловски е фантастичен, единствен играч кој знае да го искористи просторот што се создава поради тоа што противничките одбрани се сконцентрирани на Лазаров. Пикерите феноменални, се надевам дека утре конечно ќе добие шанса Никола Марковски, да видиме за што го бива и него, иако лично мислам дека е многу спор и неподвижен, барем последниот пат кога го гледав, ама како што кажав и за Раде, не сум го гледал долго време. Стоилов добро се држеше, иако одбраните беа исто така сконцентрирани на него. Да се префрлам на крилата... Алушовски мислам дека треба да се повлече конечно од репрезентација, можеби би му дал уште една шанса со баражот, ама доста беше. И вака е подобар од сите крила што ги имаме, ама време е да се даде шанса на помладите. Манасков, па кај беше бре дете вака да играш на ЕП. Го гледав и со Романија во Скопје, а еве и на овие квалификации, детево полека добива во самодоверба, многу е брз, има одличен одраз, не правеше глупости во контрите како на ЕП, значи добитна комбинација... Златко Мојсоски, значи не ми се верува како може професионалец, човек кој сигурно заработува над 2.000 евра месечно од ракометот, ако не и повеќе, да прави престапи на секој натпревар. Да не се навреди некој од Пелистер, ама сигурен сум дека ни таму не би бил стартер. Гоце Георгиевски, детево има изгубено самодоверба, се сеќавам дека пред две-три години, на некои од квалификациите, кога доби шанса на два-три меча по ред, ако не и повеќе немаше промашување. Ојлески, не сум го гледал многу, но ете сакам да добие шанса барем на пријателска, да видиме што знае и умее и тој. Сега малце за неподготвениот, Милан Левов... каков е*ан Мајнов, ова е резервистот за Кире, му помогна на Вардар да се пласира во ЛШ кога имаше 20-21 година, мислам дека беше и најзаслужен... брзо го земаа од Металург и не му дадоа вистинска шанса. Дечкото може да игра и десен бек и десно крило, а со неговата брзина може да се употребува и на средина. Проблемот е што нема некоја висина, но ете ни квалитетна резерва за најмалце две позиции. Стварно е во многу лоша форма, но тука е маестро Червар, според многумина на форумот е врвен стручњак (и ја се согласувам, но не е непогрешлив како што го прикажуваат некои од вас) и мислам дека тој е највиновен за ова што се случува со ракометарот. Околу нашите голмани, нема што тука да се дискутира, стварно станува збор за најдоброто што го имаме во моментот, со тоа што Борко мора да поработи малце на себе. Митровски е исто така добар голман, веројатно за две-три години тој ќе биде главниот меѓу стативите. А Дивиот ми е фаворит, не е толку талентиран голман како Станиќ или Борко, но извлекува и дава максимум од него, секогаш најзапален и крајно мотивиран. Околу резервите... Филип Лазаров, напаѓачки е подобар од сите резервни бекови кои беа повикани во ререзентацијата (еве го исклучувам Раде, ама пак ќе напоменам, повеќето немаме претстава како игра во моментов), Ацо Јоноски, Велко Маркоски и Митков, сите ги имаат сличните предиспозиции на Филип ама пак напаѓачки се послаби од него. Бранислав Ангеловски, прво не е ЛЕВ БЕК туку „принудно“ игра на таа позиција исто како што играат и Мојсо и Миркуловски, ама за разлика од нив двајца, нема ни шут, ни знаење, повисок е и од двајцата, ама не е тоа, тоа... Ацо Јоноски и Велко се одлични дефанзивци, Митков убедливо најлош ракометар на квалификациите и во напад и во одбрана. Велко мораше да работи и на нападот повеќе но проблемот кај него е што нема прецизен шут. Шундо, човекот е за -50 оценка :pos: Не ми е криво за неговото незнаење, криво ми е што не повика доста квалитетни играчи, за да бидат батенцата во тимот. И така Златко и Никола Марковски не изиграа некоја улога, овој вториов не ни влезе во игра. Филип, ни тој не го искористи којзнае колку, Златко изгледа беше на некој допинг што даде четири голови против Унгарија, ама пред тоа направи престап во момент кога можеше да се израмни резултатот. Друго што ме нервира кај Шундо, абе идиот, немој да кажуваш дека си го викнал најдоброто кога имаше бар уште тројца-четворица играчи кои требаше да бидат во тимот :) Селекторот мора да се менува, ама како што кажав, проблемот е далеку подлабок и треба целосно да се смени пристапот во репрезентацијата. Инаку утре би сакал во напад да ги видам Манасков---Ф. Лазаров----Столе----Миркуловски---Лазаров---Златко... Ф. Лазаров и Миркуловски би се менувале со Мојсо (а може по некој напат да изиграат и Велко и Јоноски), а Столе со Н. Маркоски. Да беа во тимот ќе беше добро и Левов (да, да, пред Лазаров, нема потреба да се форсира на ваков меч) и Георгиевски да се во стартната постава, со тоа што Левов би го играл и на бек и на крило, а Ојлески да се менува со Манасков, Митревски би го ставил на место на Борко. Ама не сум ниту стручњак, ниту мислам дека којзнае колку добро го напишав постот. Сепак треба со репрезентацијата да водат луѓе кои се разбираат многу повеќе во ракомет, затоа што на Олимијада не се оди со едно десно крило.

Со Пецаковски што се дешава моментално? Едно време покажуваше квалитети, ама повредите го утепаа..добар шут има, а е лев бек.
Води неспортски живот, ќе беше одличен за лев бек, мислам дека нема спас за него (како ракометар се разбира), или мали се шансите да се врати на прав пат (пак како ракометар) :)
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
Раде порано беше прав деснорак бомбардер, а и одлично знаеше да асистира. Не памтам да сме имале таков десен бек освен Манасков.
Моментално не знам во каква форма е али се кладам дека и сега на овие години е класа за Филип на левата бековска позиција.
Јасно е зашто не е во репрезентацијата од после Светското 2009 Хрватска, формата негова нема везе со неговото неповикување за репрезентацијата.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Ве исчитав у темата со Шведска и срам да вие шо ги плукате нашиве ракометари! Уште еднаш срам да ви е! Демек јас и вие шо урламе по дома повеќе ја посакувавме Олимпијадата од нив? Ете не бидна тоа на што сите се надевавме и шо сеа треба да ги линчуваме? Истите тие шо ни донесоа толку многу радости и возбуда од Европското, истите тие што им дадоа смисла на нечии животи, истите тие шо не обединија, истите тие на кои им се поклонивме сеа толку бесрамно и бесмилосно да ги плукате? Срамота! Зарем можете да ги погледнете у фаца Стојанче Стоилов, Филип Миркуловски, Наумче Мојсовски, Дејан Манасков, Ванчо Димовски и да им кажете дека не изгинаа на теренот? Дека не изедоа доволно ќотек? Додека светот му се поклонува на нашиот Лазаров ние стално бараме некоја "чинка" за да го обезвредниме и да ја оспориме неговата големина. Која квази реперезентација би биле без него тешко дека некои од вас шо го плукате би сфатиле (некогаш). Одиме понатаму. Ракометот продолжува. Степ бај степ. Утре Бразил па после Австрија. Моменталниот неуспех фрустрира знам, ама нашата подршка им треба сега повеќе од кога било. Не успеаа денес, ама нешто во мене ми зборува дека оваа генерација го нема достигнато својот зенит. Дека најдоброто допрва следува. Тие тоа го заслужуваат.

П.с Јас разбирам критика и добронамерни забелешки, али вие со вашите коментари повеќе личите на стари баби. И да, се сложувам дека треба да се проба со друг селектор. Бразил ќе го папа за се.

 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
Типично ЛИЦЕМЕРИЕ ОД КАПИТЕНОТ:tapp:
Како бе не му е срам да кажува вакви работи?
Сега ако не беа подготвени играчите не знам кога и биле...
Пола репрезентација игра/ше за Металург,силни мечеви,не заебанција....
Кој не беше подготвен..
Зошто не е еднаш маж и нека кажи јавно....тој и тој не изигра како треба..
Или најлесно е вака неопределено да се критикува...
А зошто не си кажи за него?
Зошто тој не изигра ни со 20% од своите можности?
Зошто му фатија преку 15 топки голманите?
Зошто го читаа како буквар кај ќе шутира?
Зошто немаше пас до крило,на играч вишок за нас?
Е тука се гледа колку е лицемер и самобендисан.....
Гледајте го Јернемир, лидер во одбрана на една голема репрезентација,која освојувала злата од сите можни натпреварувања....
Го нарече својот соиграч идиот,тоа е храброст ,да си кажи се како е јавно,а не вака пичкарски,зад грб,неодредено...
Море сиктер таму....
Бара професионалност капитенот,токму тој се однесува непрофесионално и нерационално...класичен лицемер:eek: ....
Ај да го видам нека му се меша на Душебаев во тактиките....
Ќе лета како партал од Мадрид...
Неговата работа е да игра и да биди лидер на екипата,а не да бистри политики,ако сака да изиграва политичар нека оди во политичка партија...:tapp:
 
М

Мартин`

Гостин
Другава тема е затворена па да прашам тука да ми дадете линк до видео за она кога Петерсен го турнал Диви ? ако има ..
 

Man-ce-ster

fanatic
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
707
Епа друже и во фудбалот не се сите исти по квалитет. Репрезентацијата ни ја држат четворица, т.е. одскокнуваат од останатите, а тоа се Пандев (НАПОЛИ) Попов (ДИНАМО К.) Новески (МАИНЦ-капитен) Трчковски (АПОЕЛ). Значи знам за Пандев и Попов дека имаат брака. Дали тие бараат нивните брака да играат за репрезентацијата??? Брат му на Попов играше пред да стане член на Оксер и беше по своја заслуга викнат и неколку утакмици кога играше за Оксер.Бидејки грееше клупа во ОКСЕР не беше стандарден во репрезентацијата, а Филип кој грее клупа во ВАРДАР игра, ама нема веза ако е квалитетен нека игра(АМА НЕ Е). Сашко Пандев играше и во Динамо Загреб, но не доби шанса да игра за репрезентацијата бидејки не заслужи. Ниту Пандев реагираше на тоа ниту се пожали туку продолжи да игра. И на крај Попов се степа со Седлоски ако не се секаваш, па не побара да го избркат од репрезентација туку за доброто на тимот и се смирија....Но во фудбалот друг е проблемот. Проблемот таму е во Хари и компанија но тоа е веке друга тема....
Што да ти кажам бе другар коа многу лошо гледаш на работите....Значи што е проблемот со тебе што не си најдобар хемичар или математичар у Македонија???? Кој е крив? Твојата самобендисаност? Менаџментот на твоите родители?? Не бе брат..... Немаш талент....Така и фудбалерите и ракометарите и кошаркарите...И не Хари - и Алекс Фергусон да застане да ја води репрезентацијата џабе- Нема квалитет...Од авион се гледа дека нашите најдобри играчи се со просечен квалитет и како очекуваш врвни резултати....Разбирам да сме како србите па да бараме виновник за лошите резултати ама кај нас стварно изостанува фонд на врвни играчи... А за тоа што немаме таленти има повеќе фактори како што се немањето добар систем на образование каде за прв пат ке се препознаваат истите, немањето на силни спортски клубови и школи и пред се немањето пари...
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.343
16 страни а уште не е почнат натпреварот...
Инаку алката која што недостасува на квалификацииве и причината поради која изгубивме и од Шведска и од Унгарија е ....


 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Другава тема е затворена па да прашам тука да ми дадете линк до видео за она кога Петерсен го турнал Диви ? ако има ..
на 10..46 има успорена снимка и диви не беше наивен, за глава со раце го повлече, али и шведскиот играч тргна у напад како да решава голот, ама тоа е шведски менталитет идат до крај што повеќе гола да му дадат.

 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom