Бербатов уловен во секси игра со шминкерката Стојчева
Еден од најскапите фудбалери на Манчестер Јунајтед, Бербатов, пред десетина години направил фотосесија со шминкерката Стојчева, а истата е објавена од таблоидот „Њус оф д ворлд“
Димитар Бербатов, фудбалерот на Манчестер Јунајтед и
Силвиа Стојчева, бугарска шминкерка пред десетина години се забавувале, а воедно и снимале фотосесија за машкото списание „Мен“.
По толкав период, конечно сликите се појавуваат на виделина, а Стојчева веднаш излегла со изјава и оправдување на чинот.
- Тоа е нормално. Тогаш бевме млади и половично голи. Никој од нас немаше ангажман, па така ништо лошо се нема случено. Игравме фудбал, а тој ме победи со 10 поени, па следствено на тоа останав гола – изјавила Стојчева.
Британскиот таблоид во целост ги објавил сликите кои се очекува да му донесат проблеми, но и дополнителна популарност на бугарскиот репрезентативец кој до лани играше за Тотенхем.
За бугарскиот репрезентативец, таблоидот, покрај фотосесијата, има додадено и галерија со сите девојки со кои тој се забавувал.
Шо Бате е Братов а
