За Јунајтед да пишам, по елиминацијата од ЛШ секако дека мотивацијата не е иста, ама далеку од тоа незамарање кое што се кажува како некое оправдување за двата порази. За денес убеден бев дека и не знам каква формација да извади САФ многу тешко ќе направат нешто. Барса тешко победува у Билбао, па горе-долу јасно ми беше што ќе се случува. Ама не и дека 3 додавања нема да сврзат цела утакмица. И дека Билбао пак ќе си поигрува со одбраната како на првиот дуел. Не беше незамарање, јасно како ден, али по елиминацијата од Базел, среќен сум што на Олд Трафорд не се случи уште еден дебакл како со Сити. Слична беше утакмицата со Њукасл во ПЛ, ма не знам со кој состав да беа ќе изгубеа комотно. И секоја чест за Билбао, се надевам барем во Премиер Лигата ќе продолжат како што тргнаа.
Но и да не освојат, Јунајтед има млад состав иднината е на нив, со Ферги пак ќе се вратат на врвот и во Европа многу брзо.
И коа веќе почнавте со споредбите со лигите, како еден не спомна дека Леванте до пред ова коло беше четврти на пример, а у последните 15 кола дали имаше 2 победи. Или Малага, со негативна гол разлика ќе игра ЛШ некој од нив. Како еден не спомна дека Реал има 90 гола дадено на 12 гола до крај.(21 победа у последните 22 утакмици у лига) Толку е над Сити и Јунајтед или тоа е индикација за тоа колку е послаба лигата?
Многу слаба сезона за Англија на клупски план, и Сити, а посебно Јунајтед се посрамотија, ама ќе видиме наредната, мое мислење дека ова нема да се повтори и догодина пак меѓу најдобрите ќе доминираат.