SHANE
Др.Акула
- Член од
- 30 април 2008
- Мислења
- 1.453
- Поени од реакции
- 853
Прво,доколку се диагностицира напади на паника(барем ова што ми го кажуваш на тоа личи),мора да се исклучат одредени органски болести кои знаат да ја предизвикуваат таа симтоматика.Значи ова докторите ми иде сите да ги убијам без навреда (и во куќата имам медицинско лице).
Проблемот го пишав еднаш,стегање во градите,тешко дишење, (тогаш и нервоза ме фаќа - с`клет) ми иде од кожата да испаднам. Овие докторите само туку дрндат ништо не ти е,а еве веќе 1 година јас како жаба дишам едвај. Ми рекоа дека нема шанси да е астма,се било океј....
планирам оваа недела да почнам на фитнес да одам малце кардио вежби демек нешто да се промени.....
1)Хипертироза-зголемена штитна жлезда(мери си концентрација на ТСХ хормонот)
2)Феокромоцитом-Тумур на надбубрежната жлежда(контролирај плазматски метанефрин,урински тест за детектирање на метаболитите на епинефринот и норепинефринот,ванилманделна киселина,хомованилинска киселина).Клонидин супресорски тест,дигнат хромогранин А(кој преставува паратироидни секреторни протеин)
3)Пролапс на митрална заклопка(Ултразвучно се гледа,Екг,Аскултација...)
4)Гастроезофагеална рефлуксна болест(Интересна работа е тоа што голем дел од популацијата не знаат дека рефлуксот т.е киселината ,знае често да предизвика симтоми на паника..)
Затоа би ти рекол,подобро посети си лекар и исклучи ги овие болести.
Поз