лекарот може да ја намали дозата на амлодипинот или да ја прекине целосно терапијата со амлодипин префрлувајќи се на друг калциев антагонист дилтиазем или верапамил (а не на нифедипин),
,,За да се справите со едемот, вашиот давател на здравствена заштита може:
- да ја намали дозата,
-да го промени вашиот лек
-или да додаде друг лек:
Диуретиците често се препишуваат заедно со амлодипин.
Сепак, диуретиците
не се секогаш ефикасни за ублажување на едемот како несакан ефект на амлодипин."
.....значи пак ќе се повторам, пишувам за - наши, мое искуство низ наши болници при оток од амлодипин веќе присутен на пациентот лекарот мора да му даде лек, оти пациентот не си оди, не го задоволува ,,ќе помине" ,масирај ја ногата за подобра циркулација" или ,,ќе смениме друг лек и ќе помине по една недела",
...во моментот му аплицира фуросемид кој колку толку ќе го намали нешто од отокот иако не е целосно ефикасен за ова појава.
Не рековме дека не се комбинира, туку дека не помага кај оток индуциран од амлодипин.
Иначе верапамилот или дилтиаземот како алтернатива е лоша опција поради неможноста да се комбинира со бета блокер и контраиндикацијата кај срцева слабост.
...секогаш ми ги ги вртиш речениците, значи пишувам од искуство како препишуваат лекарите, ако има проблем од таков вид на отоци, ако е незабележлив ја намалува дозата на амлодипинот или дава сосема друг лек калциум антагонист како монотерапија спомнав дилтиазем и верапамил, без да напишам за дополнителни комбинации со бета блокатор, па би бил соодветен нифедипинот, тоа не го прават лекарите, дали тука гледаш бета блокатор, ниту даден амлодипин како монотерапија.
Инаку терапијата беше фуросемид+кордипин.
Сега фуросемид+нифедипин
... и уште нешто, изборот на лекарот и негова проценка е дали сака комбинација која е поефикасна, но има поизразени несакани ефекти како што е калциеви антагонисти дилтиазем и верапамил со бета блокатор или сака комбинација според негова проценка на калциев антагонист нифедипин со бета блокатор но со послаба ефикасност, зависи и од болеста и состојбата на пациентот и од лекарската проценка.
Gledas mene ,,na majtap,, me svatila seriozno za serrapeptase , pa ,,kopala na google,, za da redi text.
...форумов Здравје со сите теми не се за водење ,,мајтап", а јас бев културна и се потрудив да ви се посветам ,,а не да копам текст" , со ништо не ве навредив да се однесувате вака со потсмев, нема да ви го навредам образованието, но воспитанието и бонтон ви е на разочарувачки ниско ниво, ќе се потрудам да не ве читам за да не ми реплицирате со ваков сарказам и омаловажувачки, ги почитувам вашите години и нема да ви возвратам на исто ниво, мене ми е жал што тотално погрешно ме сфаќате и не сте воопшто фер како форумски член спрема мене, да имавте отворена опцијата за пораки ќе ви напишев таму,
...се извинувам на другите членови!