Книги кои би ги препорачале

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Ако го почитувате Достоевски ви ја препорачувам - Таткоубиството на Достоевски од Сигмунд Фројд.
Моментално го читам Фројд, зедов три книги, гореспоменатата, Мојсеј на Микеланџело и Еден спомен од детството на Леонардо да Винчи. За првите две имате препорака, третава ќе ја почнам деновиве...
 
Член од
26 февруари 2012
Мислења
38
Поени од реакции
17
Порано никогаш не сум сакал да читам книги особено не лектири за во школо :D
Сега дали стигам во тој дел од животот што самава душа ми бара нешто интересно за читање..

Дај кажете некоја интересна книга психолошка по можност ама со поуки и мудрости и доза на хумор (доколку има таква некоја книга :icon_lol: )

Благодарам :)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292

Калуѓерот што го продаде своето ферари - Робин Шарма
Затоа што те љубам,А Потоа - Гијам Мисо
и сите од Достоевски :)
 
D

Deleted member 55587

Гостин
Џоди Пико - Заедно
ја прочитав и верувајте се заљубив.да не се повторувам,но потврдено е од сите кои ја имаат прочитано дека вреди да се земе во рака.
Без збогување-не ми замерувајте не ми текнува на авторот.
Затоа што те љубам и
А Потоа - Гијам Мисо
(y)да,да и двете книги му се врв исто како и А,што би правел јас без тебе?
сите 3 се бестселери.
Калуѓерот што го продаде своето ферари - Робин Шарма
сега ја читам,па ке видиме понатаму,вака за почеток ми се свиѓа,ми изгледа лесна и за сечиј вкус. :D
ми се свиѓа и на Игор Џамбазов-Прирачник за анти антиалкохоличари,има и што да се научи,а и да се прочита во книгата.:)
 
Член од
13 март 2012
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво , сакам да ве прашам дали некој знае каде можам да ја најдам книгата "Zodiac" ако воопшто ја има во нашива книжарници , или можеби да чекам саем на книга ?
Благодарам.
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Здраво , сакам да ве прашам дали некој знае каде можам да ја најдам книгата "Zodiac" ако воопшто ја има во нашива книжарници , или можеби да чекам саем на книга ?
Благодарам.
Ја има во Топер, баш пред некој ден разгледував.

Инаку, на темата:
Книгата „Чичко Горио“ ми беше дадена за лектира и како за чудо, седнав да прочитам книга што ми е за лектира. Неверојатно многу сум воодушевена од приказната, од начинот на кој е раскажана и од тоа како писателот те тера да се соживееш со целата случка преку ликот на Ежен. Отечена бев цела од плачење -.-
Се раскажува за животот во Париз, за општествените уредувања, за богатите и сиромашните, за нивните морални вредности, за искреноста и татковската љубов. Неверојатно опишано! Фали малку размислување и поттик од некој 50годишен што ја имал прочитано некогаш и начинот на кој сега ја разбира, за да ми остави предобар впечаток. Ја препорачувам на сите.
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Дискворлд серијалот книги од Тери Прачет. Фантазија-комедија е жанрот ама во повеќето мотивот е различен. Една може да биде полициско настроена, друга авантура и т.н.
--- надополнето: 17 март 2012 во 00:32 ---
Дискворлд серијалот книги од Тери Прачет. Фантазија-комедија е жанрот ама во повеќето мотивот е различен. Една може да биде полициско настроена, друга авантура и т.н.
 
Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Ја има во Топер, баш пред некој ден разгледував.
Денес ја барав во Топер (Рамстор и ГТЦ), ја нема. Девојката во ГТЦ провери во компјутер, и ми рече дека никогаш немале таква книга. Освен ако насловот на книгата е некако лошо преведен? Но, немаа книга ниту од Роберт Грејсмит, кој е автор на Зодијак.
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Денес ја барав во Топер (Рамстор и ГТЦ), ја нема. Девојката во ГТЦ провери во компјутер, и ми рече дека никогаш немале таква книга. Освен ако насловот на книгата е некако лошо преведен? Но, немаа книга ниту од Роберт Грејсмит, кој е автор на Зодијак.
Ne e istata.
Sea proguglav da vidam kako izgleda ovaa od Robert Graysmith, ne e taa.
Ovaa bese zelena debela kniga so liljakovi bukvi I ilustracija na koricata sto ja vidov, ama ne sum sigurna od koj pisatel e.
Izvini ako ja te izmaltretirav da proveruvas...
 
Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Ne e istata.
Sea proguglav da vidam kako izgleda ovaa od Robert Graysmith, ne e taa.
Ovaa bese zelena debela kniga so liljakovi bukvi I ilustracija na koricata sto ja vidov, ama ne sum sigurna od koj pisatel e.
Izvini ako ja te izmaltretirav da proveruvas...
Значи твоја грешка?
Одамна ја барам книгата, па се зачудив за Топер.. бидејќи пeчатат многу малку добри книги, па одамна не сум бил кај нив. И поради тебе, денес отидов да проверам.. ама ништо. :)
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Дружината на синиот галеб :)
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
„Последното предавање“ - Ренди Пош, многу лесна за читање, а сепак ќе ве натера да размислите за она што навистина вреди во животот;
„Сестрата на Зигмунд Фројд“-Гоце Смилевски
„Москва на солзите не им верува“-Валентин Черних , задолжителна за сите романтици
„Оркански височини“ - Емили Бронте, уште една за романтиците
и уште милиони други,овие ми текнаа во моментов :)
 
Член од
1 август 2009
Мислења
453
Поени од реакции
960
За оние кои се фанови на фантастиката (а сèуште не чуле за оваа книга) и за оние кои сакaат да прочитаат нешто интересно, убаво, епско и не-епско, ја препорачувам The Name of the Wind на Patrick Rothfuss, прв дел од неговиот The Kingkiller Chronicle.

Објавена е уште во 2007, а мене лани ми падна во очи во една книжара. Ми се допадна корицата, цитатот на задната страна и она што го прочитав листајќи низ страниците. Одамна немав прочитано книга без однапред да знам нешто за неа, па веројатно и затоа ми остави така силен и добар впечаток. После првите неколку страни се решив да читам побавно за подолго да уживам во книгата и да го продолжам пријатното изненадување. Затоа нема да кажувам многу и да расипувам можни впечатоци, па предлагам тие кои ќе се решат да ја читаат да не ја истражуваат претходно. Јас во постов ставив линкови за оние најљубопитните и за оние кои им треба повеќе поттик за да се одлучат, но книгава најдобро е да се чита со tabula rasa став.

Инаку, објавен е и вториот дел, The Wise Man's Fear. Ротфус сèуште работи на третиот, The Doors of Stone. Во меѓувреме, тие што чекаат можат да го читаат неговиот блог - интересен е.

Колку што знам превод на македонски нема, на српски е во издание на Лагуна (вториот дел им е поделен на два дела). Не знам дали може да се најде во книжарите кај нас, но затоа Интернетот е тука.

Еве слика од корицата која толку ми се допадна:

16052012965.jpg

Инаку, сите изданија на книгава, и на англиски и на другите јазици имаат одлични корици (како и повеќето книги од фантастиката). Оние кои сакаат fantasy art и слично, дефинитивно нека ги изгуглаат. Дури и Ротфус има постови за странските изданија на неговиот блог.

Еве го цитатот од задната страна:

‘I have stolen princesses back from sleeping barrow kings. I burned down the town of Trebon. I have spent the night with Felurian and left with both my sanity and my life. I was expelled from the University at a younger age than most people are allowed in. I tread paths by moonlight that others fear to speak of during day. I have talked to Gods, loved women, and written songs that make the minstrels weep.

My name is Kvothe.You may have heard of me.'

16052012968.jpg

Еве ја и корицата на The Wise Man's Fear:

16052012971.jpg
 
Kajgana Shop

На врв Bottom