Книги кои би ги препорачале

  • Креатор на темата Креатор на темата JeCILaDy
  • Време на започнување Време на започнување
Ако имаш слободно време, прочитај ја. Нема да зажалиш
Да, но зошто ја препорачуваш? Идејата ми е за да препорачаш некоја книга треба да спомнеш нешто што би го заинтригирало читателот да ја започне.
Инаку да, и мене ми се допадна книгата, одамна ја читав.
 
“Залуденост од заљубеност“ - Горјан Петревски.
Па ако сакате едноставно дефинитивно многу лесна книга за читање, и сте расположени за детски приказни од седмо одделение ,ова е вашата книга. Пред се за сите кои сакаат Македонска литература. Не би препорачувал сега странска ова она... зашто подобро од наше/Свое... никогаш :pipi:
Се на се, интересна книгичка, името звучи многу Ау Патетикс. но не, не читам љубовни романи па книгава ми остави одличен впечаток така да...пробајте ја доколку сте расположени за опуштање на мозокот :)
 
Препорака за "Илјада неверојатни сонца" од Калед Хосеини
Книга полна со емоции, животни трагедии на авганистанците, посебно нивните жени и ќерки, влијанието на советите и талибанците врз уништувањето на вредностите, семејството и државата во целина. Сето тоа опишано преку животите на Маријам, Лејла и Тарик.

Nana said, “Learn this now and learn it well, my daughter: Like a compass needle that points north, a man’s accusing finger always finds a woman. Always. You remember that, Mariam.
Because a society has no chance of success if its women are uneducated, Laila. No chance.”
Прекрасна книга. Ја исплакав цела книга, од почеток до крај. :place:
--- надополнето: Oct 29, 2011 9:51 AM ---
Колекционер - Џон Фаулс

Навидум симплифицирано започнува оваа книга се состои на два главни дела, два светови на перцепција: машкиот и женскиот. Машкиот едноставен, буквален, полн со монотонија и предвидлив. И женскиот: комплексен, полн со искушенија и посебни индивидуални правила и... Немањето смисол за животните желби - лабилноста.
Истотака тука има и поедина анализа на Ликови
Фредерик Клег - човекот со слаби вештини за сврзување разговор (Social skills) индивидуалист со тапија. Подготвен на секакви проникливи идеи од страна на Миранда.
Од друга страна Миранда, девојка со благородничка душа, богата во дух и инспирација. И превртлива (како резултат на живони лекции).
Фредерик е опседнат од Миранда и не може да го замисли животот без нејзиното присуство во него. Таа негова опседнатост ќе ја чини Миранда нејзината слобода. Наводно, Фредерик по добиената голема сума на пари од лотарија, ќе скова план за нејзиниот затвор биде далеку поудобен. а за него - посигурен. Тој купува една голема куќа на 30тина километри од било кое населено место. И по одредено време ја киднапира Миранда....

Понатаму, останува интересно.
Книгава не е во некој стил на новокомпонираниве трилери каде се` те води до неизвесност, Но... тоа што погодува е филозофско психолошката анализа во самата книга. Кому му се има допаднато Игра во `ржта за ова нема промашај.
Еј книгава одамна сакам да ја прочитам. Можеш ли да ми кажеш каде можам да ја најдам? :)

Во или-или. Тие стојат зад издавањето на оваа одлична книга.
 
Фауст од Гете каде да ја најдам?
барав во локалниве книжари во Скопје ама ја немаат, ве молам пишете многу ми е важно
 
Фауст од Гете каде да ја најдам?
барав во локалниве книжари во Скопје ама ја немаат, ве молам пишете многу ми е важно
Во градска библиотека ги има двата дела, а верувам и дека по локалните библиотеки исто.
 
Од македонската литература, би ги препорачал "Вештица" од Венко Андоновски и "Големата Вода" од Живко Чинго. Два прекрасни романи кои според мене се на ниво на светската книжевност, а предност е и тоа што се напишани оригинално на македонски јазик, па нема губење на одредена атмосфера во преводот. Од светската литература би ја препорачал "Браќа Карамазови" и "Ѕвонарот од Богородичната Црква во Париз".:)
 
Фауст од Гете каде да ја најдам?
барав во локалниве книжари во Скопје ама ја немаат, ве молам пишете многу ми е важно

Доколку немаш проверено во Матица, побарај таму. Јас пред една година ја купив за 250 денари. Ми се чини дека нема ново издание бидејќи ги продаваат само книгите кои останале од поранешната издавачка куќа Мисла.
 
Ниче Димовски - Најголемата вистинска тајна на светот
книга со многу позитивни и мотивирачки пораки
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom