Книги кои би ги препорачале

  • Креатор на темата Креатор на темата JeCILaDy
  • Време на започнување Време на започнување
Од Халед Хосеини "1000 неверојатни сонца" и "Ловец на змејови". Втората е подобра, барем според мене. Секако и првата е добра, многу. Ја препорачувам.
 
Сакам да и поклонам книга на девојка ми па добро би ми дошла некоја препорака ;)
 
Шепнувачот (The Whisperer) од Донато Каризи
Едноставно напишан но многу заплеткан трилер кој ги допира темните агли на умот сериските убијци...да не издавам премногу, за љубителите на крим-техниката исто така интересен затоа што во истрагите прилично се бави со профилирање и цси-стил на прибирање физички докази.
 
Сакам да и поклонам книга на девојка ми па добро би ми дошла некоја препорака ;)
Пффф, така се правело тоа. Можеби не сака да чита некој одреден жанр, па џабе се препораките тука. Мојот да ми купи некоја самопомагачка од глава ќе му ја треснам. Затоа прво ме распрашува одоколу дали има некоја што ми запнала за око.:)
Ај да не бидам оф, Американска трагедија од Драјзер секогаш и секаде ја препорачувам.
 
За помладите би ја препорачала „The Hunger games“ трилогијата.
Не знам дали ја има на македонски.
А за позрелите или барем за тие што не се љубители на авантура/научна фантастика...
„Мулен Руж“ од Пјер Ла Мир, и секако, „Злостор и Казна“ од Достојевски, во случај некој да ја нема прочитано досега. :)
 
^ Достоевски. :facepalm:
Патем, „99 франци“ од Фредерик Бегбеде и „Тело“ од Ханиф Курјеши.
Постмодернистички елементи дополнети со остар стил на пишување и црн хумор.
 
Сакам да и поклонам книга на девојка ми па добро би ми дошла некоја препорака ;)

http://www.amazon.com/Relationships-Dummies-Dr-Kate-Wachs/dp/0764553844

51VozIsb4uL._BO2,204,203,200_PIsitb-sticker-arrow-click,TopRight,35,-76_AA300_SH20_OU01_.jpg
 
Достоевски*
Јас се извинувам до паметњаковичот :)

Но ако се изговара приблжно до оргиналот, тогаш би било ДостоЈевски., затоа и така го напишав.
 
Некој добар трилер ако може да ми предложите?




Ако не ти е проблем да читаш на англиски, ти ја препорачувам „Shadow man“ од Cody McFadyen.
Мислам дека нема да зажалиш. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom