Zdravo. Imam problem so devojka mi, odime okolu 2 godini i osven nekoi sitni karanici nemame problemi golemi. Sega ima eden problem sto mnogu me maci, pa resiv da ve prasam vas sto mislite. Devojka mi celo vreme mi prefrla za toa deka ne sum polozuval se na fakultet, deka ne gledala idnina so mene, deka sum i bil kako propalica na nekoj nacin a toa sto jas ke go zavrsam fakultetot za 5ili 6 godini ne mora da znaci deka jas nema da bidam covek koj sto ke moze da si obezbedi pristoen zivot vo nasava zemja. I ona vika deka nemozela da gleda kako nemam uspeh so fakultetot, ne bila sigurna deka so mene moze da ima idnina i celo vreme zbori za toa. Jas mislam deka toa ne treba da i menuva mnogu, deka ako vistinski me saka ke me saka kakov sto sum i ke veruva vo mene. Sto mislite vie, dali e vo pravo, dali smee toa da i bide presudna rabota za da ostane so mene?Dali stvarno i e do toa ili saka da mi raskine, stvarno neznam.
Болдот 1 и болдот 2 немаат апсолутно никаква врска едно со друго. Ти може и да си најдобар студент во генерацијата и таа пак да не гледа иднина со тебе и да ѝ бидеш како „пропалица“. Сепак, болдот 2 е поважен: дали ти ќе го завршиш факултетот за 5 или 6 години? Со други зборови, дали ти е во план да го завршиш факултетот?
Ако ти е во план, таа треба да си ја затне муцката и да не ти бара повеќе отколку што ти си си испланирал да постигнеш. Ако факултетот трае 4 години (нагаѓам), а ти завршиш за 5 или 6, тоа сепак е завршување на факултетот. Јасно, ќе имаш изгубено 1 или 2 години, но и тоа не е стриктно - ако отидеш, на пример некаде во странство, или работиш за тоа време, тоа не се смета за изгубено време.
Ако таа сака да ти раскине, тоа не е заради факултетот, туку поради нешто друго. Ако таа сака да остане со тебе само заради тоа што ќе имаш факултет, а ти раскине ако немаш, прашај се дали ти сакаш да останеш со неа, зашто тоа е прилично плитка причина да се биде со некого.
Најважно е следново: заврши го факултетот. Тоа не ти зависи ниту од девојката, ниту од кого било друг. Малку девојката остави ја на страна и посвети му се на учењето. Ако таа стои на своето мислење, ќе те остави и нема да те вознемирува и дури и ќе те поддржи.
Поздрав и со лесно.
--- надополнето: 27 февруари 2012 во 02:24 ---
Абе дај помагајте, се затрескав ко несалам во едно девојче уште од јуни ланската година...го сретнав зад факултетот додека бев во книжарата, бев да копирам нешто со еден другар и излезе дека тој ја знаел само малку, октомври ја најдов на Facebook и успеав да зборнам малку со девојчето ама не знам ни сам како да ја наговорам што да и речам да излеземе на едно кафе, таа е на друг смер на истиот факултет, ко изгубен сум по девојчето али незнам што да напрам за да и го покажам то, што да направам за да го забележи то .....
Кажи ѝ нешто како „Здраво, што правиш попладнево/вечерва/термин-којшто-ти-одговара? Би сакал да излеземе на кафе.“ Веднаш ќе забележи.
Како таа понатаму ќе изреагира е друго, но твое е да прашаш.
--- надополнето: 27 февруари 2012 во 02:28 ---
One question to all!
Што ако вашата ‘‘вистинска‘‘ љубов е платонска и ужасно се срамите да и пријдете на личноста која ви предизвикува пеперутки,кога се поздравуваш се топиш и остало?
Помисли на тоа дека, додека ти се топиш, некој ѝ приоѓа, ја вика на кафе, муабет и слично и потоа таа се заљубува во него и тоа не баш платонски. И тоа преминува во вистинска врска којашто трае цел живот, исполнета со љубов, среќа, семејство и прекрасен заеднички живот.
И потоа помисли на тоа дека тој „некој“ може да бидеш баш ти, ако ја викнеш на кафе.
И потоа викни ја на кафе.
Со лесно.