Колку и да навивам за Манчестер, колку и да ги сакам, морам да признаам дека ојде сезонава..ништо не не спасува. (За Премиерлига зборам, ама и за ЛШ и ФА Куп важи). Со ваква игра нема далеку да стигнеме. Со Тотенхем се спасивме некако, денес немаше шанси да се спасиме.
Фергусон го става Видиќ во напад...ц ц ц ц, па подобро било кој друг него Видиќ!
За Гигс реков, не го бива ни хот-догови на стадион да продава.
Видно ме изненади Фердинанд! Како можеше да направи неколку бесмислени киксеви? Посебно кога му ја поклони топката на Ајрланд, добро е што се спасивме тогаш, не примивме гол.
Нападот = 0
Одбраната = -2
Средината = 1
Па 90 мин. не успеавме да створиме права шанса, оние 2-3 не беа прави, често промашуваме од тие позиции.
Сега се надеваме Арсенал да киксне против Блекбурн. Ама не се они ко нас, Венгер убаво ја поставува играта, не се брзоплети како нас.
И да киксне Арсенал, џабе ќе е пак, затоа што со ваквата игра до крај тешко да тепаме неколку утакмици во низа.
Фергусон треба да си поднесе оставка. Нека дојде некој подобар од него, више не го бива. Во последно време се ја утнува тактиката, формацијата и играчите со нивните задачи.
Се обратно прави.
А ние овде се нервираме.