Македонска берза

ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
634
Поени од реакции
620
Мене ме плаши таа акција на комерцијална до каде може да оди, зошто има драстично зголемување во последно време...Искрено во овој период за мене е интересна акцијата на Алкалоид зошто по мое мислење таа ке го достигне нивото на 4900 денари пред делењето на дивидендата...исто така има континуиран раст. Акцијата на Фершпед од секогаш ми беше примамлива ама никогаш не се осудив да тргувам со неа....
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Мене ме плаши таа акција на комерцијална до каде може да оди, зошто има драстично зголемување во последно време...Искрено во овој период за мене е интересна акцијата на Алкалоид зошто по мое мислење таа ке го достигне нивото на 4900 денари пред делењето на дивидендата...исто така има континуиран раст. Акцијата на Фершпед од секогаш ми беше примамлива ама никогаш не се осудив да тргувам со неа....
Ej drasticno zgolemuvanje, ti znaes sto se slucuvase 2007 =)
 

fearless

in Arsenal we trust!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
185
дајте совет на краткорочно инверсирање влез-излез... сеа да се земат пред дивиденда да се шитнат... 3-4 месеци максимум капиталот да е на берза
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Ej drasticno zgolemuvanje, ti znaes sto se slucuvase 2007 =)
Еве дел од тоа што се случување во 2007/8

Makpetrol bi trebalo uste da raste :helou: ...barem do 150 000

singo, 26 ????? 2007

Si gi docekav jas moite 150 000 :smir:

Odime sega do 250 000 (Mart 2008 otprilika)

singo, 10 ?????? 2007


Po moe gi gledam: Komercijalna nakaj 9-10000,STB 2000,SBT 20tina iljadi.Isto i mislam deka TTK e dobra investicija.

A za makstil mislam deka na dolg plan nad 1500 ke odi i site RZ so nego ke rastat.

HossDelgado, 15 ??? 2007


jas seuste stojam na tvrdenjeto deka na makstil mu e cenata 1500,na SBT 20000,na STB 2000

HossDelgado, 1 ???? 2007


ZPKO ni na kraj pamet ne prodavaj ako imas ako nemas kupi si dodeka e eftina, zosto 15 000 za ZPK e eftino.

Daniela, 8 ???????? 2007

Dokolku se dvoumote togas pocekajte go MBI10 na 4999 pa pocente da kupuvate.

Jakov, 26 ????? 2008

дајте совет на краткорочно инверсирање влез-излез... сеа да се земат пред дивиденда да се шитнат... 3-4 месеци максимум капиталот да е на берза
КМБ, МТУР, АЛК, ама и изгледа и многу други играат на таа карта.
 

ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
634
Поени од реакции
620
Ej drasticno zgolemuvanje, ti znaes sto se slucuvase 2007 =)
Тоа нема да се случе во скоро време...кај нас е мал пазарот, нема нови инвеститори, особено не институционални така да...тешко дека нешто посебно ќе го размрда пазарот...барем до тој степен како во 2007-2008
 
Член од
30 мај 2011
Мислења
554
Поени од реакции
130
ОффТопик: Друже, пред 5-6 години завршив со студирање, што немаше врска со сметководство (и економија).
Не ми беше идејата да ти контрирам, сосема те сфаќам што сакаш да ми кажеш.
Сепак Стефус подобро објасни што би можеле да бидат причините за вакви ценовни падови/растови, т.е. аномалиите на мала берза како што е нашата.

Туку нешто го нема Креативец да ни каже што направил со Мак Турист, гледам цените на акцијата растат.
Добро е друже во понеделникот ги земав по 2750 а денеска земав тплф по 2400.Ме плаши тоа што европските берзи се во минус а нашата е во плус и незнам до кога ќе потрае ова вака,но по мoјте претпоставки и моето искуство не уште многу.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Добро е друже во понеделникот ги земав по 2750 а денеска земав тплф по 2400.Ме плаши тоа што европските берзи се во минус а нашата е во плус и незнам до кога ќе потрае ова вака,но по мoјте претпоставки и моето искуство не уште многу.
Светските берзи се во плус во послендните 3-4 месеци. Нашата почна да расте последниов месец. Јас мислам дека ќе расте подолг рок 1 година стагнираше/паѓаше.

Офтопик Најдов некаде дека МБИ 10 бил формиран во Декември 2004 со вредност од 1000 а во 2007 беше 10000 за 3 години 10 пати. Секоја будала купуваше акции. Се сеќавам на муабетот со еден тип, семкар кај мене пред зграда имаше дуќанче. Во 2007 ми вика дека и он купил акции и го прашувам ако одлучи која акција па вика „син ми учи за лекар па, купив од Алкалоид“. Е тоа кажува се за тоа што се случувало тогаш.
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Европските берзи растеа последниве 2-3 месеца а нашата паѓаше (краткотрајна дискорелација) и сега го надохнадува тоа со тоа што расте повеќе од европските, ова задоцнување е заради малиот број играчи и немањето на инстутиционални вложувачи, така да се чекаат големите играчи да купиваат па се надоврзуваат и средните н крај и малите, така е тоа кај нас, затоа имаме нагли растови или падови кој не секогаш се поврзани со дневно актуелните состојби во мкд или европа.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
И денес добри вести од мк берзата, пораст на акциите на МБИ10 за 1,11%.

Се сложувам со Цезар, нашата берза треба да надокнади што каснеше зад светските берзи, мада ова максимум да потрае до сезоната на дивиденди. После тоа лесно може да се врати во летаргијата од минатата година.
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Двете сценариа се берзата да расте до акционерските собранија за гласање дивиденди а подоцна да паѓаат или и понатаму да растат или да задржат вредност и по исплата на дивидендите. Јас мислам и се надевам на поповолното второто затоа што сметам дека растот рано почна, за да биде само годишен раст пред дивиденда, генерално годините наназад тој раст почнуваше некаде после 15 март а не од 1 февруари, мислам дека долго време никој не сакаше да биде прв, секој чекаше малку да тргне берзата па и они да вложат, реално околностите се такви, светска криза, евр. должничка криза и сл. реално овие неповолности веќе беа вкалкулирани во цените на акциите и повеќе не вршат притисок надолу. Ако ме следите ќе видите дека уште од ноември декември очекував раст на берзите и раст на доларот. Доларот тогаш беше 43-44 па отиде и до 48 а сега е 46,5 , европските берзи значително пораснаа а еве и нашата го следи тој тренд.
 

STARTER

Firestarter
Член од
31 август 2007
Мислења
935
Поени од реакции
246
Владата годинава може да се прости од дивидендите од Телекомот


Иако Владата на Република Македонија се навикна редовно, од година во година, да зема дивиденди од „Телекомот“ како малцински акционер, тоа ова година нема да се случи.
Отпишувањето на дел од приходите од планот за во иднина или признавањето на „оштетувања на добра волја,“ кои се наведени во финансискиот извештај на „Маѓар Телеком“ за 2011 година, заради што компанијата само во земјава покажа загуби од 108,7 милиони евра, значи дека десетиците милиони евра, кои Владата редовно ги добиваше од Телекомот, оваа година нема да се слеат во буџетот.
Преклани, во 2010 година, државата зеде 41 милион евра од вкупната сума предвидена за дивиденди од 105 милиони евра за 2009 година. За 2010 година, сумата која Телекомот ја подели лани за дивиденди изнесуваше 97 милиони евра. Имаше дури и години кога Унгарците биваа замолени да не ја изнесуваат добивката веднаш или целата одеднаш, туку да почекаат додека да се подобри состојбата во националниот буџет. Годинава од тоа нема да има ништо.
Инаку, она што е интересно и проблематично, истовремено, е фактот што ваквото отпишување доаѓа неполни два месеци откако „Маѓар Телеком“ направи спогодба во САД со тамошната Комисија за хартии до вредност да плати казна од 95 милиони долари за скандалот со давање мито во Македонија и Црна Гора.
Треба да се знае дека отпишувањето или оштетувањето кое „Маѓар Телеком“ планира да го претрпи во однос на планираните приходи во иднина не се вистински пари и дека оваа мерка е резултат на тнр. преносливост на парите.
„Преносливост на парите значи да се избегне трошок на едно место за да може да се плати нешто на друго место, тоа е еден вид на скриена резерва,“ вели економскиот аналитичар, Сем Вакнин. Тој, инаку додава дека не може да се каже дека постои директна врска меѓу ова отпишување и плаќањето на казните во САД. Компаниите, според сметководствените стандарди, имаат право да отпишуваат вредност од разни причини, меѓу кои и за амортизација, на пример, вели тој.
Но, Вакнин, сепак, додава дека плаќањето казни на ваков начин преку отпишување на вредноста на имотот или намалување на плановите за идните приходи е редовна пракса на компаниите и тоа особено кога станува збор за плаќање казни во САД според законот по кој е казнет и „Маѓар Телеком“, а тоа американскиот Закон за корумпирани практики во странство.
„Сличајот со Маѓар Телеком не е уникатен. Секоја година, според овој закон, во САД се казнуваат 300-400 компании и најголем дел од нив, ако не и сите, вршат разни отпишувања во имотот или планираните приходи за да можат да прикажат загуби или намалени добивки и од неисплатените дивиденди да ги платат казните. Така што, за ова дури и може да се каже дека е вообичаена пракса,“ вели Вакнин.
Тој и додава дека компаниите немаат никаква обврска, ниту етичка, камоли, пак, законска, да даваат дивиденди. Ти можат слободно да ги задржат профитите кај себе со објаснување дека е економска криза или дека едноставно сакаат да имаат дополнителни резрерви или дека сакаат да направат нови инвестиции. Дивидендите се прва жртва кога има рецесија или некаков проблем, а тоа се покажа и во 2008 година, вели Вакнин.
Во секој случај, останува прашањето зошто „Маѓар Телеком“ реши да направи отпишување неполни два месеци откако беше казнет во САД и тоа само во Македонија, а не и во Црна Гора, каде што, исто така, според обвинението, има случај за мито, или, пак, во Унгарија.
Унгарскиот деловен портал „Портфолио“ денес објави дека инвеститорите се прашуваат дали можеби вакво отпишување нема да се случи и во Црна Гора.
ИНаку, ако некаде треба да се сменат плановите за идните приходи на компанијата, на пример, тоа би требало да биде централата во Будимпешта зашто „Маѓар Телеком“ во матичната Унгарија бележи пад на приходите од мобилната телефонија веќе 12 тромесечја по ред.

извор:http://www.plusinfo.mk/vest/34426/Vladata-godinava-mozhe-da-se-prosti-od-dividendite-od-Telekomot
--- надополнето: 23 февруари 2012 во 14:11 ---
KMB , ALK и GRNT ми изгледаат како најдобри акции за инвестирање во периодов според текот на настаните на нашава берза ...
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Ако ова е точно, тогаш следниве денови може да очекуваме распродажба на акциите на телеком, што би можело да влијае и на расположението на инвеститорите за купување на други акции.

Edit:
Изгледа ова е некоја утка во информирање на плусинфо. Еве го извинувањето од нив:

Плусинфо.мк Бизнис објави напис со наслов „Владата годинава може да се прости со дивидендите од Телекомот,“ кој се покажа како неточен или за кој, барем, се појавија сомневања дека е точен. Затоа решивме да го тргнеме од сајтот додека не собереме дополнителни информации.

Нашата анализа се базираше врз информацијата дека „Маѓар Телеком“ избриша од плановите за идниот раст на „Македонски Телелком“ 108 милиони евра, како и вестите дека тоа мора да биде наведено како загуба со што фактички би се елиминирала добивката на Телекомот. Потоа, истото ова утрово го објави и познатиот унгарски деловен сајт на англиски јазик, portfolio.hu, цитиран горе, а кој објави и дека заради ова отпишување „Македонскиот телеком“ ќе покаже загуби за 2011. Инаку, portfolio.hu, помно го следи „Маѓар Телеком“ и неодамна објави анкета меѓу аналитичарите за тоа какви ќе бидат финансиските резултати на компанијата.

Инаку, точно е дека овие пари ќе бидат избришани од финансискиот извештај, но, изгледа, за среќа, не во Македонија и не од извештајот на „Македонскиот Телеком“, туку во Унгарија и од добивката на „Маѓар Телеком.“ Ова, вака, барем, ни беше објаснето од наши извори, веднаш откако го објавивме написот. Тоа значи дека Телекомот годинава би требало да подели дивиденди, или дека, барем, ова отпишување во Унгарија не би требало да има влијание врз одлуката за дивидендите овде во Македонија.

Плусинфо.мк Бизнис ќе ја следи состојбата и ќе собере дополнителни информации за да откриеме точно за што станува збор. Во секој случај, засега им се извинуваме на читателите и на „Македонски Телеком.“
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210

„Македонски телеком“ ја заврши ланската година со пазарен удел од 76 отсто во фиксната телефонија и 57 отсто удел на пазарот на широкопојасен Интернет, соопштија во компанијата



Оттаму информираат дека мобилниот оператор „Те-мобајл“ имал 50 отсто удел на пазарот за мобилна телефонија.
На крајот од 2011 година телекомот имал над 161.000 ДСЛ интернет-корисници, што претставува пораст за 6,7 отсто во споредба со 2010 година. Во компанијата информираат дека изминатата година имале 40 илјади корисници на ајпи-телевизија, што претставува зголемување за 33,2 отсто во однос на 2010. Нето-добивката на „Македонски телеком“ и на „Те-мобајл“ за 2011 година изнесува околу 80 милиони евра.
- Сакаме да бидеме цврсти поддржувачи на технолошка револуција во оваа земја, а тоа планираме да го оствариме така што ќе останеме носители на новитетите во Македонија. Ги остваривме планираните проекции и бизнис-плановите за 2011 година, иако работевме во услови на силна конкуренција на пазарот. Во 2012 година ќе ги зајакнеме сите сегменти на нашето работење: говорни услуги, широкопојасен Интернет, ИПТВ-услугата - вели Даниел Сас, главен извршен директор на „Македонски телеком“.
Во телекомот информираа дека интензивната конкуренција во мобилната телефонија, особено во сегментот на припејд и деловни корисници, влијаела на намалувањето на говорните услуги во мобилната телефонија во 2011 година.
--- надополнето: 24 февруари 2012 во 13:28 ---
Инаку добро иде овој месец акциите рипнаа злато и среброто е горе. На сметката на еторо за 3 месеци сум 45% во плус. Таму играм малку поагресивно на другите места сум без левериџ.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Макпетрол побудале.... +10% за еден ден! Од 18,500 на скоро 20,500 ..... машала! Промет од 4 мил (голема веројатност е дека е еден купувач)... и уште поголема веројатноста кој може да биде!
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Макпетрол побудале.... +10% за еден ден! Од 18,500 на скоро 20,500 ..... машала! Промет од 4 мил (голема веројатност е дека е еден купувач)... и уште поголема веројатноста кој може да биде!
Во право си, изгледа фамилијата што владее со фирмата не прашува за цена при превземањето, иако има малку економска логика за тоа.

Од една страна Макпетрол при обрт од 500 милиони евра, има профит од скромни милион и пол евра, од месец во месец го губи пазарното учество, а од друга страна денес понудените акциите биле разграбани.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom