Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВЛАСТА НЕ ДОЗВОЛИЈА ОТКРИВАЊЕ НА АКЦИОНЕРИТЕ ПОД 5%

Ивана Колева

getImageThumbnail.axd
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ велат дека со вакви законски измени ќе се повредат ЕУ директивите и ќе се направи простор за шпекулации на берзата. Опозицијата критикува дека власта не е подготвена за борба против најновите форми на корупција
Пратениците од владејачката коалиција не сакаат законски да се дозволи јавно откривање на имињата на акционерите со удели под 5%. Со четири гласа „за“ и седум „против“ предлог-измените на законите за хартии од вредност и за банките беа отфрлени на вчерашната расправа на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието.
Власта одлучи дека идејата на опозицијата за борба против корпуцијата преку „ситните акционери е задоцнета“ и дека тоа ќе отвори дополнителен простор за шпекулации на Македонската берза. Најжестока дебата се водеше меѓу предлагачот на измените, пратеничката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Кузмановска. Шеќеринска објасни дека пратениците треба да покажат политичка волја за борба против новите форми на корупција. Додаде дека јавните тендери со вака поставените закони може да се доделуваат на компании каде што акционери се јавни функционери, што е директен судир на интереси. Според Шеќеринска, прв чекор за борба против корупцијата е целосно отворање на акционерските книги.
„Ако отворите некоја акционерска книга, дури и без да ги гледате акционерите под 5%, на прв поглед ќе видите дека на листата стојат имиња кои се во роднински врски со први луѓе од владејачката партија. А што станува ако подетално ги разгледаме имињата и на акционерите под 5%?“, рече Шеќеринска. Нејзината колешка Лилјана Кузмановска, пак, ја обвинуваше опозицијата дека не ги познава доволно проблематиката и законите и се повика на аргументот дека Македонија ја има усвоено ЕУ директивата 2004/109, со која се утврдува прагот од 5%.
„Овие барања не држат вода. Тие само ќе го обременат целокупното работење со акциите и системот наложен од ЕУ, во чија регулатива не случајно е поставен прагот од 5%. Не можеме да ја менуваме ние директивата и да се враќаме 20 години наназад“, истакна Кузмановска...
 
МАКПЕТРОЛ СО ОПЕРАТИВНА ЗАГУБА ПРИ НАЈВИСОКИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА

Спасијка Јовановa

Загубата од 244.806.000 денари во 2010 година, најголемиот нафтен дистрибутер во земјава во 2011 година ја претвори во добивка од 25.671.000 денари. Но, во оперативното работење повторно е во загуба од дури 199.767.000 денари

117%


се зголемени расходите за потрошен материјал на Макпетрол во 2011 година во однос на 2010 година
З
агубата од 244,8 милиони денари во 2010 година, најголемиот нафтен дистрибутер во земјава во 2011 година ја претвори во добивка од 25.671.000 денари. Но, во оперативното работење компанијата повторно е во загуба и тоа дури од 199.767.000 денари, што е резултат на поголемите расходи од приходи. Со тоа повторно се наметнува прашањето како е можно во услови на драстично зголемени цени на нафтените деривати и во услови кога компанијата не пријавува големи инвестиции, сепак да има оперативна загуба.
Ако се анализира неревидираниот финансиски извештај на компанијата за 2011 година, објавен на Македонската берза, се гледа дека нето-добивката на Макпетрол се должи на ставката „Останати приходи од финансирање“, која според билансот на успех, изнесува 208.390.000 денари во 2011 година. Што значи оваа ставка, односно од каде доаѓаат овие приходи, нема детално образложение. Билансот на успех на Макпетрол покажува дека во минатата година компанијата остварила вкупни приходи од продажба во износ од 24.724.951.000 денари. Од нив, 24.146.692.000 денари се остварени од продажба на домашниот пазар, а 578.259.000 денари од продажба на странските пазари.
Приходите од продажба во 2011 година се поголеми во однос на 2010 година за 16%, при што домашните бележат раст од 15%, а странските од дури 92%.
Оперативните расходи на компанијата се поголеми за 16% во однос на 2010 година и изнесуваат 25.048.906.000. Кај расходите доминира ставката набавка на трговски стоки, која изнесува 22.712.868.000 денари. Интересно е што за дури 117% се зголемени расходите за потрошен материјал.
Билансот на состојба на Макпетрол покажува дека вкупните средства бележат раст од 8%, а обврските на компанијата се зголемени за 14%. Најмногу се зголемени обврските за краткорочни кредити, за 59%, од 1.030.000.000 денари на 1.641.059.000 денари.

Share




RSS
 
Вчера и денес повеќето фирми ги објавија наревидираните биланси за минатата година.
Без да идам во детаљи еве ги добивките/загубите на дел од нив:

Топлификација - добивка од 47,057,000 денари
Гранит - добивка од 380,551,000 денари
Витаминка - добивка од 86,423,000 денари
Реплек - добивка од 97,280,000

Стопанска банка од Битола - загуба од 476,497,000 денари
ОХИС - загуба од 846,857,311 денари
 
http://utrinski.com.mk/?ItemID=4C8BB8ABDD418643BE04DD166C79FD63

Профитите се множат, но кој да купува акции
Најголем дел од компаниите што котираат на Берзата објавија пораст на добивките за минатата година
„Резултатите на компаниите за минатата година главно се солидни. Кај многу од нив добивките пораснале, а кај неколку се слични како 2010, што се смета исто како добар резултат, имајќи ја предвид кризата. Кај некои фирми има мало намалување на добивките, но и кај нив се подобрени билансите, што значи дека е зголемен нивниот квалитет, нивниот потенцијал. Овие податоци покажуваат дека компаниите биле добро менаџирани и дека кризата немала некое негативно влијание врз нивното работење. Кај дел од компаниите што во 2010 имале загуби, за лани има добивки“, објаснува Кирил Митровски, извршен директор на „Инвест брокер“.

Но, според него, и покрај тоа што не само сега, туку и за цело ова време резултатите на топ-компаниите се добри, цените на нивните акции се ниски, што е нетипично за берзанското работење. „Причината е што владее голема неликвидност на Берзата, едноставно нема пари во оптек, ги нема ни домашните, ни странските инвеститори. Факт е дека врз нашата берза влијае општата состојба, пред се' психолошкиот момент поради стоењето во место на патот кон НАТО и Европската унија. Само доколку тие прашања се решат, Берзата може да се раздвижи. Другите берзи во регионот се стабилизираа, се кренаа нагоре, а кај нас тоа оди тешко“, вели Митровски. Според него, доколку на Македонската Берза се вратат странските инвеститори, со овие резултати, цените на акциите на нашите компании сигурно двојно би се зголемиле.
 
прашање ... како може да се провери колку акции имаш во некоја фирма, каде поточно може да се добие информација за ова ... веројатно во Централен Депозитар, ама како се поднесува барање и сл.?
 
Консултирај со твојот брокер, тој може да ти обезбеди извод од сметка од Централен депозитар (најчесто бесплатно).
 
Денес Комерцијална излезе со редовниот јавен повик за годишно собрание
http://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=30259

Во него меѓу другото се предлага дивидендата да биде 200 денари од акција, па да видиме дали ќе биде усвоена при крај на месецов.
 
Денес Комерцијална излезе со редовниот јавен повик за годишно собрание
http://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=30259

Во него меѓу другото се предлага дивидендата да биде 200 денари од акција, па да видиме дали ќе биде усвоена при крај на месецов.

Значи ќе биде иста ко лани, 180 ден (со платени давачки). Не е лошо со оглед на тоа дека имаат полоши резултати во 2011 во однос на 2010.
 
Значи ќе биде иста ко лани, 180 ден (со платени давачки). Не е лошо со оглед на тоа дека имаат полоши резултати во 2011 во однос на 2010.

Да те прашам како и каде (на која сметка) се плаќа данок на дивидендата?
 
Дивидендата ја добиваш со платен данок.

И јас така знам, бидејќи фирмата веќе платила.

Арно ама тоа за УЈП изгледа не важи, ке ти кажам еден пример од саботата, на една госпожа не сакаа да и' ја примат даночната пријава поради неплатен данок на дивиденда.
 
И јас така знам, бидејќи фирмата веќе платила.

Арно ама тоа за УЈП изгледа не важи, ке ти кажам еден пример од саботата, на една госпожа не сакаа да и' ја примат даночната пријава поради неплатен данок на дивиденда.
Баш ме интересира од која фирма е тоа?
Од сите фирми што имам добивано дивиденда, данокот е платен од нив. За тоа праќаат извештај на секого на почетокот на годината.
 
И јас така знам, бидејќи фирмата веќе платила.

Арно ама тоа за УЈП изгледа не важи, ке ти кажам еден пример од саботата, на една госпожа не сакаа да и' ја примат даночната пријава поради неплатен данок на дивиденда.
Гледај дивидендта ти стигнува со платен данок. Но, мораш да пријавуваш секоја година во УЈП.
 
Баш ме интересира од која фирма е тоа?
Од сите фирми што имам добивано дивиденда, данокот е платен од нив. За тоа праќаат извештај на секого, во кој тоа е запишано.

За жал не слушнав за која фирма се работи.

Значи не треба се плати данок на дивиденда, но мора да се пријави во годишната даночна пријава.
 
За жал не слушнав за која фирма се работи.

Значи не треба се плати данок на дивиденда, но мора да се пријави во годишната даночна пријава.
Така е и треба да се однесе доказ дека е платен данокот а тоа е тоа ливче што ти го праќа фирмата колку дивиденда си платил и колку ти платиле данок. Мене ми стигна после тоа решение со заокружување сум бил должен да платам 1 денар данок. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom