Кошаркарска репрезентација на Македонија

Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Стојан Ѓуровски еден од најдобрите младински играчи. (y)
Ист тип на играч како Гајдаџиев, мрдање од линијата 6.75 НИКАКО, а 2.05 е висок мислам.
Ај тоа што дреме на 6.75, шутот му е очаен и дур играше младинска лига кај нас имаше шут 1/10 за 3 поена, Гајдаџиев бар е прецизен колку толку. :facepalm:
А за овој Тод све си мислам дека е исфорсиран од татко му и дека нема капацитет ни во македонска екипа да игра али ајде (дај боже да грешам).
 
Плавиот^

London is blue!
Член од
3 октомври 2011
Мислења
930
Поени од реакции
1.462
Стојан Ѓуровски еден од најдобрите младински играчи. (y)
Ист тип на играч како Гајдаџиев, мрдање од линијата 6.75 НИКАКО, а 2.05 е висок мислам.
Ај тоа што дреме на 6.75, шутот му е очаен и дур играше младинска лига кај нас имаше шут 1/10 за 3 поена, Гајдаџиев бар е прецизен колку толку. :facepalm:
А за овој Тод све си мислам дека е исфорсиран од татко му и дека нема капацитет ни во македонска екипа да игра али ајде (дај боже да грешам).
Мислам дека само во македонија центрите шутираат тројки :cautious:
 
Член од
2 февруари 2012
Мислења
186
Поени од реакции
104

Луизијана тек не зема играчи туку-така, барем не како стипендисти. Ѓуроски е нивни стипендист што значи нешто за разлика од Зафировски, кој првата година сам си ја плаќал, што е реткост во САД за кошаркар што игра во првиот тим и тоа на Дјук. И да бил Стојан како што велиш ти, работата со Карл Мелоун изминатиов период сигурно значела многу. Дечкото има 21 година, ќе видиме дали ќе биде нешто од него....
--- надополнето: 15 февруари 2012 во 13:56 ---
Мислам дека само во македонија центрите шутираат тројки :cautious:
Па не баш...дали ти значат имињата Владе Дивац, Арвидас Сабонис нешто ....
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Луизијана тек не зема играчи туку-така, барем не како стипендисти. Ѓуроски е нивни стипендист што значи нешто за разлика од Зафировски, кој првата година сам си ја плаќал, што е реткост во САД за кошаркар што игра во првиот тим и тоа на Дјук. И да бил Стојан како што велиш ти, работата со Карл Мелоун изминатиов период сигурно значела многу. Дечкото има 21 година, ќе видиме дали ќе биде нешто од него....
Бар мене не можеш да ме убедиш за Стојан бидејќи сум тренирал со него и знам отприлика колку му се можностите, парите чуда прават.
А за тоа колку напреднал треба прво да го видиме во некоја екипа како игра а не на колеџ со деца од 18 - 19 години, нека игра во Грција, Русија, Бугарија, па и кај нас може ете малце се подигна нивото на игра па тек после ова да влезе во поширокиот список, истово важи и за овој Тод.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.652
„Само што почна сезоната незгодно се повредив поради што долго време бев надвор од тимот. Периодот на рехабилитација беше тежок, но полека успевам да се вратам. Свесен сум дека сезонава е веќе загубена за мене, барем за да се обидам да дојдам до поголема минутажа, но веќе се подготвувам за тоа што ќе ме очекува понатаму“, вели талентираниот Ѓуроски.
Човеков истото го изјави и лани :pos: Тогаш можеби беше точно, ама не верувам дека повторно е повреден и оваа година. Исто така во текстот пишува дека е freshman :pos: Како може некој кој има 21 година да биде freshman :pos: Пишува и дека од оваа сезона е дел од Louisiana, и тоа не е точно, дел е од минатата сезона. И не ми е јасно како во подготвителните средби имал просек од 12 поени по натпревар кога беше на првенство за Македонија U-20. И како бил повреден уште од почетокот на сезоната кога има настапи во ноември, декември и февруари, се разбира по минута-две... Работава е немој да ме ј*беш, сакам да се проба Тод оти немаме видено како игра детево, за Ѓуро има време.

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.593
Поени од реакции
14.409
Со Ангола на 2 јули во 23.30 часот

Репрезентацијата на Македонија, сепак, нема да биде слободна на првиот натпреварувачки ден од предолимпискиот турнир што ќе се одржи во Венецуела од 2 до 8 јули. Веднаш по ждрепката беше најавено дека избраниците на Марјан Лазовски ќе бидат слободни, што беше сметано за голем плус бидејќи ќе може на дело во меѓусебен дуел да се видат двата ривали од групата, Нов Зеланд и Ангола. Сепак, во официјалната програма на ФИБА што беше објавена денеска од страна на светската куќа на кошарката беше обелоденето дека Македонија ќе биде слободна дури во третиот натпреварувачки ден, односно во првите два дена ќе ги одигра своите средби со Ангола и Нов Зеланд.

Премиерата на ова големо натпреварување „црвено-жолтите“ ќе ја имаат против Ангола, дуел во кој што Македонија важи за голем фаворит во однос на африканската селекција. Овој меч ќе се одигра во 23.30 часот по македонско време, навечер на 2 јули. Веќе следниот ден, на 3 јули со почеток во 20 часот по македонско време избраниците на Лазовски ги очекува нов предизвик, дуелот со Нов Зеланд кој што според сите прогнози ќе го даде и одговорот која селекција ќе го освои првото место во групата.

На 4 јули, кога Македонија е слободна, селекциите на Нов Зеланд и на Ангола ќе ги одмерат силите со почеток во 17.30 часот. ФИБА дополнително ќе ги одреди термините на одигрување на натпреварите од четвртфиналето и полуфиналето од овој предолимписки турнир, што ќе се одржи во Каракас, Венецуела.

http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=5658
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
освоеното 4 место на последното ЕП на репрезентацијата и отвора нови можности, но и дава и шанса да си ги прибере и децата кои играат во странство, а се родени тука или маат македонски родители!!!
ете тој зороски, тод, ѓуроски, колариќ и такви има сигурно уште некој, треба да се соберат и да се изиграат неколку турнири од барем 4-5 утакмици на турнир, па да се видат сите тие на дело.
едно е јасно-не можиме ништо да изгубиме пошто тие би биле пријателски натпревари, но БАРЕМ 1 да се погоди, би имале многу голема корист!!!
 
Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.198
Поени од реакции
959
Значи јас сум да се проба барем на контролните средби со Тод. Имаме дефицит на позициите 4 и 5 а Тод може да одговори на тие позиции. Антич, Самарџиски се зациментирани на тие позиции. Гечевски е веке во поодминати години мислам дека тоа му се последните месеци во репрезентацијата, а и воопшто во кариерата. Токму Зафировски би бил негова замена. Колку и да е лош не е полош од Чековски. Единствена друга алтернатива е Кирил Николовски. И мислам дека дури после нив т.е. идната година треба да се проба и Коларич како 5ти висок кошаркар. Тоа се нашита идни поквалитетни високи кошаркари. Што се однесува до крилната позиција освен браката Стојановски може да се проба со Стефан Поповски, но јас сепак сум за Зивчевич како трет крилен. Најголем проблем ке ни бидат пелјовите т.е. 1 и 2. Незнам кој би можел да биде замена на Илиевски и Мекејлеб. Соколов не е тоа што беше, Мираковски долго време е повреден. Тука ке имаме сериозни проблеми. Можеби Караџовски би требало да се проба. Незнам кој е поквалитетен моментално од него, а плус и млад е. Богоев е брз, но шутот му е катастрофа, Јане незнам колку би бил добар но тоа е тоа. Треба да се најдат некои талентирани странци со Македонско потекло бидејки ке се молиме Владо и Бо да издржат по 40 минути на терен.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.652
Стојан Ѓуроски ги постигна дебитантските поени во NCAA... Против универзитетот Central Arkansas, Ѓуроски во игра мина осум минути, постигнал четири поени (2/5 за два, и 0/3 за три), имал една украдена топка, три скокови и две загубени топки. Кога успеал да шутен осум пати во рок од 8 минути :pos:
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Човеков истото го изјави и лани :pos: Тогаш можеби беше точно, ама не верувам дека повторно е повреден и оваа година. Исто така во текстот пишува дека е freshman :pos: Како може некој кој има 21 година да биде freshman :pos: Пишува и дека од оваа сезона е дел од Louisiana, и тоа не е точно, дел е од минатата сезона. И не ми е јасно како во подготвителните средби имал просек од 12 поени по натпревар кога беше на првенство за Македонија U-20. И како бил повреден уште од почетокот на сезоната кога има настапи во ноември, декември и февруари, се разбира по минута-две... Работава е немој да ме ј*беш, сакам да се проба Тод оти немаме видено како игра детево, за Ѓуро има време.
Можда од лани ја копирале веста :facepalm:
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Јане ако не го земаат нека се отепаат сите до еден.А мора или Тасовски да го вратат или Бојан Трајковски да го викнат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom