За користење нелиценциран софтвер затворска казна до пет години

Член од
7 март 2009
Мислења
1.173
Поени од реакции
846
Не гледам ништо во постот на Let 3 што би го дефинирал како добро решение. Купување на возило, губење за договор за купопродажба и сите можни документи ќе ги има истите последици - недефинирана сопственост до моментот на докажување.
Инаку без разлика што се изгубени документите продавачот на производот мора да има евиденција, мора да има доказ за уплата (ако е преку интернет, изводи од трансакции и сл.), а најчесто кога се инсталира легален софтвер се пополнуваат и информации за корисникот (оној екран на кој во сите „нормални“ ситуации кликаме натаму). Значи и со изгубени документи (иако се они најелементарен доказ за сопственост), сопственоста може да се докаже, а секако и БСА не може да те казни за поседување на нелегален софтвер ако нема доказ за тоа.

Едит: сега видов Let 3 имал и претходен пост со слична содржина, која посочува на добро решение :)
pLaToOn,јас пак не гледам ништо добро во тоа да платам легален софтвер-во овој случај Windows 7 по цени кои се смешно-високи за нашиов пазар и кои се косат со мојата перцепција за немонополизиран и пазар со реални а не дерикожи-цени со кои на некому во Америка ќе му овозможам да ми наметне "легален" арач! Штосот со оние кои симнуваат и инсталираат Windows кој не е лиценциран е баш во пркосењето,отпорот и подсвесниот револт кој го чуствуваат поради вампирските-фирми како Мајкрософт кои сакаат да бидат единствени на пазарот,ја уништуваат конкуренцијата со подмолни методи и не дерат сите нас со астрономски цени! Колку за помош,еве им на сите еден корисен линк како да се докопаат до поевтина верзија на лиценциран Windows 7,поздрав! >>> http://www.zdnet.com/blog/bott/seven-perfectly-legal-ways-to-get-windows-7-cheap-or-even-free/1533
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718

па што не украдеш кола некоја... исто е бе друже... исто е... сите продаваат некаков продукт... некој тоа го произведува, некој е платен за тоа да го направи а некој треба да го купи... зашто мислиш дека треба безпари да го добиеш? иди во аутомакедонија и побарај безпари кола... или не мора тоа... иди во продавница и побарај чоколадо безпари...нема.. ке треба да го украдеш ако сакаш безпари да го добиеш, па така и со софтверот е... и самиот си пиша погоре “легален и лиценциран софтвер“... не плаќањето на истото е еднакво на кражба... некој има право на сопственост и го продава затоа што така му се сака, негово си е, има труд вложено, а и време а тие коштаат...

а тоа што сега кај нас изгледа строномска цена, да во право си, висока е... можеби власта може да помогне во тој дел со субвенционирање или слично нешто да се нали цената... можеби и неможе, нема ингеренции во тоа поле... еве, пред некој ден само што платив виндовс 7 за во канцеларија... 140 и нешто евра е, за нас тоа е една просечна месечна плата. мегутоа истата цена е и во америка да речеме, или нов зеланд или австралија, а кај нив тоа е една до две дневници... значи исти продукт, по иста цена во цел свет... јбг.. нашиот стандард е многу низок и затоа е астрономско висока цената... барем така ни изгледа. кога би биле тие цени во однос како кај другите (да речеме виндовсот да е 800 денари) верувам дека оваква тема на форумов не би ни имало.. никој нема да се зеза со хакиран виндовс и сите ке имаат комплетно легален софтвер... затоа што за сите ке биде достапен... ако плеснеш 500 и кусур евра за компјутер или лаптоп, па што се уште 2-3000 денари да го напуниш со софтвер...

исто како и кај колите е... ке купиш кола и ке дадеш уште 500-700 евра за добро озвучење.. минорно ниска цена во однос на иницијалната... а кај нас излага ке го купиш компјутерот и треба да дадеш уште толку за софтвер. е па не иде...
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073

Колку споредбата не ти чини изгледа ти EULA ја немаш прочитано, софтверот не го купуваш, туку купуваш лиценца за користење, користењето на нелиценциран односно кракуван софтвер ти е како автомобилите што се даваат рент-а-кар, ти не си ја украл туку само ја користиш без дозвола на тој што ги рента, крадење на софтвер е влезеш во серверите на Микрософт и да го собереш најновиот код за Windows 7 и да го продаваш тоа е крадење.
Најголемата лага - I agree
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
се што е без дозвола е против законски... затоа постојат лиценците...

ајде, зами рента кар кола и вози ја без дозвола... ке те пријават за кражба, па кога ке те фатат (а ке те фатат кад тад) ке одговраш пред законите како за кражба... значи нема тука не правилна компарација туку баш правилна е... ако некој не ти дозволува да користиш нешто што е негово, значи не ти дозволува и ти го крадеш кога го користиш... очи се за гледање, па можеш да го гледаш бесплатно но не и да го користиш...

џабе веземе тука и дрндаме за закони и правила... едноставно тоа е тоа, и знам дека ке дојде ден кога нема да може да се користи нелиценциран софтвер... а дотогаш кој колку ке искористи негово си е... тоа е тоа...

ми се чини дека имаше предлог закон за овие што продаваат компјутери, да не смеат да продадат компјутер без лиценциран софтвер, тоа значи дек апри купување ке мораш да платиш лиценца, макар за бејзик или хоум едишн на виндовс...
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
ми се чини дека имаше предлог закон за овие што продаваат компјутери, да не смеат да продадат компјутер без лиценциран софтвер, тоа значи дек апри купување ке мораш да платиш лиценца, макар за бејзик или хоум едишн на виндовс...
Што ако не кликнам I agree, не сакам да купам компјутер со оперативен систем Windows, сакам некоја Linux дистрибуција, ова што го викаш се коси со анти-монополските закони. ако продаваат компјутер треба или со лиценциран оперативен софтвер Windows или беcплатен Linux или без оперативен софтвер.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
ми се чини дека имаше предлог закон за овие што продаваат компјутери, да не смеат да продадат компјутер без лиценциран софтвер, тоа значи дек апри купување ке мораш да платиш лиценца, макар за бејзик или хоум едишн на виндовс...
Зошто да платам лиценца, кај тоа е одредено дека инсталираниот ОС мора да е Виндовс, има и други оперативни системи со лиценца од 0 (нула) денари....

Второ... зошто да платам за лиценца при купување на компјутер, па нели Виндовсот има грејс период од 30 дена за пробање, после тоа моја одлука е дали ќе ја платам лиценцата или ќе се одлучам за некоја од бесплатните варијанти... значи продавачите ти инсталираат неактивиран оперативен систем.. па после сами одлучуваме..ќе платиме или бришеме...

Трето... не ми е јасно зошто за деловна употреба оперативниот систем мора да е Виндовс, нема никаква потреба од него освен за некои дејности каде што неопходните услужни програми работат само под Виндовс платформа и непостои free алтернатива...

Четврто... кај стопанствениците не беа обештетени за оној непотребен и укинат патриотски софтвер државата на име обештетување би можела да им поклони по една лиценца од Виндовс:D:D:D , парите се горе доле тие но сепак би било поефтино, за купување на поголем број лиценци цената драстично паѓа.
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Како и да е ако правите пари давајте пари шо да ви кажам друго ,компјутерот е само алатка и ништо повеќе е сега дали мајкрософт е загрижен за нашиот пазар па не криви се софтверашите кои прават програма за овој оперативен систем.

Државата треба да ги штити своите софтверски фирми кои плаќаат данок и работат во МК.

Сите други транснационални компании можат да се договорат со владата за обостран бизнис.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Што ако не кликнам I agree, не сакам да купам компјутер со оперативен систем Windows, сакам некоја Linux дистрибуција, ова што го викаш се коси со анти-монополските закони. ако продаваат компјутер треба или со лиценциран оперативен софтвер Windows или беcплатен Linux или без оперативен софтвер.
па мислам дека баш заради тоа и не пројде тој закон...

абе се се сведува на свеста... сега за сега... биди свесен дека треба да си платиш за нешто што го сакаш а се наплаќа... кратко и јасно... се работи за сопствената свесност и достоинство... реков сега за сега...
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
Samo za win zborite a tie sto koristite autocad ili adobe dali ste svesni kolku kosta licenca za niv i deka nikad tie pari nema u ovaa banana drzava da gi izvadite
 
-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Samo za win zborite a tie sto koristite autocad ili adobe dali ste svesni kolku kosta licenca za niv i deka nikad tie pari nema u ovaa banana drzava da gi izvadite
Знаеш ли колку пари е да направиш проект во Autocad? Не мора да правиш за Македонија, можеш и за надвор.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Едноставно решение: Linux и негови дистрибуции и мирна глава. Ubuntu е супер за во канцеларија, па и повеќе од тоа.
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Samo za win zborite a tie sto koristite autocad ili adobe dali ste svesni kolku kosta licenca za niv i deka nikad tie pari nema u ovaa banana drzava da gi izvadite
Ако земеш како претпоставка дека техничка подготовка на една мало списание не се движи испод 200 евра тогаш со 6 такви, односно половина година земање надомест за изработка на месечникот би била еквивалент на цената ЦС5-ка. Секако 6 списанија не се прават 6 месеци без прекин туку во работно време од пример два месеци.
Да, тука треба да се додадат и уште 500 евра за виндоуз и офис, 500 евра за компјутер, но истите и тоа како можат да се заработат со активно работење во останатите 4 месеци.
И, што добивме? 6 месеци за поврат на средствата дадени како основен влог во опрема. А колкав период истите ќе се употребуваат и ќе носат леб на газдата? Па најмалку 2 години без надградба, а потоа уште дополнителна 1 година како втора машина за подготовка, па уште 1-2 за секретарката да куца на неа. Тоа е смешен процент на амортизација. Тоа е инвестиција за која може да сонува секој друг бизнис. Па зарем мислите дека машина за производство на било што се враќа за само половина година работа? Во такви случаи 3 години е добра оптимистичка бројка, која најчесто останува како период предвиден само во бизнис планот а не и реален период на поврат на инвестицијата.
Сакате друга математика? Израчунајте колку време XP кој е сеуште доволен (пред се за канцелариско работење, па и за графика, програмирање и сл.) постои на пазарот - 10 години и неколку месеци. Но ајде, нека биде искористен софтверот само 5 години (иако тоа е нереално мал период за канцелариско работење со оглед на потребите), значи за Win 7 Pro месечно би одвојувале 2,5 евра, за Office H&B 2010 околу 2,5. Па луѓе, тоа се само 5 евра по машина. Интернетот кој ви го јаде секретарката сурфајќи на ФБ чини повеќе. Ајде нека е тоа графичка работна станица, тоа се дополнителни 17 евра месечно за CS 5.5 design studio кој го содржи спојот од трите засега најидеални апликации за графичка обработка (Photoshop, Indesign, Illustrator). 22 евра месечен трошок за софтверот за графичка станица, а дали некој од вас пресметал колку истата заработува??? Еве, нека не е повеќе, ниту пак малку, но цена за графичар по час нека е 5 евра. Месечниот трошок за софтверот ќе го извади за еден ден? Зошто тогаш толку плачење и кукање?
Не зборувам за лиценцирање на софтвер на домашни компјутери, но ве молам, газдата кој го вработил графичарот не сака да даде 22 евра од кои живее, а истите без проблем ќе ги фрли во кафана за да се направи фраер или најмалку 10 пати повеќе за некој мобилен кој нема да знае ни како да го уклучи. Оној кој неможе да заработи 22 евра за трошок за софтвер, треба да го напушти пазарот, а не да го стимулираме да користи пиратски ... истиот тој кој потоа го руши пазарот на труд на кој сите се бориме.
Истото важи и за некој веб дизајнер кој неможе да одвои 20 евра од својот труд за софтверот. Тој ќе прави сајтови по цена од 50 евра, а тоа е само цена со која ќе ја земе работата на некој кој поштено работи, цена за која ќе има незадоволен клиент кој повеќе нема да посака да направи сајт, цена за која ниту самиот ќе може да се прехрани. Па зарем и адвокатот не треба да плаќа 5 евра месечно за Win+Office ... истиот оној адвокат кој тие алатки ги користи за да отвори темплејт, да го додаде вашето име и да ви наплати 1-2000.

Да за лиценцирање на софтверот во бизнис окруженија, не за домашни услови. Можете да зборувате колку сакате, но еве ги бројките, да грубо наведени и пресметани, но проверете ги и сами и кажете ми дека грешам кога велам дека лакот за нокти на секретарката кој го купила овој месец за да го весели директорот не чини повеќе од алатката со која го заработува својот леб и лебот на директорот.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Абе овие инспекториве се дрва невидени .... сеа јас имам 20 лиценцирани виндоуси и нормално не сум луд да плаќам едно чудо пари за офис или анти вирус ... ми викаат да си платам лиценци за антивируси и програми

Следно ако дојдат ке има бесплатна верзија на нод и опен офис или било кој софтвер

Можам да јадам пријава со free trial програми ?
 
Не се они дрва, знаат дека за добар и сигурен виндоњс ти требаат лиценциран антивирус, тоа е проблемот кај виндоњс, за да можеш нормално да функционираш треба цело пакетче програми да инсталираш.
А за free trial незнам, може да бидеш храбар и да се надмудруваш
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Абе овие инспекториве се дрва невидени .... сеа јас имам 20 лиценцирани виндоуси и нормално не сум луд да плаќам едно чудо пари за офис или анти вирус ... ми викаат да си платам лиценци за антивируси и програми

Следно ако дојдат ке има бесплатна верзија на нод и опен офис или било кој софтвер

Можам да јадам пријава со free trial програми ?
Нормално дека не можеш. Но обично инспектори по овие прашања доаѓаат по нарачка, така што може да ти најдат и друга неправилност, на пример нема стикер со серискоит број на куќиштето и слични зезанции...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom