За користење нелиценциран софтвер затворска казна до пет години

Член од
22 јули 2011
Мислења
248
Поени од реакции
267
Се на се, ако Микрософт не смени стратегија, на подолг пат ќе изгуби, може не денес или утре, ама за десет години може Windows да биде тоа што денес е ИЕ.
ИЕ во моментов е најбрзиот браусер, justsaying. Инаку и јас сум работел на Лиценцирана седмица и нема врска муабетот дека цеди 6 гига рам, така да провери се за тројани и остали malware. Инаку моделот на безбедност во XPто беше смешен и затоа добро е што Microsoft почнаа од нула за нов ОС со безбедност што личи на онаа имплементирана во ux системите.
Инаку да не се разбереме погрешно, јас сум горд корисник на Федора од 10ката па наваму и службено и приватно и оперативниот е се подобар и подобар. За без пари дефинитивно е екстра
 
miki002

Фејл гејмер
Член од
18 февруари 2010
Мислења
369
Поени од реакции
269
Јас користам легален софтвер и игрите што ги имам ми се легални (steam), легални не значи и платени, платени ми се само оперативниот систем (виста) и игрите, користам office online, бесплатен антивирус, скајп, мозила....така да за дома ми е доволно. Предност ми е тоа што секогаш кога ќе се појави грешка (околу 5-6 во овие 4 години со виста) правам репорт и ми дава update што веднаш ја поправа грешката. Исто и за игрите, поддршка имаш цело време, играш на добра платформа на сервери каде нефер играчите се банирани, игрите работат на пропишаната конфигурација (нема обемни пресметки за заобиколување на заштитата како кај пиратските :D ...), доста често се крпат дупките во игрите ако ги има... целата ми е да кажам дека кога ќе го платиме софтверот, не го плаќаме само трудот на оној кој го прави софтверот, туку и цела индустрија за обезбедување квалитет и задоволство на клиентите. Во фирмата каде што работам имаме многу пиратски софтвер, но за да добиеме тендери мораа да купат лиценциран софтвер за 3Д кој чинеше преку 40 000 евра (повеќе лиценци) + пари за обука на вработени, во индустријата се интересираат со кој соработуваат, така да проверуваат дали имате купено лиценци за софтверот кој го користите, ако сте ги „изиграле“ софтверските компании - не сте доволно „чесни“ да соработувате со нив...

Како и да е, легалното е 100 пати подобро и незначи дека ако е од голема корпорација е подобро, скоро за се има бесплатна замена со open source и GPL лиценца од мали компании кои се финансираат преку реклами а прават одличен софтвер.
 
energichen

EOTL
Член од
19 септември 2007
Мислења
519
Поени од реакции
75
Народот вика "испружи си ги нозете колку ти е долга чергата", доста веќе со тие муабети дека имаме низок стандард не можеме да си дозволиме да плаќаме итн. Во Америка е забрането да се симнува нелегален софтвер, бидејќи се следат IP адресите и строго се казнуваат прекршителите. Кога веќе не сте во можност да платите за ОС постои многу подобра варијанта (освен ако не се занимавате со 3д моделирање, Фотошоп и сл), некоја од GNU/Linux дистрибуциите (Убунту, Федора и сл.) кои се бесплатни и комплетни.
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Goodbye Microsoft thanks and fuck you ...................

Помина веќе времето на Компјутерите ,добредојдовте во ерата на мобилните и Линукс системите.

Слушам СДСМ и ВМРО сакаат да го купат Линукс системот за да маваат после маржа за авторски права лукаво нели.....................
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
А како смеат да бараат лиценца за нелокализиран софтвер?
Уствари како е допуштено тој да биде увезен и продаван, ми се чини донесовме некој закон за употреба на јазиците!
Оној нецелосен наречиго македонски интерфејс на виндовсот не е локализација на софтвер.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
716
знае ли некој какви се сега казните за фирмите ако не користат лиценциран софтвер?

и ај прашања одма.. нејакм виндовс, сакам линукс... како ке терам сега со документите кои повекето ми се во ворд и ексел и по нешто во пауер поинт? а со драјверите за штампачите и скенерите?

пред нова година, ги тргнав лап топите од фирма. имам еден амд ПЦ и сакам него да го оспособам за легален софтвер т.е. легално да ми седи во оффис...
 
GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.563
Поени од реакции
2.143

Па истите документи можеш да ги отвориш/едитираш во Open Ofise, бесплатна алтернатива на Microsoft Ofice.
 
energichen

EOTL
Член од
19 септември 2007
Мислења
519
Поени од реакции
75
знае ли некој какви се сега казните за фирмите ако не користат лиценциран софтвер?

и ај прашања одма.. нејакм виндовс, сакам линукс... како ке терам сега со документите кои повекето ми се во ворд и ексел и по нешто во пауер поинт? а со драјверите за штампачите и скенерите?

пред нова година, ги тргнав лап топите од фирма. имам еден амд ПЦ и сакам него да го оспособам за легален софтвер т.е. легално да ми седи во оффис...
LibreOffice е компатибилен со MS Office, драјвери нема да ти требаат, бидејќи дистрибуциите одат и со драјвери.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Ова виц е? Или можеби некоја невкусна шега? Па слободно отидете во која сакате јавна установа,може и кај стоматолозите,лекариве,во градските собранија(овие само како пример ги зедов) ,и погледнете дали нивните компјутери имаат инсталирано "лиценциран" софтвер! Кога тие ќе стават,ќе ставам и јас,поздрав ;)
--- надополнето: 18 јануари 2012 во 10:24 ---
ИЕ во моментов е најбрзиот браусер, justsaying. Инаку и јас сум работел на Лиценцирана седмица и нема врска муабетот дека цеди 6 гига рам, така да провери се за тројани и остали malware. Инаку моделот на безбедност во XPто беше смешен и затоа добро е што Microsoft почнаа од нула за нов ОС со безбедност што личи на онаа имплементирана во ux системите.
Инаку да не се разбереме погрешно, јас сум горд корисник на Федора од 10ката па наваму и службено и приватно и оперативниот е се подобар и подобар. За без пари дефинитивно е екстра
Според мене Ubuntu-то е најдобра линукс дистрибуција досега,стабилно е,побрзо од било кој windows(што ги боли најмногу Мајкрософтовците) и ако знаеш да инсталираш програми,тогаш си на "коњот".Луѓево на кои сум и го инсталирал никогаш се немаат вратено повторно на windows,ама тоа се се базични корисници,а такви се 80% од македонците. Посебно одлична опција е Ubuntu software center со кој се решија проблемите со претходните комплицирани инсталирања на програмите!
 
Член од
2 октомври 2009
Мислења
958
Поени од реакции
238
Народот вика "испружи си ги нозете колку ти е долга чергата", доста веќе со тие муабети дека имаме низок стандард не можеме да си дозволиме да плаќаме итн. Во Америка е забрането да се симнува нелегален софтвер, бидејќи се следат IP адресите и строго се казнуваат прекршителите. Кога веќе не сте во можност да платите за ОС постои многу подобра варијанта (освен ако не се занимавате со 3д моделирање, Фотошоп и сл), некоја од GNU/Linux дистрибуциите (Убунту, Федора и сл.) кои се бесплатни и комплетни.
prijatele ako nema download sto ke mi e internet, ke se otkazam a mislam deka nema da bidam edinstveniot
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
ако почне кај нас да се применува законов тогаш ке треба проект затворти 2014та. пошто кај нас 99% се користи пиратерија! користат лиценца само фирмите ептен дека мораат. ова обичниов народ ма све пиратско има дома!!!
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
248
Поени од реакции
267
Ова виц е? Или можеби некоја невкусна шега? Па слободно отидете во која сакате јавна установа,може и кај стоматолозите,лекариве,во градските собранија(овие само како пример ги зедов) ,и погледнете дали нивните компјутери имаат инсталирано "лиценциран" софтвер! Кога тие ќе стават,ќе ставам и јас,поздрав ;)
--- надополнето: 18 јануари 2012 во 10:24 ---

Според мене Ubuntu-то е најдобра линукс дистрибуција досега,стабилно е,побрзо од било кој windows(што ги боли најмногу Мајкрософтовците) и ако знаеш да инсталираш програми,тогаш си на "коњот".Луѓево на кои сум и го инсталирал никогаш се немаат вратено повторно на windows,ама тоа се се базични корисници,а такви се 80% од македонците. Посебно одлична опција е Ubuntu software center со кој се решија проблемите со претходните комплицирани инсталирања на програмите!
Не си во право, државата има договор со Мајкрософт и целиот софтвер во државна администрација е легален! Јас лично сум бил во допир и со лекари и со фармацевти кои што си платија лиценци за Windows пошто тоа им го бараа од инспекциските служби. Сите проектантски фирми мора да имаат легален пакет на Аутокад или Архикад и без да покажат доказ за лиценци не им прифаќаат проекти никаде.

Од друга страна за домашна употреба и за програмери што не зависат од Мајкрософт доволна е и било која Линукс дистрибуција. Секој си има преференци, јас ја претпочитам Федората ти Убунтуто и тука нема муабет пошто за вкусови не се дискутира.
Единствено за што на домашен корисник би му требал Windows е за играње игри пошто во моментов нема доволно наслови за Линукс а и тие што ги има не се нешто посебно.
 
miki002

Фејл гејмер
Член од
18 февруари 2010
Мислења
369
Поени од реакции
269
Користете легален софтвер - помалку ке ве боли ако ова се спроведе.
Windows 7 home е доволно евтина варијанта за оние кои сакаат да играат игри, јас лично имам vista home premium (беше тогаш 6800 МКД) и игрите кои ги играм се купени на Steam, a Warcraft III TFT (за Дота) ми е купена од Англија уште на времето... останато користам бесплатен антивирус, Office live на web. Немам никакви проблеми, а порано кога и да се јавеше некој проблем со ОС, само ја пријавував грешката до Микрософт и веднаш добивав пакет закрпи што ја поправаа истата. Можам да кажам дека сум задоволен од легалниот софтвер и предностите што ги носи. Сакам да платам за она што го користам (софтверот) поради 2 причини:
1. За самиот труд што е вложен за изработка на програмите/игрите;
2. За корисничката поддршка / официјалните сервери.

П.С. За компаниите кои користат софтвер како алатка за работа / правење пари, не треба да е скап специјализираниот софтвер (3Д дизајн, анимација, обработка на фотографии, 2Д дизајн...), исто како што не се ценкаме за квалитетен хардвер/машина.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom