За користење нелиценциран софтвер затворска казна до пет години

The_Freelancer

Хиперактивен интелект
Член од
7 октомври 2008
Мислења
438
Поени од реакции
16
Секое лице кое што во иднина неовластено ќе користи софтвер, фонограм, видеограм или топографија на интегрални кола, може да одлежи затворска казна и до пет години. Ова се предвидува со новиот Законот за авторски и сродни права, според кој неовластеното користење на авторско право, се изедначува со кривичното дело кражба и ќе се третира како кражба на интелектуален имот.

Целите на донесување на новиот Закон, кој беше денеска претставен во просториите на Американската стопанска комора во Македонија (AmCham), се да се востанови нов режим на колективно остварување на авторското право и сродните права кој ќе функционира поефикасно.

Претставникот на Business Software Alliance, Валентин Пепељуговски истакна дека при имплементацијата на новиот закон биле следени искуствата на државите членки на ЕУ.

„Мислам дека јавноста во Македонија, компаниите, корисниците на авторските дела и авторските права ќе мораат да сфатат дека секое неовластено користење на авторско право ќе се третира како кривично дело, за што ќе се одговара согласно кривичниот законик, во кој се предвидена казна затвор до пет години“, изјави Пепељуговски.

Оценувајќи дека Македонија со новиот закон ги исполнува европските критериуми, Пепељуговски сепак напомена дека имплементацијата на Законот не може да се спроведе преку ноќ, поради актуелната економска состојба.

Претседателот на Координативно тело за интелектуална сопственост (КТИС) Мите Костов, потврди дека во изминатите години во Македонија биле регистрирани големи повреди во сите делови на заштита на авторските права и тоа во речиси сите индустриски производи.

Притоа Костов наведе дека КТИС доследно на терен го спроведува Законот за авторски и сродни права преку инспекции и упати апел до сите оние кои што не знаат како да заштитат авторско право, да се обратат до ова тело.

„Ќе бидат посетени сите фирми, кои што досега не биле посетени од инспекциите. Ова не треба да се сфати како некаков притисок, туку сакаме јавноста да знае дека работиме согласно законот“, рече Костов, додавајќи дека во проверката на софтверите нема да бидат изземени ниту медиумските куќи.

Наведувајќи дека КТИС редовно процесирала казни за нарушување на авторските права, Костов се пожали дека судовите досега биле кочничари на спроведувањето на овој закон, но изрази надеж дека таквата состојба ќе се промени, со оглед на тоа, како што рече, во Македонија постои политичка воља овој закон да се спроведува.

Извор: Tocka

Кои се шансите ова да им успее?
 
BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
487
Немаме стандард за да купуваме оригинален софтвер. Мислам дека тешко кај нас ќе успее, но ако гледаме од друга страна импелментацијата на овој закон претставува одлична можност за казнување на народот и фирмите за полнење на буџетот.

Ако го стегнат ременот, ќе се користи слободен софтвер.
 
The_Freelancer

Хиперактивен интелект
Член од
7 октомври 2008
Мислења
438
Поени од реакции
16
Или можеме јавно да се побуниме :)
И што ке кажеме? Ние сакаме јавно да користиме пиратски верзии на софтвер и со тоа да избегнеме плаќање не луѓето кои инвестирале пари, време и напор да го создадат овој софтвер...Колку и да не ми се допаѓа идејата, сепак мислам дека се во право. Едноставно си го заштитуваат своето. Проблемот е во тоа што немаме пари за такво нешто. На сите нас компјутерите ни е се полни со програми, е сега замисли за сите да сме требале да платиме...Ваков потег, врз ваков народ во вакво компјутерско доба е еднакво на осакатување.
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348

Има партии за пиратирање , софтверот за да се создаде чини далеку помалце а го наплаќаат изгор
Доста е .
Кога ќе бидеме со европски стандард тогаш и јас ќе одвојам за да платам, во спротивно нека не не казнуваат со драконски казни и редно е да прекинеме да ги трпиме. Не газат, тепаат, не ограбуваат со казни, малтретираат и згора на се не тераат да плаќаме за нешто што немаме пари.

АЈт у курац нека идат.
Европски казни за македонски стандард . Тие компании можат и без македонецот и онака многу пари нема да добијат.
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Не е ново овоа, само го стегнуваат законот. И така и треба да биде, неможе некој да прави пари врз трудот на некој друг, а да не му плати. И кога се работи за фирми "македонскиот стандард" не игра улога, ако сакаш да водиш бизнис, ќе си купиш лиценциран софтвер.

За домашно користење и онака не важи, идат само по фирмите. За домашно користење piracy rules.
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Не е ново овоа, само го стегнуваат законот. И така и треба да биде, неможе некој да прави пари врз трудот на некој друг, а да не му плати. И кога се работи за фирми "македонскиот стандард" не игра улога, ако сакаш да водиш бизнис, ќе си купиш лиценциран софтвер.

За домашно користење и онака не важи, идат само по фирмите. За домашно користење piracy rules.
Сакаш да се обложиме дека ќе почнат да не казнуваат и нас смртниците во зависност од тоа колку пари им фалат?
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Малку му се пари на Бил Гејтс му требаат да инвестира во машини за еутаназија и за отровни вакцини да труе низ Африка а и по Европава.
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
И не заработуиваат само од продажба

In February 2010 Cryptome.org posted a copy of Microsoft's "Global Criminal Compliance Handbook", which outlines procedures to take with law enforcement in regards to user information. Microsoft then issued a DMCA take-down notice to Cryptome's hosting provider, Network Solutions. As a result, Cryptome was taken down. Several mirrors went up of the document and it has been distributed widely among the Internet along with similar documents from entities such as Facebook, PayPal, and Comcast. Microsoft has since withdrawn the take-down notice and Cryptome is back up.[31]
http://en.wikipedia.org/wiki/Streisand_effect
:)
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
И што ке кажеме? Ние сакаме јавно да користиме пиратски верзии на софтвер и со тоа да избегнеме плаќање не луѓето кои инвестирале пари, време и напор да го создадат овој софтвер...Колку и да не ми се допаѓа идејата, сепак мислам дека се во право. Едноставно си го заштитуваат своето. Проблемот е во тоа што немаме пари за такво нешто. На сите нас компјутерите ни е се полни со програми, е сега замисли за сите да сме требале да платиме...Ваков потег, врз ваков народ во вакво компјутерско доба е еднакво на осакатување.
Уште еден во низата фашистички закони...

Закон за присилна наплата на корпоративните екстра профити произлезени од монополистички начин на работа.
Секоја земја која ќе донесе вакви закони значи само едно - дека законодавците се подмачкани од корпоративни пари за да ги штитат нивните интереси.

:vozbud::vozbud::vozbud:
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Па и досега ова постоеше во законот како кривично дело. Не знам што ве чуди. Штом досега никој не свирел клавир за ваква работа, одсега не ми се верува да се случи такво нешто. Се знае кај нас, малку криминал и сива економија е секогаш дозволен за да дише народот.
Инаку досега секој ќе требаше да одлежува затворска казна. Нека ми кажат колкумина од вас имаат лиценциран софтвер?
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Дали ја знаете приказната за мајсторот кој што имал дупка во една ќерамида и на секое кога протекувал таванот газдите го викале и тој ја преместувал на друго место за да го викнат пак.

Така изгледа е и со тие што произведуваат антивирусни програми, најверојатно :icon_lol:.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Па треба да докаже дека го користам софтверот.
Може само такла си седи в компјутер а ја не го работам.

Исто ко да ти најдат нож дома и обвинат дека сакаш некого да убиеш.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Па и досега ова постоеше во законот како кривично дело. Не знам што ве чуди. Штом досега никој не свирел клавир за ваква работа, одсега не ми се верува да се случи такво нешто. Се знае кај нас, малку криминал и сива економија е секогаш дозволен за да дише народот.
Инаку досега секој ќе требаше да одлежува затворска казна. Нека ми кажат колкумина од вас имаат лиценциран софтвер?
Јас имам лиценциран Виста али користам пиратски оперативен систем :)

Како и да е, ова важи за фирмите не за нас обичните граѓани, никој нема право да ти влезе дома и да ти го пушти компјутерот за проверка на оперативниот систем или пак програмите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom