Samo za win zborite a tie sto koristite autocad ili adobe dali ste svesni kolku kosta licenca za niv i deka nikad tie pari nema u ovaa banana drzava da gi izvadite
Ако земеш како претпоставка дека техничка подготовка на една мало списание не се движи испод 200 евра тогаш со 6 такви, односно половина година земање надомест за изработка на месечникот би била еквивалент на цената ЦС5-ка. Секако 6 списанија не се прават 6 месеци без прекин туку во работно време од пример два месеци.
Да, тука треба да се додадат и уште 500 евра за виндоуз и офис, 500 евра за компјутер, но истите и тоа како можат да се заработат со активно работење во останатите 4 месеци.
И, што добивме? 6 месеци за поврат на средствата дадени како основен влог во опрема. А колкав период истите ќе се употребуваат и ќе носат леб на газдата? Па најмалку 2 години без надградба, а потоа уште дополнителна 1 година како втора машина за подготовка, па уште 1-2 за секретарката да куца на неа. Тоа е смешен процент на амортизација. Тоа е инвестиција за која може да сонува секој друг бизнис. Па зарем мислите дека машина за производство на било што се враќа за само половина година работа? Во такви случаи 3 години е добра оптимистичка бројка, која најчесто останува како период предвиден само во бизнис планот а не и реален период на поврат на инвестицијата.
Сакате друга математика? Израчунајте колку време XP кој е сеуште доволен (пред се за канцелариско работење, па и за графика, програмирање и сл.) постои на пазарот - 10 години и неколку месеци. Но ајде, нека биде искористен софтверот само 5 години (иако тоа е нереално мал период за канцелариско работење со оглед на потребите), значи за Win 7 Pro месечно би одвојувале 2,5 евра, за Office H&B 2010 околу 2,5. Па луѓе, тоа се само 5 евра по машина. Интернетот кој ви го јаде секретарката сурфајќи на ФБ чини повеќе. Ајде нека е тоа графичка работна станица, тоа се дополнителни 17 евра месечно за CS 5.5 design studio кој го содржи спојот од трите засега најидеални апликации за графичка обработка (Photoshop, Indesign, Illustrator). 22 евра месечен трошок за софтверот за графичка станица, а дали некој од вас пресметал колку истата заработува??? Еве, нека не е повеќе, ниту пак малку, но цена за графичар по час нека е 5 евра. Месечниот трошок за софтверот ќе го извади за еден ден? Зошто тогаш толку плачење и кукање?
Не зборувам за лиценцирање на софтвер на домашни компјутери, но ве молам, газдата кој го вработил графичарот не сака да даде 22 евра од кои живее, а истите без проблем ќе ги фрли во кафана за да се направи фраер или најмалку 10 пати повеќе за некој мобилен кој нема да знае ни како да го уклучи. Оној кој неможе да заработи 22 евра за трошок за софтвер, треба да го напушти пазарот, а не да го стимулираме да користи пиратски ... истиот тој кој потоа го руши пазарот на труд на кој сите се бориме.
Истото важи и за некој веб дизајнер кој неможе да одвои 20 евра од својот труд за софтверот. Тој ќе прави сајтови по цена од 50 евра, а тоа е само цена со која ќе ја земе работата на некој кој поштено работи, цена за која ќе има незадоволен клиент кој повеќе нема да посака да направи сајт, цена за која ниту самиот ќе може да се прехрани. Па зарем и адвокатот не треба да плаќа 5 евра месечно за Win+Office ... истиот оној адвокат кој тие алатки ги користи за да отвори темплејт, да го додаде вашето име и да ви наплати 1-2000.
Да за лиценцирање на софтверот во бизнис окруженија, не за домашни услови. Можете да зборувате колку сакате, но еве ги бројките, да грубо наведени и пресметани, но проверете ги и сами и кажете ми дека грешам кога велам дека лакот за нокти на секретарката кој го купила овој месец за да го весели директорот не чини повеќе од алатката со која го заработува својот леб и лебот на директорот.