Ете така е тоа кога политиката се меша во спортот. Што е уште пострашно актуелниве збиднувања немаат никаква допирна точка со некои возвишени национални или верски идеали туку се партиски сценарија за подобрување на рејтинзите во пресрет на локалните избори. Кога се во прашање националните селекции на Македонија, играчите не треба да се делат на Македонци, Албанци и други, туку на добри и лоши, односно на оние кои според својот квалитет и однос заслужуваат да го носат националниот дрес, и на оние на кои не им местото во репрезентацијата.
Според мене еден професионален спортист не треба да го интересираат скандирањата и дофрлањата од трибините. Се разбира дека никој не може да остане рамнодушен на навредите, меѓутоа на трибините секогаш ќе постои некој кој ќе сака да ве омаловажи. Спортистот е должен да се справи со тоа и да го надмине. Конкретно јас работам како спортски новинар, и за секој текст што сум го напишал сум добивал и лајкови и пофалби, но и навреди и пцости, кои едноставно сум ги игнорирал, без да им дозволам да ме обесхрабрат да престанам да се бавам со она што го сакам.
Незнам, можеби Фазли и Усеини за некого ќе станат херои доколку го фрлат дресот на сред утакмица, меѓутоа истото можеа да го направат и Македонците кои играа за Шкендија на мечот против Партизан, па сепак професионално ги истрпеа сите провокации од трибините. И тука сосем е ирелевантно прашањето кој прв почнал, туку кој ќе биде поцивилизиран да им стави крај на сите овие глупости! Репрезентацијата е светост и секој повикан треба да биде благодарен за укажаната чест да го облече дресот со државното знаме. Тоа важи подеднакво и за Пандев и за Фазли и Усеини или било кој друг. А доколку сакаат некого да го замолкнат на трибините, тоа најдобро ќе го направат со постигнување на голови наместо со фрлање на дресот или јавното откажување од него, небаре репрезентација нема да има без нив.
Никаде не рекоа овие спортистите дека нема да настапат за Македонија, не знам зошто весникот имаше таков наслов!
Сите рекоа дека сакаат извинување од некого бидејќи со тие навреди ги навредиле и оние кои настапуваат за оваа држава.
За фудбалериве Фазли и Усеини, па и тенисерот, одбојкарот и тој Тачи можете да кажете што сакате ама за каратистот Берат Јакупи да ви кажам дека грешите! Дечкото е двоен европски првак во карате, тој е во ист ранг со Наташа Илиевска и Жарко Арсовски ама никогаш не го доби третманот што го добиваат тие двајца. Дури ни спортска стипендија не му даваат од Агенцијата за млади и спорт!
Јакупи за овој весник кој ја даде веста вели дека се чуствува навреден и кажува дека на плеј-оф натпреварите за ЕП во карате што се одржа во Охрид, беше навреден од публиката на национална основа!
За Берат Јакупи секоја чест, дечкото е двократен младински европски првак и во 2009 година беше избран за најдобар млад спортист во Македонија. На младинското европско првенство во Истанбул при свечената церемонија на доделување на златниот медал, на пиедесталот се појави со македонското знаме на својот грб и за тоа крајно го почитувам подеднакво како Мартин и Наташа. Доколку АМС му нема доделено стипендија тогаш тоа е голем пропуст кој не смее да ни се случува и во иднина.