Македонска фудбалска репрезентација

Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Se e toa ok ali takvite deca ni se nedostapni vo ovoj moment, plus edno e talent drugo e da uspeesh vidi go robert stambolziev deckoto od bristol city zavrshi vo vtori treti ligi vo grcija
е да...:unsure:
ама стамболџиев беше префорсиран од наша страна, а за исмаили, се до повредата имаше милионски понуди...
само некој треба да си јја тропни то глата и да реагира, а ти не верувам дека ќе биди!!!
види само... бабунски двајца, исмаили, трајкоски, голамните стојановиќ и димитриевски, хајровиќ од арсенал, ристовски, сето то се екстра таленти, ај да ги повторам касами и игновски, потпомогнати од лазески, попов, пандев, тричко, е то за мене е повече од солидна репрезентација, АМА...
 
Член од
23 март 2011
Мислења
88
Поени од реакции
16

Abe toa e odlicna ne solidna reprezentacija ama za ovoj tvoj sostav samo moze da sonuvame a i plus ovie od ffm i da sakaat nemozat da ja sklopat ne zavisi od niv
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ааа овие што настапуваат за премиерлигашки клубови заборавете ги, нема шанса да играат за Македонија.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.748
Коментар: Спортот не оди по „рамковен“

Ако спортот се претвори во политика, тогаш ќе треба да профункционира и Рамковниот договор. Со оглед дека спортското витештво треба да остане чисто, без политички дамки во позадина, апсолутно е неприфатлив ставот на неколкумина спортисти што досега играа за Македонија да ги бојкотираат државните селекции. Нивните изјави беа објавени во денешното издание на дневниот весник на албански јазик „Журнал“, со најава дека Самир Фазли, Мухамед Усеини, Берат Јакупи, Шендрит Деари, Хабил Ајети и Мухамед Тачи, отсега ќе ги бојкотираат македонските државни репрезентации.

„Досега неколкупати имаше скандирања против Албанците кога јас го носев дресот на репрезентацијата, но јас сум професионалец и си ја гледав својата работа. Но, оваа појава стана многу екстремна и повеќе не може да се толерира“, вели фудбалерот Самир Фазли во својата изјава за „Журнал“. Со слични изјави се надоврзаа и другите споменати спортисти.

Еден репрезентативец треба да настапува за својата држава со гордост, тоа треба да му претставува посебна чест и треба да знае дека се бори за грбот и за знамето на таа држава. Досега, Самир Фазли, Мухамед Усеини, Берат Јакупи, Шендрит Деари, Хабил Ајети и Мухамед Тачи, настапувале за репрезентациите на Македонија, со сопствена волја и желба се определиле да настапуваат под македонското државно знаме и грб, а отсега...повторно имаат право самите да одлучат, дали сакаат, или не, да ја репрезентираат Македонија. Така на пример, и Лестер Бо Мекејлеб е Американец со македонски пасош, но за нашата кошаркарска репрезентација играше со големо срце, а наградата на Европското првенство во Литванија ја прими со македонското знаме во рацете.

Кој не сака, апсолутно не мора да игра за Македонија. Но, на Фазли, Усеини и останатите, се уште млади и недоволно афирмирани спортисти, како пример треба да им послужат поранешните настапи на фудбалерот Артим Шаќири. Тој на одредени натпревари беше капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, а тоа го заслужи со беспрекорна, пожртвувана игра и со фанатична борбеност во македонскиот репрезентативен дрес. И донесе многу радости на Македонија, постигна гол од корнер против големата Англија и со капитенската лента на Македонија го „фати за гуша“ големиот Дејвид Бекам.

Агенцијата за млади и спорт како државен орган кој се грижи за спортот во Република Македонија, не смее да дозволи македонските спортисти од било која национална припадност, кои во иднина ќе ги бранат боите, грбот и знамето на нашата држава, тоа да го прават само за лична корист. И уште нешто многу важно, државните репрезентации никако не треба да се ставаат како залог при некакви уцени, бојкотирања, обиди за „рамковни договори“ во фудбалот, кошарката, ракометот, тенисот...Како позитивен пример треба да се наметне Кире Лазаров, кој по секоја победа на ракометарите порачуваше дека тоа е победа на цела Македонија. Тоа значи, на сите граѓани кои што живеат во оваа држава.

Можеби Агенцијата за млади и спорт во иднина, многу повеќе внимание и работа треба да насочи кон другите сегменти, односно проблемите што го опкружуваат спортот. Така на пример, навивачите на Шкендија на меч во Кичево го симнаа од јарболот македонското знаме. Државното знаме на Република Македонија многу често не беше истакнувано на натпреварите од Првата кошаркарска лига, кога домаќин беше Лирија. За тоа, виновниците или воопшто не се пронајдени, или не ја добиле својата заслужена казна, или пак како во случајот на Лирија, казнети се со смешна парична казна од 6.000 денари по натпревар.

Спортот не е политика, тука не поминува „рамковниот“!

http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=5155

Фала им за се она што го дале играјќи за репрезентацијата и се надевам дек НИКОГАШ ПОВЕЌЕ нема да заиграат во истата.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Самир Фазли, Мухамед Усеини, Берат Јакупи, Шендрит Деари, Хабил Ајети и Мухамед Тачи, отсега ќе ги бојкотираат македонските државни репрезентации.

Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Ех, штета! Со нив ни беше загарантирано местото на наредните Светски и Европски првенства, сега тешко :/

Ма мрш бре у пи*ку матер, ка речи на некој ќе му биде криво доколку вие не играте за Македонија.
 
Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Јаките таленти па немало да настапуваат.
Никаде не рекоа овие спортистите дека нема да настапат за Македонија, не знам зошто весникот имаше таков наслов!
Сите рекоа дека сакаат извинување од некого бидејќи со тие навреди ги навредиле и оние кои настапуваат за оваа држава.

За фудбалериве Фазли и Усеини, па и тенисерот, одбојкарот и тој Тачи можете да кажете што сакате ама за каратистот Берат Јакупи да ви кажам дека грешите! Дечкото е двоен европски првак во карате, тој е во ист ранг со Наташа Илиевска и Жарко Арсовски ама никогаш не го доби третманот што го добиваат тие двајца. Дури ни спортска стипендија не му даваат од Агенцијата за млади и спорт!
Јакупи за овој весник кој ја даде веста вели дека се чуствува навреден и кажува дека на плеј-оф натпреварите за ЕП во карате што се одржа во Охрид, беше навреден од публиката на национална основа!
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.374
Поени од реакции
18.504
Малце офтопик колку години има овој Берат каратистов :)?
Иначе може го исфиркале,али бар ние понормалните секогаш сме ги наградувале оние кој стварно играат добро за македонија..Јебига коа ке тргне возот нема назад..и вакви работи ке се дешаваат :)
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Никаде не рекоа овие спортистите дека нема да настапат за Македонија, не знам зошто весникот имаше таков наслов!
Сите рекоа дека сакаат извинување од некого бидејќи со тие навреди ги навредиле и оние кои настапуваат за оваа држава.

За фудбалериве Фазли и Усеини, па и тенисерот, одбојкарот и тој Тачи можете да кажете што сакате ама за каратистот Берат Јакупи да ви кажам дека грешите! Дечкото е двоен европски првак во карате, тој е во ист ранг со Наташа Илиевска и Жарко Арсовски ама никогаш не го доби третманот што го добиваат тие двајца. Дури ни спортска стипендија не му даваат од Агенцијата за млади и спорт!
Јакупи за овој весник кој ја даде веста вели дека се чуствува навреден и кажува дека на плеј-оф натпреварите за ЕП во карате што се одржа во Охрид, беше навреден од публиката на национална основа!
Европски првак у сениорска катергорија !? Која година освоил !?
 
Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Европски првак у сениорска катергорија !? Која година освоил !?
Јунироска! Претходните 2 години е првак. Освен тоа во своја категорија е 11 години по ред првак на Македонија.

Не велам да добие пензија туку обична стипендија.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.374
Поени од реакции
18.504
Ако е тој што мислам не е сениорска категорија,али е профи стварно...Може и да сум грешка,нека каже тони..
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Јунироска! Претходните 2 години е првак. Освен тоа во своја категорија е 11 години по ред првак на Македонија.

Не велам да добие пензија туку обична стипендија.
Океј, чудно! Јас мислев порано да не бил па да не го фатил тековниот закон. Како и да е, ако го донесат новиот закон за спорт, сигурно ќе му дадат стипендија... ма да требало и до сеа...
 
Член од
13 март 2009
Мислења
1.968
Поени од реакции
1.868
Тој што заслужил секогаш бил награден, без разлика на националноста. Ако паметите на Македонија-Шпанија цел стадион, 20 и кусур илјади скандираја АРТИМ ШАКИРИ, ама типот играше со срце за Македонија, а не ко сегашниве за промоција и некој трансфер.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom