Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Ма ни Качаниклиќ ни Трајковски ни никој не не спасува бре , во фудбалот Македонија никогаш нема да просперира... ова е песимистички ДА , но бидете реални пред се. Треба да се сменат работите од корен па да се успее колку толку , но во никој случај ке неможе да се достигнат резултатите или успесите на кошаркарите и ракометарите :свиркам:
 
а што бидна со детето од Интер што го барале и за Шведска да игра ... не ми текнува како се викаше ...
 
а што бидна со детето од Интер што го барале и за Шведска да игра ... не ми текнува како се викаше ...
Веројатно на Горан Славковски мислиш. Ништо не бидна со него, се дигна галама за дечкото, одигра три утакмици за репрезентацијата под 21 и толку беше. Се измачи со повредите. Моментално игра во некој шведски тим.
 
Не бе Славковски, на Качаниклиќ мислеше веројатно...

Само што спомнаа за него во форумов, моментално игра како позајмен играч во Чемпионшип во Англија и имаше одлично деби, али тешко веројатно дека ќе прифати да игра за нас... Така да не очекувај да го видиш против Луксембург, тие може ќе се обидат пак да го поканат али тој не не рецка моментално...
 
@Pingu, јас мислам дека за Слаковски зборува.
Последно знам дека беше во некој третолигаш од Шведска, а како што знам и не влегуваше често во игра.
 
Не бе Славковски, на Качаниклиќ мислеше веројатно...

Само што спомнаа за него во форумов, моментално игра како позајмен играч во Чемпионшип во Англија и имаше одлично деби, али тешко веројатно дека ќе прифати да игра за нас... Така да не очекувај да го видиш против Луксембург, тие може ќе се обидат пак да го поканат али тој не не рецка моментално...
Качаниклиќ никогаш не ни играл за Интер, а за тоа дека против Луксембург ќе го викнат не ни очекувам, само реков дека заслужува да заигра. А дека не не рецка... не би рекол. Поише ние него не го рецкаме, исто како што не рецкаме уште многу други кои заслужуваат да заиграат за Македонија.
 
Ах не видов дека спомнал за Интер, моја грешка тогаш :)
 
Самир Фазли, Мухамед Усеини, Берат Јакупи, Шендрит Деари, Хабил Ајети и Мухамед Тачи, отсега ќе ги бојкотираат македонските државни репрезентации.
images

They were the chosen ones !!!!

:place:
 
Александар Качаниклиќ имаше одлично деби за англискиот чемпионшиплигаш Ватфорд каде е позајмен од премиерлигашот Фулам.

20-годишниот Качаниклиќ, кој е роден во Хелсинборг, Шведска, но е со македонско потекло, неодамна од Фулам се пресели на позајмица во Ватфорд па веднаш дебитираше на извонреден начин во новиот дрес. Беше асистент на двата гола за Ватфорд во победата над Милвол од 2-0.

„Качаниклиќ имаше главна улога во победата на Ватфорд учествувајќи во двете акции за головите. Факт е дека Ватфорд доби квалитетно засилување на средниот ред“ - се вели во англиските извештаи за дуелот меѓу Ватфорд и Милвол вo Чемпионшип лигата.

Качаниклиќ своите први фудбалски чекори ги направи во Хелсинборг, од каде на 15-годишна возраст се сели во Ливерпул. Во фудбалската академија на Ливерпул минува три години по што потпишува договор со Фулам.
Настапува како организатор на играта во средниот ред, но и на левокрилната позиција, места кои се чини се болна точка и во македонската сениорска репрезентација.

Пред една година Александар Качаниклиќ истакна дека нема ништо против да настапува во македонскиот дрес, се разбира доколку добие повик. Пречка за тоа нема со оглед на тоа што досега нема повик и настап за националниот тим на Шведска.
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=5245

нема играно за шведска И БИ ИГРАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ако го повикаат!!! со ова дете и со бабунски би можеле да го решиме проблемот со средниот ред. пандев би си играл само во напад, каде е и најкорисен, а со него во напад би играл тричко или ристиќ. попов би требало да игра лево крило, а лев бек лазески...
 
Да ве прашам нешто, уште се надевате дека вакви деца би играле за Македонија??? Па овие сега што ги имаме не сакаат да играат за репрезентација (знаеме кој е главен виновник за тоа), а не па вакви надежни деца ќе се залетаат да играат за Македонија. Дај не летајте со паметот.
 
daj bre luge nekoj shto ne ziveel nikogash vo makedonija so koj motiv ke igra toj ke dava se od sebe ne ni znaat makedonski da zboruvaat
 
И Оса доби Македонско државјанство.
Се мислам дека и него и Ранѓеловиќ ги токмат за во репрезентација, мада од друга страна сосема заслужено ќе биде да заиграат, пошто за овие рамковниве и за Величе се Чави и Иниеста :icon_lol:
 
Некое инфо за тој Оса ако можеш пошто не сум добро запознаен со последниве случувања во мак. лига. Од каде е, колку години има...Фала однапред :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom