Како не сменивме? Цел концепт на игра и формација го смени Милевски во однос на Мрме. И колку и да бев против Боби, посебно поради подмолниот начин на кој се догура до селекторското место според мене, за што и сум се контрал на темава, сепак мора да му се признае дека со резултатите си го оправдува ангажманот до сега.
Големи импровизации не се можни затоа што моментално го имаме најлошиот избор на играчи во историја, за прв пат со пола репрезентација без минутажа во клубови и веројатно за прв пат каде што ниту еден единствен играч од последната У-21 генерација не е калибар за да биде повикан во А-тим. Станковски полека пропаѓа и во Раднички Крагуевац. Ете можда Рамадани да покажува некој потенцијал за во иднина.
Ова на хартија делува ужасно и повторно и јас сум бил контра тоа, ама резултатите се главното мерило за работата, а за сега Милевски има коректни резултати.