Македонија домаќин на СП/ЕП ?

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Македонија е поголемата која што е брзо реновирана, оваа на сликата е Универзална сала која е помала.
Тутунски во Универзална играше?
Која сала ја зафати пожар? Македонија?
Колку капацитет имаат?
 
Во Битола се пушти нова спортска сала пред 2 дена на гробишта ( блиску до земјоделското училиштето Кузман Шапкарев) а оваа што ја имаме е во мизерни услови. Мислам дека за скоро немаме шанси да организираме добар турнир во ракомет и кошарка, исто и сметсувачките капацитети треба да се гледаат какви се на пример Прилеп можеби има две сали ама не верувам дека може да смести 10.000 гледачи на пример истото важи и за другите градови со исклучок на Скопје.
Така да тешко би одело таква организација во скора и блиска иднина меѓутоа ако почнат да ги средуваат салите ( а време е) тогаш ќе се почни процесот.
 
Тутунски во Универзална играше?
Која сала ја зафати пожар? Македонија?
Колку капацитет имаат?
Да Тутунски играша во Универзална сала која тогаш припаѓаше на комбинатот.
Македонија има капацитет од 2200.
Универзална 1500.
 
Немаме пари за организација на првенство.
 
Треба да се реновира Младост во Битола и да се изгради уште една поголема во Скопје со капацитет од 15 000 +.
Па Борис Трајковски е ок и уште една две сали сигурно ќе се најдат поголеми и можиме да организираме. 2022 некаде :D
 
Да знам, за салава Македонија дека беше реновирана и е со мал капацитет, ама нели имавте една друга поголема сала кај што играше Тутунски Бренд?
Нели една сала изгоре?

Сајбер, т

аа од постот на PetarChelsea е таа од Тутунски.Бивша Универзална сала Прилеп, сега Арена Сонце свежо реновирана.

Македонија (и таа е пред 3-4 години освежена) е со сличен капацитет како Сонце, можда и малку поголема, ама двете се со нов паркет и седишта, проблем би бил капацитетот и соблекувалните во зависност од ситуацијата.

Салата Билјанини Извори во Охрид е во супер состојба, штета што е премала. Не може да собере повеќе од 4000 до 4500 гледачи што мислам дека е премалку за европски стандарди, но се одржуваше Европско Првенство 2008 за жени, секако не играше тука Македонија и немаше ни по 200 гледачи по меч, така да, доволно голема е хахаха :D Но кога играше Македонија за јуниори... ако се сеќавате Македонија играше во Охрид и јуниори и јуниорки... е тогаш салата беше премала, за многу кратко време се полнеше и дури имаше премногу луѓе кои остануваа надвор без можност да влезат. Исто така преголема гужва имаше на пријателскиот меч Србија - Македонија пред 6-7 години, не знам точно кога беше... 32-32 памтам дека заврши на крај (не уништи судијата, како да немал крадено 50 меча, криза тогаш го фати :D).
Да , ама за Охрид проблемот е што салата има само 3500 капацитет..сигурно има некои стандарди и правила,колку треба да биде минималниот капацитет..Во Србија
сите беа над 4500-5000 ако не се лажам.
4000 - 4500 е капацитетот на Чаир во Ниш, па немаше проблеми со ЕХФ ;)
Заебано е шо Билјанини Извори е уште помал капацитет од 4-4.500, негде околу 2800 седишта, ако се најдам за брзо таму баш ќе видам и ќе сликам, на влезот на салата имаше податоци.
И нормално, планирана била за 5.500 седишта, а испадна пола.Некој од тогашната општинска администрација се почести со парите собирани од жителите на Охрид, не е градена од државата.

Во Битола се пушти нова спортска сала пред 2 дена на гробишта ( блиску до земјоделското училиштето Кузман Шапкарев) а оваа што ја имаме е во мизерни услови. Мислам дека за скоро немаме шанси да организираме добар турнир во ракомет и кошарка, исто и сметсувачките капацитети треба да се гледаат какви се на пример Прилеп можеби има две сали ама не верувам дека може да смести 10.000 гледачи на пример истото важи и за другите градови со исклучок на Скопје.
Така да тешко би одело таква организација во скора и блиска иднина меѓутоа ако почнат да ги средуваат салите ( а време е) тогаш ќе се почни процесот.
И Охрид.Ама па ваму салата е недоволно голема.Од секаде проблеми...
 
Хахаха. Добар виц со веста(желбата).

пс. За сали не е проблем, има изградено гвујо еден куп. А рака на срце имаат и доволно капацитет....:drk:

8BF6057A045EE247A775691D378FFEEA.jpg
 
Без голема АРЕНА која ќе собира преку 15 000 гледачи, нема шанси да ни дадат организација на машко првенство дечки. Не се залажувајте со женското кое беше истуркано на слава на Кометал... :)

Борис Трајковси е супер сала, најмодерни услови, помошни простории се што е потребно, но има мал капацитет. 7.000 е максимумот кој ќе го дозволи ЕХФ при запазени безбедносни мерки.

Викав дека покрај сите овие сали кои ги прават (значи супер е тоа, ништо немам против а и никој не треба да има) мора да направат и уште 2-3 поголеми сали во другите градови низ Македонија, особено онаму каде што има клубови со високи амбиции.

Нормално има повеќе сали низ Македонијава кои имаат солиден капацитет, од 4-5000 но ним со реновирање сигурно ќе им се намали капацитетот. Иако, за првенство во ракомет и не е потребно повеќе од 4000 места за гостински репрезентации.

Ако се решаваме на ваков чекор, мора голема инвестиција, првично изградба на Арена од 15000 места, уште барем една поголема сала надвор од Скопје, и реновирање на другите веќе постоечки поголеми сали.

Друго, не е само до салите. Вакви првенства бараат и добра инфраструктура, патишта, хотели... Се тоа мора да биде на високо ниво.

Реков, потребна е голема инвестиција за вакво нешто, до душа и мал ризик е, оти незнаеш дали ќе ги повратиш средствата. Но во повеќе случаи тоа се покажало како добар ризик, па вреди да пробаме и ние... за некои десет години. :D
 
Салата во Прилеп е реновирана пред 1 година и е во најодлична состојба после Борис Трајкоски, само работава е што капацитетот е само околу 2000 гледачи. Паркетот потполно беше сменет, сите столчиња на трибини беа сменети. Еве 2 слики, толку успеав да најдам
arena.jpg


FUN_2523.JPG

--- надополнето: 28 јануари 2012 во 18:20 ---
b.170.170.16777215.0.stories.news2011.dekemvri.hturnir.FUN_2527.JPG
Мизерија.
 
Според википедија, СРЦ Билјанини Извори има капацитет од 3500 до 4500 седишта. Видете на линкот.
 
Ќе стајме ламинат на Градски, за џабе ли градевме трибини.
 
Покрај БТ, во Скопје да изградат уште една 15-20.000 седишта (Аеродром би била најдобра локација) или на Филип II како шо спомна Dr.Chase (БТ - 1 група; другата арена финална група од 6 репрезентации + едно полуфинале+ финале) и зголемување на Билјанини Извори во Охрид (2група).
Во Битола е потребно уривање на Младост и градење целосно нова сала со капацитет ~10.000 (финална група од 6 репрезентации + едно полуфинале ) и Куманово (3 група + борба за 5 место).
Следно, зголемување на капацитетот на Јасмин во Кавадарци на 6-7.000 или Велес/Струмица (4 група).
 
Нема теорија.Ќе треба една од бар 14-15 000 капацитет сала да изградиме во Скопје.А покрај Борис Трајковски кој за Македонија има идеален капацитет и која е релативно нова, градење на една таква е крајно неисплатлива.Ќе треба во уште еден град да се изгради една сала како БТ да може да се игра втората фаза од натпреварите.Другите сали се ок што се однесува со капацитетите,3500 мислам дека е минимумот.Само ќе им треба шминкање.
 
Струмица има добра сала, ја реновираа пред некој период. Сменет е парекетот и на едната и се местеа столчиња. Последен пат бев летово и беше наредена само едната трибина, а другата беше почнат еден блок... до кај е стигнато и во каква состојба е сега - немам појма. Има капацитет од некаде 4,000 - 5,000.
 
Хотели нели прајме?
Кај ќе спијат..:D
Кога се одржуваше првенство ЕП во кошарка во Б дивизија во Кавадарци, кошаркарките беа сместени во Неготино од што во Кавадарци нема толку капацитет, како прво ние како држава сместувачки капацитети немаме т.е имаат само Охрид и Скопје, и незнам како им се испушти да организираме ЕП ракомет во сениорска категорија.. o_O
Со само две сали ништо нема да направиме.
Башка Борис Трајковски салата ептен ја унаказија, првичните слики за неа не беа овакви.. акнале ѕид.. на ништо да не личи:tapp:
Здравје за едно 20 години може ќе се сменат работите од мртва точка.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom