Македонија домаќин на СП/ЕП ?

Член од
20 септември 2008
Мислења
12.760
Поени од реакции
9.883
Вака сега искрено голема ми е желбата да бидеме домаќини на ЕП или СП во ракомет..послем успехов мислам дека е и реално да посакуваме.Во една друга тема имаше дискусии за оваа варијанта..и се би било идеално доколку имавме добри сали..ама..

1.


Единствената сала што ја имаме и која ги поминува критериумите за организација...6000 седишта + 2000 мобилни... зошто толку мала се изгради уште неможам да сватам..типична глупа грешка за нас.

2.


Биљанини Извори. Капацитет 3500-4000 гледачи.. Во прилично добра состојба е ,но капацитетот незнам дали е доволен.

3.


Младост Битола.. овие денови е хит,бидејќи е во распаѓање..капацитет 5000 гледачи..солидна бројка,ама треба реконструкција од темел.

4.


Сала Куманово. Капацитет5-6000 гледачи,исто во очајна состојба како и Битолската

5.



Јасмин-Кавадарци..капацитет,неможев да најдам... прилично добро изгледа,ама и тука треба реновирање.
 
М

Мартин`

Гостин
IMPOSSIBRU!!

Тешко да не речам невозможно во блиска иднина, имаме спортски капацитети (сали) ама во нив има многу за вложување за да се средат како што треба. Да не речам исто пари ќе се потрошат како од темел да се градат додека се средат за Европски стандарди за одржување на некакво првенство кај нас. Инаку пак по локал-патриот линија да ја спомнам и салата во Велес капацитет 3000-4000 гледачи ем леандра ќе те пречека кога ќе дојдеш на ЕП/СП :icon_lol:

http://www.telma.com.mk/images/sportska_sala_odozgora.JPG
http://1.bp.blogspot.com/-nPVMbDc6Gnw/TvWlVMdftrI/AAAAAAAAAOw/cEZWHwaOkio/s1600/SANY4897.JPG
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.760
Поени од реакции
9.883
Кога можеа да се дадат 50 милиони евриќи за стадионот ќе може да се дадат и за да се реновираат 5-6 сали низ Македонија.. Во ракомет и кошарка имаме голема аспирација и знаеме дека можеме.. а у фудбал знаеме дека сме дрва,т.е. фудбалерите.
П.С. Што бе Леандра од Велес е? :cautious:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.657
Поени од реакции
70.693
Го правевме муабетов и вчера во некоја друга тема :)

Моите предлози за домаќини беа:

1. Нормално СКОПЈЕ со салата Борис Трајковски. Во СКопје може некој меч и во Кале да се игра, само мал е капацитетот.

2.ОХРИД со салата Билјанини Избори. Веќе имаат искуство во организирање на вакви настани. Сигурно би биле град домаќин ако бидеме организатори некогаш. Нормално главен плус им е имањето на аеродром во градот. Плус туристички град, има хотели еден куп.

Значи СКОПЈЕ и ОХРИД сигурни домаќини!

3. На трето место КАВАДАРЦИ. Кавадарчани истотака имаат искуство во организирање вакви настани. Плус салата Јасмин е голема 4 000-5 000 капацитет, и тазе реновирана.

4. Е за четврто место борба меѓу БИТОЛА, КУМАНОВО, ВЕЛЕС и ПРИЛЕП.
Салата во Битола е хаварија. Сега ако не искористат да им ја направат незнам кога. Битола е најракометен град во МК па заслужува да биде домаќин на една група. Ништо подобра не е ни салата во Куманово. То се треба до темел да се срамни :icon_lol:
Дрвенаријата попушта. чувствуваш дека во секој момент ќе се сруши. А и паркетот ми изгледаше дека е во очајна состојба. И за двете сали треба тешка пара за сда се реновираат, ама овие два града заслужуваат убави сали. Добро е што се големи и имаат голем капацитет.
Во Велес е малку помала. Тука треба малку помало реновирање...
За Прилеп везе немам...
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Знам дека имаше организирано јуниорско ЕП ако не се лажам. Би можело некое ЕП од причина што се помалку екипи, и не е проблемот само во салите исто голем проблем се сместувачките капацитети ако би се организирало некое СП.
По мое за ЕП би можело да се провлечиме, па и Србија не беше бог знае што спремна посебно.
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.654
Поени од реакции
3.565
Чим ти ја отвори темата,ќе има.Само требаше да напишеш: Македонија домаќин на ЕП/СП 2000 и некоја
:D
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Го правевме муабетов и вчера во некоја друга тема :)


За Прилеп везе немам...
Прилеп е релативно брзо реновирана салата Македонија и би имало доста домашна публика за нешто такво на сите утакмици, ама капацитетот на салата е мал ако има мечеви на поатрактивни репрезентации.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.657
Поени од реакции
70.693
Знам дека имаше организирано јуниорско ЕП ако не се лажам. Би можело некое ЕП од причина што се помалку екипи, и не е проблемот само во салите исто голем проблем се сместувачките капацитети ако би се организирало некое СП.
По мое за ЕП би можело да се провлечиме, па и Србија не беше бог знае што спремна посебно.
И женското ЕП беше кај нас :D
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Главната сала ја немаме, треба сала за завршницата со се и сешто, гледате како грандиозно изгледаше Белградска Арена...таа сала сигурно треба да има 12-13 000 +.

Борис ја имаме за нашата група и за втората фаза, а другата треба да е Младост, значи мора таа сала во Битола да им се реконструира.Овие се проблемот, другото е лесно...
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.760
Поени од реакции
9.883
Го правевме муабетов и вчера во некоја друга тема :)

Моите предлози за домаќини беа:

1. Нормално СКОПЈЕ со салата Борис Трајковски. Во СКопје може некој меч и во Кале да се игра, само мал е капацитетот.

2.ОХРИД со салата Билјанини Избори. Веќе имаат искуство во организирање на вакви настани. Сигурно би биле град домаќин ако бидеме организатори некогаш. Нормално главен плус им е имањето на аеродром во градот. Плус туристички град, има хотели еден куп.

Значи СКОПЈЕ и ОХРИД сигурни домаќини!

3. На трето место КАВАДАРЦИ. Кавадарчани истотака имаат искуство во организирање вакви настани. Плус салата Јасмин е голема 4 000-5 000 капацитет, и тазе реновирана.

4. Е за четврто место борба меѓу БИТОЛА, КУМАНОВО, ВЕЛЕС и ПРИЛЕП.
Салата во Битола е хаварија. Сега ако не искористат да им ја направат незнам кога. Битола е најракометен град во МК па заслужува да биде домаќин на една група. Ништо подобра не е ни салата во Куманово. То се треба до темел да се срамни :icon_lol:
Дрвенаријата попушта. чувствуваш дека во секој момент ќе се сруши. А и паркетот ми изгледаше дека е во очајна состојба. И за двете сали треба тешка пара за сда се реновираат, ама овие два града заслужуваат убави сали. Добро е што се големи и имаат голем капацитет.
Во Велес е малку помала. Тука треба малку помало реновирање...
За Прилеп везе немам...
Да , ама за Охрид проблемот е што салата има само 3500 капацитет..сигурно има некои стандарди и правила,колку треба да биде минималниот капацитет..Во Србија
сите беа над 4500-5000 ако не се лажам.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Зашто да не ако се сака се може. Ниеден од нас не веруваше дека ќе имаме сала како Борис Трајковски па најубавите мигови ги имаме како нација таму, ја преполнивме со навивачи и успеси.
Пред се модернизирање на дел од постоечките. Неколку дена пратам како одредени личности се жалат дека салата во Битола од која се излезени класа ракометари е оставена на заборав. Тоа не смее да се случува. Потребно е вложување уште повеќе во спортска инфраструктура. Тие сали покрај за Европско или Светско првенство ќе останат и во иднина, ќе се одржуваат и ќе бидат тренинг база за идните млади ракометари или кошаркари. Замислете какви убави наслови ќе бидат испишани во сите европски и светски медиуми, ние сме гостопримлив народ, супер навивачи. Подобра промоција за државата нема ни 1000 амбасадори да направат.
 
L

Löwe

Гостин
Го правевме муабетов и вчера во некоја друга тема :)

Моите предлози за домаќини беа:

1. Нормално СКОПЈЕ со салата Борис Трајковски. Во СКопје може некој меч и во Кале да се игра, само мал е капацитетот.

2.ОХРИД со салата Билјанини Избори. Веќе имаат искуство во организирање на вакви настани. Сигурно би биле град домаќин ако бидеме организатори некогаш. Нормално главен плус им е имањето на аеродром во градот. Плус туристички град, има хотели еден куп.

Значи СКОПЈЕ и ОХРИД сигурни домаќини!

3. На трето место КАВАДАРЦИ. Кавадарчани истотака имаат искуство во организирање вакви настани. Плус салата Јасмин е голема 4 000-5 000 капацитет, и тазе реновирана.

4. Е за четврто место борба меѓу БИТОЛА, КУМАНОВО, ВЕЛЕС и ПРИЛЕП.
Салата во Битола е хаварија. Сега ако не искористат да им ја направат незнам кога. Битола е најракометен град во МК па заслужува да биде домаќин на една група. Ништо подобра не е ни салата во Куманово. То се треба до темел да се срамни :icon_lol:
Дрвенаријата попушта. чувствуваш дека во секој момент ќе се сруши. А и паркетот ми изгледаше дека е во очајна состојба. И за двете сали треба тешка пара за сда се реновираат, ама овие два града заслужуваат убави сали. Добро е што се големи и имаат голем капацитет.
Во Велес е малку помала. Тука треба малку помало реновирање...
За Прилеп везе немам...
Салата во Прилеп е реновирана пред 1 година и е во најодлична состојба после Борис Трајкоски, само работава е што капацитетот е само околу 2000 гледачи. Паркетот потполно беше сменет, сите столчиња на трибини беа сменети. Еве 2 слики, толку успеав да најдам



--- надополнето: 28 јануари 2012 во 18:20 ---
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.657
Поени од реакции
70.693
Да знам, за салава Македонија дека беше реновирана и е со мал капацитет, ама нели имавте една друга поголема сала кај што играше Тутунски Бренд?
Нели една сала изгоре?
 

M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.304
AKo se vlozi vo niv i uspee da se donese nekoe prvenstvo EP\SP parite dulo se vrakaat samo treba nekoj odpocetok da frli paricka
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.608
Салата Билјанини Извори во Охрид е во супер состојба, штета што е премала. Не може да собере повеќе од 4000 до 4500 гледачи што мислам дека е премалку за европски стандарди, но се одржуваше Европско Првенство 2008 за жени, секако не играше тука Македонија и немаше ни по 200 гледачи по меч, така да, доволно голема е хахаха :D Но кога играше Македонија за јуниори... ако се сеќавате Македонија играше во Охрид и јуниори и јуниорки... е тогаш салата беше премала, за многу кратко време се полнеше и дури имаше премногу луѓе кои остануваа надвор без можност да влезат. Исто така преголема гужва имаше на пријателскиот меч Србија - Македонија пред 6-7 години, не знам точно кога беше... 32-32 памтам дека заврши на крај (не уништи судијата, како да немал крадено 50 меча, криза тогаш го фати :D).
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Да знам, за салава Македонија дека беше реновирана и е со мал капацитет, ама нели имавте една друга поголема сала кај што играше Тутунски Бренд?
Нели една сала изгоре?
Македонија е поголемата која што е брзо реновирана, оваа на сликата е Универзална сала која е помала.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom