Добра вест...
Од Шведската репрезентација отпаднаа дефинитивно три врвни играчи....
Пред се Маркул Алм пикерот на Кил,од која причина не знам(мислам дека не е повреден)....
После Јонас Калман,левото крило на Атлетико,повеќе на бек личи
,ама брка неверојатна работа,пред се во одбрана и прв е во контра нападите...многу незгоден играч...
И на крај,дефинитивно е потврдено дека десниот бек Оскар Карлен нема да игра...шо е многу добро,се работи за одличен играч,лани на СП растури.....
Сеа остануваат само со Ким Андерсон,кој за жал е во страшна фрома...
Далибор Додер си останува на среден...
Лево крило го имаат крилото на Кил(не ми текнува како се викаше)
...
И голман имаат добар(резервниот голман на Барса)..
Добро е шо нема да им играат овие тројца,ќе немаат многу можност за ротација.....
Па иаме шанса да ги шлакниме
Германците,и тие го објавија дефинтивниот список за ЕП.......
Доста млад состав извадија....
Од поискусните и познати играчи тука им се Паскал Хенс,касапот во одбрана Оливер Рогиш
,десниот бек Холгер Гландорфмлевото крило на Кил Доминик Клајн,и Кауфман има доста утакмици зад себе...
Шпренгер на десно крило е многу опасен,во Кил е неприкосновен на својата позиција...
Глеам Битер не е на голот...имаат тројца млади,анонимни голмани....
Доста подмладен состав на панцирите,имаат и нов селектор по долгата ера на Хајнер Бранд...
Сигурно ќе имаат промени во играта...
Состав кој вака на прв поглед изгледа малку анонимно,не е како шо сме навикнале од Германците,но ова се играчи шо доаѓаат од
УБЕДЛИВО НАЈСИЛНАТА ЛИГА ВО СВЕТОТ,тренираат во врвни услови,и ќе го искористат секој наш пад...
Така да ќе треба многу сериозно да се влези во дуелот со Германците..
Се надевам дека со подршка од 3000 Македонци во Ниш ќе им вратиме за тој несреќен пораз во Хрватска,кога со помош на судиите(беше исклучен Лазаров престрого,пред тоа одигравме едно страшно полувреме)....